feature

Рудигер ќе биде замената за Кјелини во Јуве

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер.

28-годишниот дефанзивец влезе во последната година од договорот со Челзи, а двете страни се далеку од договор во моментов. „Сините“ сакаат да го задржат, но Рудигер има високи финансиски барања, па преговорите не течат во добра насока.

Ситуацијата ја следат Реал Мадрид и Јувентус, кои сакаат да го донесат дефанзивецот во своите редови како слободен агент следното лето. „Старата дама“ покажува најсилен интерес бидејќи во него гледа идеална замена за Киелини, кој ја игра последната сезона во кариерата.

Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да ги задоволи финансиските барања на Германецот.


Реал со двајца повредени се враќа од гостувањето во Барселона

Тибо Куртоа и Федерико Валверде се повредија за време на натпреварот против Барселона во вчерашното „Ел Класико“ во Ла Лига. Реал славеше со 1-2 во најважниот меч во сезоната, но данокот го плати со две повреди.

Валверде се појави на теренот во вториот дел, но 20 минути по влегувањето беше заменет поради повреда. Фудбалерот има повреда на коленото.

Куртоа имаше проблеми со десната нога во обид да расчисти една топката во својот шеснаесетник. И двајцата денес ќе бидат подложени на дополнителни прегледи.


Вујовиќ: Би сакал Кил да дојде во најсилен состав во Скопје

Ракометарите на Вардар 1961 влегоа во серија од два порази во Лигата на шампиони, а веќе в среда имаат нов тежок предизвик. Во Скопје доаѓа легендарниот германски шампион, Кил.

Во пресрет на мечот, на денешната прес-конференција првиот човек на клупата на „црвено-црните“, Веселин Вујовиќ вели:

„Кил доаѓа кога не е во најдобра форма и има некои играчи кој не се во составот. Нас повеќе не оптеретуваат вестите токму околу составот, јас би сакал Кил да дојде во полн состав, за да Вардар го покаже својот квалитет. Сакам Вардар да не игра само во моментите на инспирација, носен од добрата атмосфера, па да падне како против Монпеље. Сакам да победуваме и кога не играме најдобро. Не треба да бараме оправдувања, сите знаат дека ние сме нова екипа. Ме радува тоа што Вардар има простор да напредува, да биде уште подобар. Игравме добро против Алборг, ја загубивме средбата во последните неколку минути од првото и првите неколку минути во второто полувреме. Противникот знаеше да ги казни нашите грешки“.

Средбата в среда во „Јане Сандаски“ се игра со почеток од 20.45 часот.


Инзаги: Тој случаен пенал беше единствен начин Јуве да израмни

Фудбалерите на Интер вчера ремизираа на свој терен во дербито со Јувентус (1-1).

Интер до предност дојде во 17. минута кога Чалханоглу ја погоди пречката со одличен удар, а одбиената топка дојде до Џеко кој ја смести во мрежата. Изгледаше дека актуелниот шампион ќе дојде до победа против големиот ривал, но „старата дама“ во финишот дојде до изедначување.

Судијата после прегледувањето на ВАР досуди пенал за гостите иако домаќините жестоко протестираа. Одговорноста ја презема Паоло Дибала кој ги постави конечните 1-1.

Тренерот на домаќините, Симоне Инзаги во таа ситуација поради протестирањето заработи и црвен картон.

„Единствениот начин Јувентус да изедначи беше тој пенал. Разочаран сум затоа што ние го контролиравме натпреварот од самиот почеток и ништо не му дозволивме на Јувентус. Судијата беше блиску и можеше сам да види што се случува, немаше потреба реакција од ВАР. Игравме одлично и разочаран сум што не победивме. Мојот потег после таа одлука не беше добар, но не можев да се воздржам“, изјави Инзаги.


Алегри: Можевме и подобро од реми во Милано

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не е целосно задоволен од резултатот на синоќешниот меч од 9. коло на италијанското првенство против Интер. Јувентус одигра 1-1 на гостувањето во Милано, спасувајќи се од пораз со гол од пенал во самиот финиш.

„Првото полувреме беше добро, второто уште подобро. Имавме неколку шанси, па можевме и подобро. Да не заборавиме дека Интер е силен технички и физички, затоа ни требаше големо залагање. На почетокот бевме премногу возбудени од притисокот, но ова е исто така уште една фаза во процесот на раст. Загубивме осум од девет бода во првите три кола, па моравме да почнеме одново од основите, организација и цврста одбрана“, изјави Алегри.


“Мајсторски“ тикет со добивка од скоро еден милион денари исплатен во Евротип

Кога имате понуди за обложување со највисоки коефициенти како во обложувалниците Евротип, тогаш ви е потребна само уште малку среќа за составување тикет кој ќе ви донесе фантастична добивка.

Токму ваков тикет изминатава недела беше исплатен на играч од Тетово кој своето знаење и среќа ја испроба во Евротип.  Да напоменеме дека е вистинска штета што тикетот не е уплатен со Евротип клуб картичка која доколку играчот на тикетот ја поседуваше и искористеше при уплатата, истата би му донела бонус од 17 проценти на вкупната сумата за исплата и би била милионска.

Уште еднаш секоја чест за составувачот на тикетот и се надеваме дека наредниот пат добитникот при уплатата ќе користи и Евротип картичка.


Повредата на Рафиња не е сериозна

Напаѓачот на Лидс, Рафиња, откри дека повредата што ја заработи при ремито од 1-1 со Вулверхемптон  не е од сериозна природа.

Бразилецот беше принуден куцајќи да го напушти теренот на „Еланд Роуд“ по дуелот со дефанзивецот на „волците“ Ромен Саис на почетокот од второто полувреме, а навивачите се плашеа од најлошото кога Рафиња се врати на клупата за резервни играчи со помош на патерици.

Рафиња подоцна ги смири своите фанови преку објава на Инстаграм во која напиша „Здраво луѓе, само сакам да ве уверам дека сум добро. Не беше сериозно и ќе се вратам наскоро. Ви благодарам на пораките“.


Кјаер и Милан се договорија за нова соработка

Симон Кјаер е блиску до потпишување на нов договор со Милан, пренесува „Газета дело Спорт“.

32-годишниот дефанзивец игра одлично и е еден од најважните фудбалери во тимот, па Милан сака да го задржи.

Неговиот договор со „росонерите“ истекува на крајот на сезоната, но последните информации се дека ја прифатил понудата на Милан.


Навивач влета во теренот на Велодром и трчаше кон Меси (Видео)

Уште еден инцидент со навивачите во Франција се случи на дерби натпреварот помеѓу екипите на Марсеј и Париз Сен Жермен, кој се одигра на Велодром и заврши со резултат 0:0.

Во 72. минута од натпреварот во моментот кога топката се наоѓаше во посед на Меси кој имаше акција кон голот на домаќините, на теренот влета навивач кој ги избегна редарските служби и стигна до звездата на ПСЖ со што направи прекин на натпреварот.

Но за среќа инцидентот и прекинот на натпреварот не траеа долго бидејќи обезбедувањето за многу кратко време стигна до навивачот и го отстрани од теренот.



Навивачите на Барселона го нападнаа автомобилот на Куман (Видео)

Долго време навивачите на Барселона се незадоволни од начинот на кој игра нивната екипа под раководство на Роналд Куман. Поразот во Ел Класико од вечниот ривал Реал Мадрид со 1:2 ја прели чашата и навивачите се одлучија да го  изразат незадоволството и да му извршат притисок на тренерот кој го сметаат за најодговорен за лошите игри на Барса.

Куман во неговиот обид да го напушти Ноу Камп со својот автомобил беше пречекан од навивачите кои го опколија и почнаја да испраќаат навреди кон тренерот на Барса, кој едвај успеа да се пробие и да го напушти стадионот.

После инцидентот, од раководството на Барселона излегоја со соопштение дека сите навивачи кои беа вклучени во немилите настани ќе бидат казнети со цел вакви настани да не се повторуваат. 

https://twitter.com/carrusel/status/1452354986155855873?s=2