feature

Халанд е фудбалер на месецот во Премиер лигата

Халанд е фудбалер на месецот во Премиер лигата

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд очекувано беше избран за Играч на месец август во Премиер лигата.

Норвежанецот имаше историски прв месец во најсилната фудбалска лига и постигна 9 гола во првите пет меча.

Тој постигнуваше голови против Вест Хем, Њукасл, Кристал Палас и Нотингем Форест, а против Борнмут запиша асистенција.

Халанд е првиот играч кој ја добива оваа награда во дебитантскиот месец, уште од февруари 2020 кога наградата ја доби Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед.


Мурињо полн со комплименти за играта на Дибала

Мурињо полн со комплименти за играта на Дибала

Паоло Дибала кој го постигна водечкиот гол за Рома на вчерашниот меч со Хелсинки во Лигата на Европа, доби пофалба од тренерот на „волчицата“, Жозе Мурињо.

Аргентинецот влезе во игра на стартот на вториот дел и веднаш во 47 минута успеа да ги израдува домашните навивачи.

„Дибала го постигна првиот гол и тоа го смени ставот на целиот тим. Бевме премногу пасивни но, Дибала веднаш ја промени играта“, потенцираше Португалецот по победата од 3-0.


На денешен ден “17 Септември”

На денешен ден “17 Септември”

Филип Даглас Џексон (роден на 17 септември 1945 година) е американски поранешен професионален кошаркар, тренер и извршен директор. Како моќен напаѓач, Џексон играше 12 сезони во НБА, освојувајќи НБА шампионати со Њујорк Никс во 1970 и 1973 година.

Џексон беше главен тренер на Чикаго Булс од 1989 до 1998 година, што ги доведе до шест шампионски титули во НБА.


Саутгејт изненади со избирот на фудбалери за Лигата на нации

Саутгејт изненади со избирот на фудбалери за Лигата на нации

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, го објави составот на кој ќе се потпре за претстојните натпревари во Лигата на нации со Италија и Германија.

Напаѓачот на Брентфорд, Иван Тони, влезе во конкуренција. 26-годишниот играч за прв пат е повикан во националниот тим.

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер и соиграчот Лук Шо се вклучени во тимот и покрај тоа што не настапуваа редовно во последните натпревари. На списокот ги нема Маркус Рашфорд и Џејден Санчо.


Ливерпул загреан за Жоао Гомез од Фламенго

Ливерпул загреан за Жоао Гомез од Фламенго

Челниците на Ливерпул може да испратат понуда за младиот талент на Фламенго, Жоао Гомез, кој постепено се етаблираше како значаен фудбалер во тимот.

Тој има договор до 2025 година а сопствениците на бразилскиот гигант размислуваат да му понудат нов со огромна откупна клаузула само за да го задржат.

21-годишниот фудбалер кој проценува на 10 милиони евра, има 49 настапи и 2 асистенции во  шампионатот на Бразил.


Тренерот на Лидс казнет со суспензија на еден натпревар

Тренерот на Лидс казнет со суспензија на еден натпревар

Тренерот на Лидс Јунајтед, Џеси Марш, од страна на англискиот фудбалски сојуз доби забрана за водење на својот тим на еден натпревар од првенството.

Марш забраната ја доби поради своето однесување и протестите кон главниот судија на премиерлигашкиот натпревар со Брентфорд кој неговиот тим го загуби со 5:2. Тренерот на Лидс покрај суспензијата ќе мора да плати и 10 илјади фунти парична казна.

Следниот натпревар на Лидс Јунајтед во Премиер лигата е на 2.октомври против Астон Вила.


Сити сака да го доведе Леао од Милан

Сити сака да го доведе Леао од Милан

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, бил импресиониран од игрите на фудбалерот на Милан, Рафаел Леао, и сака да го доведе во редовите на англискиот шампион.

Гвардиола наводно им наложил на управата на клубот да започне преговори со Милан и со португалскиот фудбалер, со цел трансферот да се реализира во зимскиот преоден рок.

Манчестер Сити е подготвен да понуди сума од 100 милиони евра, и да направи феноменален тандем, Халанд-Леао.

Рафаел Леао има актуелен договор со шампионот на Серија А, Милан , до 2024 година.


Борба за финале на ЕП во кошарка: Полска против Франција, Германија со Шпанија

Борба за финале на ЕП во кошарка: Полска против Франција, Германија со Шпанија

Денес во Берлин започнуваат натпреварите од самата завршница на Европското кошаркарско првенство. 

Репрезентациите на Полска и Франција својот полуфинален дуел го започнуваат во 17.15 часот. Кошаркарите на Полска до борбата за пласман во големото финале стигнаа со триумфот над актуелниот европски шампион Словенија која во четвртфиналето ја совладаа со резултат 90:87, додека Франција после продолженија беше подобра од Италија со 93:85.

Домаќинот на нокаут фазата од  шампионатот селекцијата на Германија, во второто полуфинале кое е на распоред вечерва од 20:30 , ќе се сретне со актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Шпанија.

Германија, шансата за пласман во финалето ја обезбеди со четвртфиналниот триумф над Грција со 107:96, а Шпанија беше подобра од Финска со 100:90.

Евробаскетот завршува во недела на 18.септември, кога на програмата е натпреварот за третото место во 17:15 часот , како и големото финале кое е закажано за 20.30 часот.


www.evrotip.mk


Дрес на Џордан продаден за рекордни 10,1 милиони долари

Дрес на Џордан продаден за рекордни 10,1 милиони долари

Њујоршката аукциска куќа Сотбис, соопшти дека дрес на легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан е продаден на аукција за рекордни 10,1 милиони долари.

Станува збор за црвен дрес на Чикаго Булс кој Џордан го носел на првиот натпревар од финалето на НБА лигата против Јута во 1998 година, период кој е прикажан во документарец на Нетфликс наречен „Последниот танц“. 

Ова е најскап продаден дрес во историјата, бидејќи ја надмина сумата од 9,3 милиони долари која беше платена за дресот на Марадона кој го носеше во натпреварот против Англија кога го постигна голот со „божјата рака“.


На денешен ден “16 Сепетмври”

На денешен ден "16 Сепетмври"

На 16 Септември 1953 година е роден Мануел Пелегрини, професионален фудбалски менаџер од Чиле кој моментално е менаџер на Реал Бетис. Во неговата кариера како тренер раководел со екипи во Шпанија, Англија, Аргентина, Чиле, Кина и Еквадор. Пелегрини има освоено национални лиги во четири земји.