feature

Макс Верстапен е победник на трката во Остин

Возачот на Ред Бул тимот, Макс Верстапен е победник на трката од Ф1 шампионатот, која се возеше за големата награда на САД, во Остин, Тексас.

Во одлична тактичка трка и рана промена на гумите во боксот , Верстапен го врати водството кое до 29-от круг го имаше актуелниот шампион Хамилтон и го задржа до крајот на трката.

За Холанѓанецот Верстапен ова беше 9-та победа сезонава и 18-та во кариерата, но уште поважно е што за 12 поени ја зголеми предноста пред Хамилтон во генералниот пласман. Англичанецот Хамилтон трката ја заврши на втората позиција, а третото место на подиумот му припадна на вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез.


Ориги пресекол, го напушта Ливерпул оваа зима

Дивок Ориги најверојатно ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми. 26-годишниот напаѓач не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, па тоа е причината поради која сака да ја промени средината.

Ориги и во летниот преоден рок беше на излезна врата од „Енфилд“, но никој клуб не сакаше да плати 10 милиони фунти, колку што Ливерпул бараше за неговата слобода.

Интерес за него покажуваат неколку клубови од Премиер лигата и Серија А, а Ливерпул е спремен да го пушти ако пристигне добра понуда.


Јуве ќе испрати понуда за Кепа

Јувентус покажува силен интерес за голманот на Челзи, Кепа Аризабалага, пренесуваат италијанските медиуми.

„Старата дама“ бара замена за Шчесни и планира да испрати понуда за 27-годишниот шпански голман.

Кепа е најскапиот голман во светот, но во Челзи го загуби местото во стартниот тим и моментално е резерва на Менди.

Кепа има договор со Челзи уште четири години, но и самиот сака да ја промени средината.


Бускетс: Барса не заслужи пораз во ова дерби

Серхио Бускетс смета дека резултатот во Ел Класико не ја дава вистинската слика на прикажаното. Реал Мадрид победи на Камп Ноу со 2:1, а Бускетс особено ја остакна играта на двајца фудбалери на „кралскиот“ клуб.

„Не мислам дека одигравме слаб меч, сметам дека поразот не е заслужен. Резултатот не одговара на покажаното. Знаевме дека ќе ни остават простор со топката, но со Винисиус и Родриго се многу брзи и ни правеа штета при контрите. Доста добро ги контролиравме, но доволно е еднаш да не го направите тоа и примате гол. Тоа менува се и комплетно го промени текот на мечот. Не заслуживме да загубиме, но таков е фудбалот“, додаде капитенот на Каталонците.


Кимих не сака да се вакцинира, ги објасни и причините за својата одлука

Џошуа Кимих е една од големите фудбалски ѕвезди, кои засега одбиваат да се вакцинираат во обидот да бидат позаштитени од вирусот ковид-19.

Фудбалерот на Баерн Минхен јавно зборувал за својата одлука и зошто засега одбива вакцина.

„Одбив да се вакцинирам затоа што не сум сигурен дека се доволно испитани и безбедни. Свесен сум за мојата одговорност, ги почитувам хигиенските мерки, а на секои два-три дена се тестираме за вирусот. Но, мора да кажам дека не сум од оние кои не ја признаваат опасноста од вирусот, ниту пак сум анти-ваксер. Исто така не велам категорично дека нема да се вакцинирам, постојат реални шанси тоа да се случи во иднина“, рекол Кимих.


Овермарс во преговори со Њукасл

Легендата на Арсенал и на холандската репрезентација, Марк Овермарс, започна преговори со екипата на Њукасл за местото фудбалски директор, пренесува англискиот “Мирор“.

Холанѓанецот Овермарс, е високо ценет во светот на фудбалот, благодарение на неговите играчки денови во екипата на Арсенал и на позицијата шеф за развој и регрутирање на млади таленти во Ајакс од Амстердам.


Ван де Бек сака во Реал Мадрид оваа зима

Дони ван де Бек е уморен од чекање шанса да се пробие во првиот тим на „црвените ѓаволи“. 24-годишниот Холанѓанец веќе бара нов клуб за продолжување на кариерата. Интересно, тој се сврте кон Реал Мадрид, тврдат одредени медиуми во Англија.

Ван де Бек никогаш не можеше да го убеди Оле Гунар Солскјер почесто да биде во составот на Манчестер Јунајтед. Минатата сезона одигра само 19 натпревари во Премиерлигата, а од почетокот на тековната сезона забележа скромни шест минути на теренот. Затоа Холанѓанецот веќе гледа кон излезната врата на „Олд Трафорд“.

Тој му наложи на својот агент да се обиде да договори трансфер во Реал Мадрид. Од друга страна Реал Мадрид имаше интерес за Ван де Бек пред да се пресели во Манчестер Јунајтед. Сега играчот се надева дека интересот сеуште постои. Холанѓанецот верува дека може да се бори за поголема минутажа на „Сантијаго Бернабеу“, особено доколку се оствари планот да си заминат Иско и Дани Себаљос.

Од друга страна, конкуренцијата во средниот ред на Реал Мадрид останува доста сериозна, особено по доаѓањето на Едуардо Камавинга, кој стана миленик на Карло Анчелоти.


Квартараро е нов шампион во кралската класа МотоГП

Пеко Бањаја имаше нова извонредна трка на домашно тло како што беше и пред неколку недели, но за разлика од тогаш, денеска не успеа да ја заврши трката за Големата награда на Емилија Ромања и практично го прокламираше Фабио Квартараро во нов светски шампион.

Италијанецот ја предводеше денешната трка на Мизано од самиот старт и одлично одолеваше на Марк Маркез кој беше залепен за опашката од неговиот мотоцикл, но кога се чинеше дека почна да му се одлепува на Шпанецот, следеше голема грешка на четири круга пред крајот.

Бањаја загуби контрола над своето Дукати и излета од стазата, па наместо да го одложи шампионското славје на Квартарато кој денеска се мачеше со старт од 17-то место, на крајот го прокламираше младиот Французин во нов Мото ГП шампион.

Марк Маркез стигна до трета победа оваа натпреварувачка сезона и зад него заврши колегата од Хонда, Пол Еспаргаро, но сето тоа падна во сенка на големата вест поврзана за Квартараро.


Дејвид Бекам е заштитно лице на Мундијалот 2022

Англиската фудбалска икона, Дејвид Бекам, ќе стане заштитно лице на претстојното Светско првенство во Катар 2022. Договорот помеѓу организаторот Катар и Бекам се очекува да биде потпишан следниот месец.

Според најавите, Англичанецот ќе добива по 15 милиони фунти секоја година  а договорот ќе биде со важност од десет години, што значи дека Бекам вкупно ќе инкасира 150 милиони фунти.

На почетокот на овој месец, Дејвид Бекам помина неколку дена во Доха во обиколка на неколку стадиони кои се во изградба и се сретна со високи претставници задолжени за организација на натпреварувањето. Светското првенство ќе се одржува од 21 ноември до 18 декември 2022 година.


Алексис Санчез се враќа во Премиер лигата?

Играчот на Интер, Алексис Санчез, во јануарскиот преоден рок најверојатно ќе го напушти клубот од Милано и веќе стигна првата понуда за него, и тоа од премиерлигашот Евертон.

Медиумите од Англија откриваат дека тренерот на Евертон, Рафаел Бенитез, сака да ја засили кокнуренцијата во нападот на популарните“карамели“ и поради тоа е силно заинтересиран за доведување на Чилеанецот Санчез.

Алексис Санчез е далеку од стандарден во тимот на Интер и оваа сезона настапи на само 5 натпревари и тоа со влегување од клупата за резерви. Се очекува Интер да се согласи на раскинување на договорот со Санчез, само да се ослободат од големата плата што ја прима репрезентативецот на Чиле.

Ако потпише за Евертон, тоа би било враќање на Санчез во Премиер лигата каде се прослави играјќи во дресот на Арсенал,а потоа помина и неславен период во Манчестер Јунајтед.