feature

Рио Фердинанд заврши во болница после дебаклот на Манчестер Јунајтед од Ливерпул

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, е примен на интерно одделение во болница во Манчестер после “петардата“која “црвените ѓаволи“ ја добија на Олд Трафорд од големиот ривал Ливерпул.

Поранешниот капитен на Јунајтед се јави на социјалните мрежи преку Твитер  објава “Тие 60 минути ме испратија во болница“.

Фердинанд  не кажа повеќе детали за здравствениот проблем, но се претпоставува дека станува збор за хипертензија.

https://twitter.com/rioferdy5/status/1452316916501123082?s=20



Де Јонг се повреди на „Ел класико“

Фудбалерот на Барселона, Френки де Јонг, на натпреварот против Реал Мадрид заработи повреда на бутниот мускул, соопштуваат од каталонскиот клуб.

Де Јонг настапи на дерби натпреварот против Реал Мадрид кој Барселона го загуби со 2:1, но беше заменет во 77. минута од соиграчот Серхи Роберто.

После средбата, клубот од “Ноу Камп“ излезе со кратко соопштение во кое наведува дека станува збор за истегнување на бутниот мускул, но не прецизираат колку време Де Јонг ќе отсуствува од фудбалскиот терен, меѓутоа извесно е дека Холанѓанецот ќе го пропушти дуелот со Рајо Валекано. 


Халанд во аут до крајот на годината?

Звездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, во моментот паузира од настапи за Борусија Дортмунд поради повреда на бутниот мускул за која од клубот известија дека лекувањето ќе трае неколку недели.

Меѓутоа според германскиот весникот “Билд“, повредата на Норвежанецот била многу посериозна и дека е можно тој да отсуствува од теренот до крајот на годината.

Тренерот на Борусија Дортмунд изјави дека во никој случај нема да го ризикува здравјето на Халанд и дека ќе го стави повторно во игра само кога ќе биде сто проценти подготвен за настап.


Обложувалниците Евротип, СН Финансии и СН Осигурителен Брокер – спонзори на првата улична атлетска трка “November run Gevgelija 2021“.

Обложувалниците Евротип, Финансиското друштво СН Финансии и СН Осигурителен Брокер, како општествено одговорни компании кои ја поддржуваат промоцијата на спортските вредности и здравиот начин на живот, со особена чест и гордост ќе бидат спонзори на уличната атлетска трка “November run Gevgelija 2021“.

Организатор на првата улична трка е Атлетскиот клуб 7-ми ноември од Гевгелија и истатата ќе се одржи на 7.11.2021 година. “November run Gevgelija 2021 е организирана според правилата на IAAF (Меѓународната атлетска федерација). Во соработка со Атлетската федерација на Македонија ќе се одржи и државното првенство во трчање на 10 километри.

На трката учество ќе земат повеќе од 600 љубители на трчањето од земјата, како и гости натпреварувачи од Словенија, Грција, Косово и Србија. Свое учество на трката низ улиците на Гевгелија, ќе земат и 3 натпреварувачи кои се вработени во Спортските обложувалници Евротип и 1 натпреварувач од Финансиското друштво СН Финансии. .

Обложувалниците Евротип, финансиското друштво СН Финансии и СН Осигурителен Брокер се редовни помагатели на голем број на настани кои го промовираат спортскиот дух и дружењето помеѓу луѓето во нашата држава.

Како спонзори, финансиски ги поддржавме и уличните трки “Трчај бе“ во Битола  и “Охрид трчат“, на кои како активни тркачи учество зедоа и дел од нашите вработени.


Пујол: Точно знам како се чувствува Роналд Куман

Поранешниот капитен на фудбалскиот состав Барселона, Карлос Пујол, се осврна на вчерашната ситуација кога фановите бесни по поразот од Реал Мадрид го заобиколија автомобилот на тренерот, Роналд Куман и побараа да го напушти тимот.

Некогашниот централен дефанзивец открива дека тој се соочил со истата сцена на излегување од „Камп Ноу“ и дека тоа биле лоши моменти кои засекогаш ќе ги памети.

„Вистина е дека се исплашив, тие луѓе не се вистинските навивачи на Барселона“, жестоко го осуди вчерашниот инцидент легендарниот Пујол.


Марсело најави дека заминува од Реал оваа зима

Марсело го известил раководството дека сака да го напушти клубот, пренесуваат шпанските медиуми. Марсело има договор со „кралевите“ до крајот на сезоната, но го замилил Реал да му дозволи да замине во јануарскиот преоден рок.

33-годишниот лев беке веќе се договори со својот следен клуб. Според медиумите тој ќе се врати во Флуминенсе, каде и ја започна фудбалската кариера.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез нема намера да му застане на патот на Марсело и е спремен да го пушти во јануари. Бразилецот пристигна во Реал во 2006 година и се етаблираше во легенда на клубот каде освоои 22 трофеи.


Анри: ПСЖ е тим на Мбапе, а не на Меси

Легендарниот француски фудбалски напаѓач, Тјери Анри, кој прави анализа на дерби дуелите во Лига 1, вели дека Килијан Мбапе и натаму го има главниот збор во ПСЖ и дека Лео Меси не може да се истакне во преден план.

„ПСЖ и натаму е тим на Мбапе и затоа топката оди најчесто кај него. Меси е изолиран, помалку ја допира топката од тоа што е навикнат. Повеќе сакам да го гледам  во централниот дел. Меси не е продуктивен по десната страна, навикнат е да игра во средишниот дел, таму може да биде многу опасен кон противничкиот гол“, потенцираше Анри.


Жозе Мурињо задоволен од дербито со Наполи

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо беше задоволен од ремито во дерби средбата на домашен терен против екипата на Наполи која заврши со резултат 0:0.

Со ремито, момците на Мурињо ја прекинаа серијата на Наполи од осум победи по ред. 

“Тоа беше одличен натпревар, одигран на највисоко ниво. Никогаш не е лесно против Наполи, но се обидовме да победиме. Беше нерешено, немаше големо шоу, но сепак бев исцрпен на клупата. Видов голема концентрација и почит кон противникот. Беше тензичен натпревар, но увидов  колку се уморни играчите. Имавме свои шанси, но не ги искористивме“ изјави Мурињо, кој заедно со неговиот колега од Наполи,Спалети, заработија црвени картони на натпреварот.


Њукасл започнува со купување играчи

За да го избегне можното испаѓање од Премиер лигата, екипата на Њукасл и новите сопственици од Саудијска Арабија ќе мора да се засилуваат со играчи во јануарскиот преоден рок.

Како прва мета сега се споменува колумбискиот интернационалец Луис Дијаз, кој настапува за екипата на Порто.

24-годишниот напаѓач има откупна клаузула од 68 милиони фунти, кои нема да претставуваат проблем за богатите саудијци. 

Со оглед на фактот дека за Њукасл целта оваа сезона во Премиер лигата ќе остане и во следната кампања, не е чудно што клубот се поврзува со јануарски трансфери.


Првите “Џорданки“ продадени за 1,5 милиони долари

На аукција која се одржа во Лас Вегас, првите патики на легендарниот Мајкл Џордан беа продадени за 1.472.000 долари.

Патиките се од серијата Nike Air Ships, и Џордан ги носел на средбата против тимот на Денвер Нагетс која се играше на 1.ноември 1984.

Патиките после средбата завршиле како поклон кај момче кое било задолжено за бришење на паркетот во салата.