feature

Хаверц: Натпреварот со Шпанија може да биде пресвртница за нас

Репрезентативецот на Германија, Каи Хаверц, порачува дека претстојниот натпревар против репрезентацијата на Шпанија, би можел да биде пресвртница за неговата екипа после поразот од Јапонија на стартот од Мундијалот.

„Нашиот фокус сега е на натпреварот против Шпанија во недела, и не се грижам што се случи во минатиот натпревар бидејќи нема смисол да се размислува за нешто што поминало, или да се размислува негативно. Мислам дека дуелот со Шпанија може да биде пресвртница за Германија, и сите сме подготвени за таа средба“, изјавува Хаверц.

Во вториот натпревар од оваа група ќе се сретнат репрезентациите на Костарика и Јапонија.


Лукас Хернандез успешно опериран, се враќа следната сезона

Францускиот репрезентативец Лука Хернандез успешно го оперира коленото во клиника во австрискиот град Инсбрук, јави ДПА. Хернандез ги оштети вкрстените лигаменти на почетокот на мечот со Австралија, кој Франција го доби со 4-1. Тој беше принуден да биде заменет со неговиот брат Тео во 13. минута. Дефанзивецот се врати во базата на својот тим Баерн, од каде вчера беше испратен на хируршка интервенција. Германскиот клуб не го објави периодот на опоравување на играчот, но се верува дека тој ќе го пропушти остатокот од сезоната.


ПСЖ сака да го купи „Паркот на принцевите“

Француски „Л’Екип“ денеска пишува дека Пари Сен Жермен доставил понуда до градот Париз вредна 40 милиони евра за да го купи стадионот „Паркот на принцовите“, како дел од плановите на клубот за зголемување на капацитетот на нивниот домашен стадион.

Заменикот на градоначалникот на Париз, Пјер Рабадан, потврдил дека ПСЖ е заинтересиран да го купи стадионот за да ги изврши работите околу зголемувањето на капацитетот, но засега градските власти не се задоволни од понудата.
Причините за ниската понуда на ПСЖ е фактот што тие инвестираа 85 милиони евра за реновирање на стадионот за Еуро 2016 и дека моментално имаат 30-годишен закуп.


Лукаку повторно тренира со репрезентацијата

Напаѓачот на Белгија, Ромелу Лукаку, кој поради повреда го пропушти првиот натпревар на СП во Катар, повторно започна да тренира со екипата. 

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, во изјава за новинарите рече дека потребно е да се види како Лукаку ќе реагира на тренинзите после што ќе донесе одлука дали тој ќе може да настапи на средбата со Мароко. 

Својата одлука селекторот ќе ја донесе еден ден пред натпреварот кој се игра во недела од 14.00 часот.


Саша Лукиќ наместо во Рома може да заврши во Лидс?

Рома и Лидс се силно заинтересирани за плејмејкерот на Торино и српски репрезентативец, Саша Лукиќ. Лукиќ игра одлична сезона и го привлече вниманието на многу клубови, а „Тутоспорт“ пишува дека главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Рома и Лидс.

Мурињо е голем симпатизер на Србинот и верува дека одлично ќе се вклопи во неговиот систем на игра, а во Лукиќ гледа наследник на Матиќ.

„Волчицата“ важеше како фаворит за неговиот потпис, но сега во трката се вклучи и Лидс, кој е спремен да понуди повеќе.

Лукиќ после Мундијалот ќе донесе конечна одлука дали ќе остане во Серија А или ќе се пресели во Премиер лигата.


„Apple“ заинтересиран за купување на Манчестер Јунајтед

Најголемата технолошка компанија во светот – „Apple“ ќе биде сериозен кандидат за купување на Манчестер Јунајтед откако семејството Глејзер објави, дека е подготвено да ги продаде „црвените ѓаволи“.

Англиските медиуми тврдат дека  технолошкиот гигант  кој никогаш немал учество во спортски клуб, планира да плати 5,8 милијарди за Јунајтед.

Годишните приходи на компанијата изнесуваат околу 326 милијарди фунти.


Јуве бара десен бек, кој ќе го замении Хуан Квадрадо

Јувентус во текот на зимскиот трансфер период ќе се обиде да се засили на позицијата десен бек, најавија медиумите во Италија.

Како потенцијални засилувања се гледаат: Јоаким Мален од Аталанта, Синого Вилфрид од Торино и Емил Холм од Специја.  Што се однесува до играчите од другите лиги, Јуве е заинтересиран за португалскиот дефанзивец на Валенсија, Тиери Кореја и 18-годишниот Шпанец на Валјадолид, Иван Фрешед.

Кудрадо во тековното италијанско првенство одигра 14 од 15 натпревари и забележа 3 асистенции.


Два италијански клуба и Баерн загреани за Гундоган

Илкај Гундоган влезе во последната година од договорот со Манчестер Сити и на лето ќе биде слободен агент. Германските медиуми пренесуваат дека нема најави за продолжување на соработката со „граѓаните“, а целата ситуација будно ја следат Милан и Јувентус.

Италијанските гигати сакаат да го доведат Германецот без обештетување на лето, па наскоро ќе стапат во контакт со неговиот агент.

Интерес за Гундоган покажува уште Баерн Михен, а конечната одлука ќе ја донесе после Мундијалот во Катар.


Можна е преселба на ПСЖ од стадионот Парк на принцовите

Претседателот на фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен, Насер Ал Келаифи, ја разгледува можноста клубот да го напушти стадионот Парк на принцовите, бидејќи екипата од Париз заслужува подобар стадион.

„ПСЖ заслужува да игра на подобар стадион. Моја прва опција беше да не се селиме на друг стадион, меѓутоа градските власти во Париз не тераат да го направиме тоа. Досега имаме потрошено 85 милиони евра за модернизација на стадионот, кој не е во наша сопственост. Имаме желба да го купиме Паркот на принцовите но властите во Париз побараа многу висока цена“, изјави Келаифи.

Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ планира купување и преселба на друг стадион во Париз.


Селекторот на Гана: Пеналот за Португалија беше подарок за Роналдо

Португалија во еден драматичен натпревар ја совлада Гана со 3-2. До водство Португалците стигнаа со гол од пенал на Роналдо врз кого и беше направен прекршокот. Селекторот на репрезентацијата на Гана, Ото Адо смета дека судиите немало да покажат на белата точка ако место Роналдо бил друг фудбалер во таа ситуација.

„Главниот судија досуди пенал кој не беше пенал, сите можеа да го видат тоа. Зошто го досуди? Затоа што во прашање беше Роналдо. Ако некој постигне гол нормално ќе му честитам, меѓутоа ова беше подарок од судијата за Роналдо“, изјави Ото Адо по натпреварот.