feature

Дембеле претставен на „Ванда Метрополитано“

Лидерот во шпанската лига, Атлетико Мадрид ја заврши потрагата по фудбалер за навалната линија, ангажирајќи го Муса Дембеле од француски Лион.
Дембеле во дресот на „јорганџиите“ до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен фудбалер, а потоа, шпанците ќе го откупат во трансфер вреден 35 милиони евра.
Дембеле на „Ванда Метрополитано“ стадионот ќе го замени Диего Коста, кој си замина од клубот.
Лион празнината на Дембеле ја пополни со доведување на Слимани од англискиот премиерлигаш Лестер.


Ангеловски доби нов договор, ќе ја води Македонија на ЕП

Игор Ангеловски и ФФМ си подадоа рака за продолжување на соработката, промени по однос на селекторот нема, сега останува играчите да ја подигнат формата, да останат здрави и желни за голем успех.
„Благодарност до претседателот на федерацијата и Управниот одбор за довербата. Не се сомневам дека репрезентацијата, како и досега, ќе ги има најдобрите услови за работа.
Ќе го вложам сиот свој потенцијал да возвратиме со добри игри и да ја продолжиме успешната резултатска низа. Како што ветив и пред јавноста, сѐ она што ми беше понудено во форма на договор го прифатив, а националниот го ставив пред личниот интерес. Благодарност до капитенот, фудбалерите од репрезентацијата и јавноста за поддршката.
Верувам дека сите заедно и сложно повторно ќе се радуваме на големи победи, а овој пат ќе славиме сите заедно низ улиците на нашиот град и нашата држава“, изјави селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски.
На Европското првенство нашата селекција ќе дебитира со Австрија, а потоа ќе се сретне со Украина и Холандија.


Платил шест и пол илјади долари за да има предност на ФИФА!

Многу љубители на фудбалот се заљубени во играњето ФИФА, но само ретки се подготвени во тоа да вложат колку еден тинејџер од Англија. Гејмерот познат како „Гетсби“ ја откри својата совршена опрема за најпопуларната фудбалска видеоигра, за која плати дури шест и пол илјади долари!
Главниот дел од таа опрема го сочинува огромниот монитор, кој му овозможува да го гледа целиот терен додека игра.
„Студирам ИТ и затоа ми треба добра опрема, но на купувањето се одлучив поради тоа што обожавам видеоигри. Кога играм ФИФА, за разлика од противникот, можам да го видам целиот терен. Тоа ми овозможува да испраќам долги топки кои тој не ги очекува, а и во секој момент можем да видам како ми е составена одбраната.“ – вели тој.
Екранот го чинел околу илјада и петстотини долари, а остатокот од опремата се состои од врвна графичка картичка, други компјутерски компоненти како и посебна столица. За сета оваа напредна опрема, тој вложил преку шест и пол илјади долари.


Фудбалски скандал ја тресе Италија!

Емполи со официјално соопштение реагираше на одлуката на здравствената комисија да ги стави во карантин тројцата играчи Леонардо Манкузо, Роберто Пирело и Симон Журковски поради наводни позитивни тестови на КОВИД-19.
Наполи го победи Емполи во Купот на Италија со 3:2, но гостинскиот клуб информираше дека Леонардо Манкузо, Роберто Пирело и Симон Журковски имале негативни тестови.
Емполи сега ќе поднесе жалба и се надева дека натпреварот со Наполи можеби ќе се преигра, слично беше пред мечот Јувентус-Наполи во Торино, екипата на Елмас не допатува на средбата, првично беше регистрирана со службен резултат за „старата дама“, а потоа се поништи одлуката и натпреварот дополнително ќе се одигра.


Манџукиќ се враќа во Серија А?

Според пишувањата на бројни италијански медиуми, Милан е во преговори со Марио Манџукиќ. Хрватскиот напаѓач веќе подолго време бара клуб во кој би се вратил во Европа, а Милан се чини како добра опција.
Наводно, Малдини веќе го договорил доаѓањето на Манџукиќ, а хрватскиот интернационалец ќе потпише договор до крајот на сезоната вреден 2 милиони евра, со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона.
Исто така, медиумите во Италија јавуваат дека Милан договори уште едно засилување, во името на Суалихо Меите, играчот за врска на Торино, кој во Милано ќе пристигне како позајмен играч со опција клубот да го задржи, доколку се истакне во пролетниот дел од сезоната.


Ван Гинкел по скоро три години заигра официјален натпревар

Марко ван Гинкел, за прв пат по подолго време учествуваше во официјален натпревар.
28-годишниот холандски играч за врска, кој не играше од мај 2018 година, влезе како замена на крајот од натпреварот од 16 коло на Ередивизие со АЗ Алкмар (1-3).
Марко ван Гинкел се опоравуваше од повредата на коленото повеќе од година и пол. Правата на фудбалерот сè уште му припаѓаат на Челзи. Марко ван Гинкел се пресели во Челзи летото 2013 година од Витезе за 9,4 милиони евра. За тоа време, 28-годишниот Холанѓанец одигра само два натпревари во Премиерлигата.
Додека беше на позајмица во ПСВ во сезоната 2015/16, ван Гинкел стана шампион на Холандија. Договорот на Ван Гинкел со Челзи трае до 30 јуни 2021 година. Неговата цена на траснфер пазарот се проценува на 2,5 милиони евра.


Фил Невил е новиот тренер на Интер Мајами

Сопственикот на американскиот фудбалски прволигаш Интер Мајами, Дејвид Бекам, го договори за нов тренер на клубот својот поранешен соиграч во Манчестер јунајтед, Фил Невил.
Четириесетитригодишниот Невил треба да го замени Давид Алонсо, кој минатата недела беше отпуштен поради слабите резултати во првиот дел од сезоната во американската МЛС лига.
Поранешниот соиграч на Бекам од јануари 2018 година е селектор на женската фудбалска репрезентација на Англија. Британскиот сервис Би-би-си јави вечерва дека англиската федерација (ФА) најдоцна до крајот на оваа недела ќе го официјализира предвремениот прекин на соработка со Невил, чиј договор истекува во јули оваа година.


Стротман пристигна во Џенова, Пандев доби искусен соиграч

Кевин Стротман, до крајот на сезоната ќе го носи дресот на италијанскиот тим Џенова за кој настапува и нашиот Горан Пандев. Некогашниот играч на Рома кој се наоѓа на платниот список на Олимпик Марсеј, се одлучи да се врати во Серија А откако не добиваше минутажа на „Велодром“.
„Без размислување ја прифатив понудата од Џенова бидејќи не играв многу од стартот на сезоната. Разговарав со семејството и сите сакавме да се вратиме во Италија“ – потенцираше Стротман.
30-годишниот Холанѓанец со неговото богато искуство ќе треба да им помогне на џеновјани во битката за опстанок.


Бум во НБА! Харден се пресели во Бруклин!

Џејмс Харден е нов кошаркар на Бруклин Нетс, објавија медиумите во САД.
Во големата размена на играчи учествуваа дури четири клуба. Хјустон за Харден го добија Ексум од Кливленд, односно Леверт и Куруч од Бруклин и четири пика од првата рунда на драфтот, како и четири можности за трејд. Леверт веднаш беше проследен во Индијана, а во спротивен правец се упати Виктор Оладипо.
Кливленд во оваа размена ги доби Џерет Ален и Ториан Принс од Бруклин.
Заминувањето на Харден од ден на ден беше се поблиску, беше јасно дека Хјустон веќе не е во неговите планови. „Брадата“ тоа го најави во последниот негов натпревар.
„Едноставно не сме доволно добри. Немаме хемија, талент, ништо. И тоа се гледа на натпреварите. Го сакам овој град, направив се што можев. Но, ситуаццијата и луда и мислам дека не може да се поправи.“ – изјави Харден по поразот од Лејкерс пред два дена.


За само 12 дена во ПСЖ, Покетино ја освои својата прва титула во кариерата

Францускиот фудбалски првак Париз Сен Жермен, осма година по ред го освои домашниот Суперкуп победувајќи во натпреварот одигран на неутрален терен во Лион против Олимпик Марсеј со резултат 2:1.
ПСЖ повеќе во 39. минута со голот на Икарди, а клубот од Париз до вториот погодок пристигна повторно благодарение на аргентинскиот напаѓач. Имено, поради прекршок над Икарди, а со помош на ВАР, досуден беше пенал кој во погодок го претвори Нејмар во 85. минута.
До крајот на натпреварот Марсеј успеа само да го ублажи поразот, а стрелец на почесниот погодок беше Дмитри Паје на една минута пред крајот.
Францускиот Суперкуп, или како што го нарекуваат Трофеј на шампионот, е прва титула во тренерската кариера на Маурисио Покетино.