feature

Нкунку за 60 милиони евра на „Стемфорд бриџ“

Челзи го договори трансферот на ѕвездата на Лајпциг, Кристофер Нкунку, кој ќе пристигне на „Стенфорд Бриџ“ следното лето.

Нкунку веќе потпишал преддоговор со Челзи, а „сините“ денес постигнаа договор со Лајпциг. Нкунку во договорот има откупна клаузула од 60 милиони евра, а Челзи се согласил да плати 70 милиони за да ја победи конкуренцијата.

Нкунку минатата сезона беше најдобар фудбалер во Бундеслигата и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но сепак реши да остане уште една сезона во Лајпциг.

Немаше среќа и се повреди само три дена пред Мундијалот, а на лето ќе се пресели на „Стенфорд Бриџ“.


Сака и Белингем соборија рекорди во победата на Англија над Иран

Англија одигра одличен натпревар против Иран на отварањето на Светското првенство во Катар, постигнувајќи шест гола.

Три од нив беа од 19-годишниот Џад Белингем и 21-годишниот Букајо Сака, кој постигнаа два гола. Двата таленти на Англија на тој начин испишаа историја бидејќи беше првпат двајца играчи на Англија на возраст од 21 или помалку да постигнат гол во ист натпревар на Светското првенство.

Самиот Белингем стана вториот најмлад фудбалер во Англија кој се пријавил за Светското првенство. Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд има 19 години и 145 дена.

Само Мајкл Овен успеа да го направи тоа на порана возраст. Во 1998 година, напаѓачот на Ливерпул настапи на возраст од 18 години и 190 дена.


Меси: Поразот од Саудиска Арабија е голем удар за нашата репрезентација

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси, изјави дека поразот од селекцијата на Саудиска Арабија на стартот од СП е голем удар за неговиот национален тим.

Саудиска Арабија го направи досега најголемото изненадување на Мундијалот во Катар, совладувајќи ја Аргентина со 2:1.

„Знаевме дека Саудиска Арабија има добри играчи, но нема изговор за поразот. Ќе бидеме поединствени од било кога. Оваа група на играчи е силна и тоа ќе го покажеме на теренот. Долго време не се имаме најдено во ваква ситуација, но сега мораме да покажеме дека сме спремни да се издигнеме над оваа ситуација“, изјави Меси после натпреварот.

Аргентина во следното коло од групата Ц ќе игра против Мексико.


Сергеј Милинковиќ Савиќ во јануари се сели во Јуве?

Играчот од средниот ред на Лацио и српска репрезентација, Сергеј Милинковиќ-Савиќ се договорил со Јувентус, а според договорот ќе заработува 6 милиони евра + бонуси по сезона. Ова го објави новинарот Алфредо Педула на Твитер.

Според изворот, 27-годишниот Милинковиќ-Савиќ одбил да го продолжи договорот со сегашниот тим. Тој сакаше износот на обештетувањето во неговиот договор да не биде поголем од 40-50 милиони евра, но претседателот на Лацио, Клаудио Лотито сака 70 милиони евра за продажба на српскиот играч за врска.

Милинковиќ-Савиќ постигна пет гола и даде седум асистенции на 20 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. Договорот меѓу двете страни истекува во летото 2024 година.


Сопствениците на ПСЖ одбија продажба на клубот

Сопственикот и претседател на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Хелаифи изјави дека одбил голема понуда за продажба на клубот, но изразил подготвеност да продаде мал дел од клубот.

„Тие понудија повеќе од 4 милијарди евра. Нема целосно да го продадеме клубот, но мал процент – зошто да не? Размислуваме за различни предлози.

Другите клубови и луѓето секогаш зборуваат за ПСЖ и мислат дека имаме само пари и ги трошиме – тоа не е точно. Ако имате компанија, треба да вложите пари во неа. Ова се однесува на бизнисот и фудбалот. Го купивме клубот за 70 милиони евра и сега вреди над 4 милијарди евра.

Имаме различни понуди. Да, ова е фантастичен бизнис. Дали правиме добар проект? Верувам дека го правиме тоа. Во фудбалот вие ги донесувате одлуките. Може да донесете погрешни одлуки. И ние сме искрени со себе, даваме се од себе. Го однесовме клубот од каде што бевме таму каде што сме денес. Мислам дека треба да бидеме горди на ова“, изјави Ал-Хелаифи.


Хамилтон: Ќе се вратиме во трката за титулата сезонава

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон изјави дека се надева дека оваа тешка сезона ќе му даде сила на неговиот тим Мерцедес да тргне во предизвик за нови титули веќе следната сезона. Со трката во Абу Даби заврши сезоната во Формула 1, а годинава подиумот беше наменет за возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, кој ја освои втората последователна титула, а неговиот тим беше најдобар и во конкуренција на конструктори.

За првпат во својата 16-годишна кариера, Хамилтон не успеа да забележи победа во една сезона во Формула 1. Сезоната ја заврши на шестото место, а Мерцедес финишираше како трет кај конструкторите.

„Во следните неколку недели, ќе се вратиме во фабриката за да почнеме со напорна работа. Се надевам дека борбите низ кои поминавме оваа година ќе ни даде сила за да се бориме за уште многу титули“, изјави Хамилтон.

„Мислам дека оваа сезона беше повеќе тест за тимска работа и јас сум многу, многу горд и благодарен на сите што продолжија да работат со мене“, додаде Хамилтон, кој го држи рекордот за најмногу победи во Формула 1 со 103.


Проблем за Германија: Сане го пропушта дуелот со Јапонија

Според пишувањата во германските медиуми, репрезентативецот на Германија, Лерој Сане, поради проблеми со коленото ќе го пропушти првиот натпревар во групата Е против селекцијата на Јапонија.

Засега не е познато колкав период селекторот Флик ќе биде без еден од своите најдобри играчи, но се чека детален извештај од лекарскиот тим на репрезентацијата. 

Натпреварот помеѓу Германија и Јапонија се игра во среда со почеток во 14.00 часот.


Родри: Гвардиола ме направи врвен фудбалер

Шпанскиот фудбалски интернационалец од Манчестер Сити, Родри, вели дека Пеп Гвардиола имал големо влијание во неговиот развој. Тој не крие дека е импресиониран од работата на трофејниот стратег.

„Гвардиола ме направи врвен играч. Тој ме научи како да делувам на теренот“, вели  Родри.

Гвардиола кој го презеде кормилото на Манчестер Сити во 2016 година, досега успеа да освои четири титули во Премиер лигата.


Колина ги објасни рекордните судиски продолженија на СП

На вториот ден од Светското фудбалско првенство во Катар, беа приметни долгите надополнувања на времето од страна на судиите во однос на вообичаените продолжетоци.

Така на натпреварот помеѓу Англија и Иран имаше судиско надополнување во траење од десет минути, а и на другите дуели имаше слични ситуации.

Претседателот на судиската комисија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, објасни зошто се воведоа построги примени на мерење на времето.

„Веќе на СП во Русија започнавме со прецизно мерење на дополнителното време, а сега ги известивме сите тимови да не бидат изненадени кога ќе го видат четвртиот судија со висок број на надополнување. Било да се работи за шест, седум или осум минути. Ако сакаме да имаме повеќе активна игра, ќе биде потребно и поголемо надополнување. Кога на ова ќе се додаде и прецизното мерење од ВАР тогаш секој натпревар ќе има точно прецизирана активна игра“, објаснува Колина.


Откажана идејата за капитенски ленти со боите на виножитото

Капитените на Англија, Велс, Белгија, Данска, Германија и Холандија, сепак, нема да носат капитенски ленти во боите на виножитите како поддршка за  „OneLove“ кампањата за ЛГБТ правата откако ФИФА потврди дека тие ќе добијат жолт картон ако носат вакви ленти.

Националните федерации беа подготвени да ги платат финансиските казни на ФИФА, но, очигледно проценија дека псотои опасност да останат без нивните капите за продолжението на Мундијалот

„Исфрустрирани сме од одлуката на ФИФА. Нашите играчи и тренери се разочарани“, се вели во нивното заедничко соопштение.