feature

Руските клубови нема да играат во евро-куповите и следната сезона

Европската куќа на фудбалот, УЕФА, објави дека воведе мерка санкции за Фудбалскиот сојуз на Русија за следната сезона 2022-2023.

Репрезентацијата на Русија нема да учествува во Лигата на нации и ќе се смета дека го зазела последното место во Б лигата.

Клубовите нема да можат да играат во европските натпреварувања, а оваа одлука важи и за машките и за женските екипи. Исто така, под санкции се и сите младински селекции на Русија, како и футсал репрезентацијата.

УЕФА ја отфрли и кандидатурата на Русија за домаќин на Европското фудбалско првенство во 2028 и 2032 година.


Падна договор: Перишиќ во Интер до 2024 година

Интер ќе го продолжи договорот со хрватскиот играч за врска Иван Перишиќ до 2024 година, објавија дел од медиумите во Милано. Според нив, играчот ќе заработува 5 милиони евра годишно во клубот од Милано.

33-годишниот Иван Перишиќ за италијанскиот тим настапува од 2015 година, откако се пресели од германски Волфсбург. Вкупно за Интер, хрватскиот играч за врска постигна 52 гола на 250 натпревари во сите натпреварувања и даде 48 асистенции.

Договорот меѓу Перишиќ и Интер истекува на крајот од оваа сезона. Пазарната вредност на фудбалерот според порталот Трансфермаркт е 10 милиони евра. Од 2019 до 2020 година хрватскиот играч за врска играше како позајмен во Баерн Минхен.


Добри вести за Гвардиола, Вокер повторно тренира со екипата

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Кајл Вокер, ги продолжи тренинзите со тимот еден ден пред реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид. 

Вокер беше надвор од теренот после натпреварот со Атлетико Мадрид пред три недели кога заработи повреда на скочниот зглоб. 

Тренерот Гвардиола се надева дека фубалерот ќе може да учествува на натпреварот со Реал.


Милнер добива нов договор на „Енфилд“

Ливерпул планира да му понуди нов договор на Џејмс Милнер. Раководството на англискиот клуб ќе започне преговори со искусниот играч за врска веднаш по завршувањето на сезоната.

36-годишниот фудбалер е во плановите на менаџерот Јирген Клоп за наредниот шампионат. Актуелниот договор на играчот од средниот ред истекува на крајот од првенството.

Поранешниот англиски репрезентативец, Џејмс Милнер, потпиша за Ливерпул во 2015 година. Тој во сезонава одигра 22 натпревара.


Дресот на Меси во кој го постигна својот 500-ти гол продаден за над 400 илјади евра

Весникот „Марка“ ја пренесува веста дека фудбалскиот дрес на Лионел Меси, кој го носеше кога го постигна својот 500-ти гол во кариерата, е продаден на аукција за неверојатни 427.680 евра.

Аргентинската супер ѕвезда голот број 500 го постигна на 23 април 2017 година, во победата со 3:2 над најголемиот свој ривал, Реал Мадрид.


Јуве сонува трансфер на Мохамед Салах

Јувентус се обидува да го ангажира напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах во летниот преоден рок.

Според изворот, Бјанконерите се обидуваат значително да ја засилат својата офанзивна линија ова лето по лошата сезона под водство на Масимилијано Алегри. Еден од кандидатите е Египетскиот интернационалец Мохамед Салах.

Претходно беше објавено дека Салах се уште не се согласил да го продолжи договорот со Ливерпул, кој истекува во 2023 година. Така, Ливерпул може да се обиде да го продаде во следниот преоден рок за да не го напушти клубот со слободен трансфер.

Мохамед Салах одигра 32 натпревари во Премиер лигата оваа сезона, постигнувајќи 22 гола и 13 асистенции. Нема информации која би била цената која е подготвен да ја плати Јувентус за Мохамед Салах.


Храдецки останува во Баер Леверкузен

Баер Леверкузен сака да го продолжи договорот со финскиот голман Лукас Храдецки.

Според изворот, клубот и играчот веќе започнале преговори. 31-годишниот Храдецки е во Баер Леверкузен од 2018 година која дојде од Ајнтрахт Франкфурт. Лукас Храдецки оваа сезона има одиграно 40 натпревари за германскиот клуб во сите натпреварувања.

Во овој период прими 50 гола. Исто така 11 пати неговата мрежа остана недопрена. Дресот на репрезентацијата на Финска го носел на 75 официјални натпревари.


Алаба го пропушта реваншот со Манчестер Сити

Тренерот Карло Анчелоти објави дека дефанзивецот на Реал Мадрид Давид Алаба нема да игра на реваншот против Манчестер Сити во полуфиналето на Лигата на шампионите.

„За жал, тој нема да може да се опорави за овој натпревар“, изјави  на прес- конференција тренерот Анчелоти.

Фудбалерот од Австрија беше под знак прашалник и за првиот меч кој се одигра во Манчестер, на кој успеа да стартува, но беше заменет во текот на средбата.


Италијанските гиганти профитираат од промените во Челзи

Продажбата на Челзи сигурно ќе предизвика огромни промени во самиот клуб, не само надвор од теренот, туку и внатре во него.

Новинари блиски до клубот наведуваат дека и челниците на спортскиот сектор размислуваат за продажба на голем број играчи за да го стабилизираат клубот, а тоа го привлече вниманието на многу европски клубови. Се издвојуваат оние од Италија.

Ромелу Лукаку се поврзува со Интер и Милан, репрезентативецот на Италија, Жоргињо би можел да ги засили Јувентус, Милан или Лацио, кој е заинтересиран и за Рубен Лофтус-Чик и Кепа Аризабалага.

Наполи и Милан го сакаат Хаким Зијеч, засега непознати клубови од Апенините размислуваат за Маркос Алонсо и Тимо Вернер, но постојат сите шанси да ги чекаат новите сопственици кои најверојатно ќе бидат отворени за преговори за статусот на многу играчи.

Познато е и дека Италијанците често купуваат „на попуст“, па ќе видиме колку ќе бидат „дарежливи“ новите челници на Челзи …


Бензема го израмни историскиот рекорд на Хуго Санчез

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема го израмни голгетерскиот рекорд на поранешниот мексикански напаѓач Хуго Санчез во една сезона, објави статистичката служба Опта на својот Твитер профил.

Оваа сезона, францускиот напаѓач постигна 40 гола за Реал Мадрид во сите натпреварувања, што го прави петтиот играч во историјата на клубот кој некогаш ја достигнал оваа бројка. Покрај Бензема, на оваа листа се и поранешните играчи на „кралскиот клуб“ Кристијано Роналдо , Алфредо ди Стефано , Ференц Пушкаш и Хуго Санчез, кои исто така постигна 40 гола во сезоната 1989/1990.

Со оглед на тоа што Реал Мадрид има уште неколку натпревари оваа сезона, Карим Бензема ги има сите предуслови да ја надмине мексиканската легенда Хуго Санчез. Договорот на Бензема со Реал Мадрид е до 30 јуни 2023 година. Французинот веќе 11 години игра за мадридскиот клуб.