feature

Македонија дел од А групата во елитните квалификации за ЕП до 17 години

Репрезентацијата на Македонија до 17 години ги доби противниците за завршниот круг од квалификациите за пласман на Европското првенство што ќе се одржи следната година.

Нашите фудбалски надежи предводени од селекторот Влатко Колев за место на континенталниот шампионат ќе се соочат со Германија, Франција и Словенија.

Турнирот треба да се одигра кон крајот на март следната година, а пласман во завршницата обезбедува само освојувачот на првата позиција.

Завршницата на Европското првенство ќе се одржи од 25 мај до седми јуни следната година, а домаќин е Естонија.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП за фудбалери до 17 години:

ГРУПА 1

Германија, Франција, Словенија, МАКЕДОНИЈА

ГРУПА 2

Исланд, Португал, Италија, Романија

ГРУПА 3

Шведска, Црна Гора, Грција, Норвешка

ГРУПА 4

Чешка, Казахстан, Австрија, Данска

ГРУПА 5

Белгија, Кипар, Србија, Швајцарија

ГРУПА 6

Шпанија, Турција, Шкотска, Северна Ирска

ГРУПА 7

Република Ирска, Словачка, Хрватска, Полска


Шампионско издание на Еурофарм Пелистер, Вардар немоќен во „Боро Чурлевски“

Вардар 1961 допатува како единствен непоразен тим во македонската Суперлига во Битола, но ја почувствува моќта на шампионот. Еурофарм Пелистер одигра многу похрабро, но и подобро во клучните моменти и славеше со 28-23 (13-10), во рамките на 16. коло.

Почетокот од мечот му припадна на Вардар 1961 и домашниот тим бркаше резултат во добар дел од првото полувреме, но во самиот финиш, домаќинот влезе во импресивна серија и на пауза замина со предност од 13-10. Хаидаридад почна да брани како во транс и всушност беше главниот човек кој го сопре налетот на „вардарци“. Иранецот беше иницијатор на пресвртот на крајот на првиот дел, а продолжи во ист стил и на стартот на вториот дел, кога „зелено-белите“ продолжија да ја зголемуваат предноста на семафорот.

Еурофарм Пелистер дојде до максимални +6 во 45. минута кога на семафорот стоеше 21-15, по што полека се доби впечаток дека победата е осигурана. Вардар се приближи на -3, но тоа беше најмногу што успеа да направи во вториот дел, кој целосно беше во знакот на избраниците на Шундовски. Пелистерци мирно го приведоа мечот до крај и славеа со 28-23, нанесувајќи му го првиот пораз на Вардар во домашното првенство.

Саид Хаидаридад беше јунак на мечот со 12 интервенции откако доби шанса на крајот на првиот дел, но во нападот импресивен беше Богдан Радивојевиќ со девет погодоци од девет обиди, исто како и капитенот Филип Кузмановски кој постигна шест погодоци. Во поразениот Вардар, Хориха беше најефикас со шест гола.

Во следното 17. коло, в недела попладне Еурофарм Пелистер гостува кај Охрид.


Младата ѕвезда на Арсенал, Макс Доуман, паузира два месеци поради повреда на глуждот

Frontview of Max Dowman in an Arsenal hoodie with headphones

Младата надеж на Арсенал, 15-годишниот Макс Доуман, доби повреда на лигаментите на глуждот за време на пријателски натпревар против Манчестер Јунајтед, која ќе го оддалечи од терените до почетокот на февруари. Англискиот младински репрезентативец, кој веќе има пет настапи за сениорскиот тим оваа сезона, подлегна на скенирања кои покажаа дека нема потреба од операција. Арсенал веднаш го отстрани од својот состав за Лигата на шампионите, заменувајќи го со Габриел Жезус согласно со новите регулативи за замени на повредени играчи кои ќе бидат над 60 дена надвор од терените.

Микел Артета, на прес-конференција пред мечот со Клуб Бриж потврди дека Доуман морал да го напушти пријателскиот натпревар по предизвикувачки старт. Иако ова е удар за младинската програма на клубот, совршениот резултат на Арсенал во групната фаза, со 100% победи, значи дека отсутноста на Доуман нема да го наруши темпото на тимот.

Покрај несреќата на Доуман, Арсенал пред мечот со Клуб Бриж ќе биде без клучните играчи Деклан Рајс, Леандро Тросард и Вилијам Салиба. Артета потврди дека тие нема да можат да настапат, во дел од пошироката повредена листа оваа сезона, која ги вклучува и Каи Хаверц и Габриел. Сепак, лидерската позиција на клубот во групата речиси гарантира дека овие отсутности нема да го загрозат патот кон следната фаза.


Мбапе повикан за мечот против Манчестер Сити, и покрај сомнежите за повреда

Frontview of Kylian Mbappe playing for Real Madrid

Килијан Мбапе е вклучен во составот на Реал Мадрид за натпреварот против Манчестер Сити, иако имаше проблеми со мускулите, што претставува голем бенефит за „кралевите“ во време на повреден кризен период. Неговото присуство додава дополнителна интрига на мечот кој веќе е под голем притисок за тимот и тренерот.

Според извештаите во Шпанија, проблемот бил со мускулите на левата нога, доволно сериозен за да биде поставен како прашалник, но не толку критичен за да го исклучи од тимот. Дали ќе стартова зависи од тоа како ќе се чувствува непосредно пред мечот, а Мбапе силно се трудеше да биде достапен, свесен за значењето на натпреварот за сезоната на Мадрид.

Дури и ако не е на максимална форма, самото присуство на Мбапе го менува пристапот на Манчестер Сити. Неговата брзина и способност да напаѓа просторот зад одбраната остануваат најсилното оружје на Мадрид, особено со повредите на другите позиции.


Шпанецот Пабло Ласо е нов тренер на Анадолу Ефес

Искусниот шпански тренер Пабло Ласо ќе стане нов шеф на тренерскиот штаб на Анадолу Ефес. Порталот „Баскетфул“, тврди дека тој договорил 18-месечна соработка со клубот од Истанбул. Според овој извр, Шпанецот ќе биде промофиран во нов тренер по дуелот што Ефес треба да го одигра со Валенсија.

Двократниот освојувач на Евролигата, неодамна остана без тренер откако Игор Кокошков беше отпуштен од должноста по серија лоши резултати.

Според извештаите, Ласо ќе го гледа во живо гостувањето на Ефес во Валенсија, а потоа треба да се врати во Истанбул со тимот, каде што ќе ги заврши сите формалности околу потпишувањето на договорот.

Договорот е од таква природа што двете страни можат да ја прекинат соработката на крајот од оваа сезона доколку резултатите не го задоволат Ефес, додека спротивното сценарио би значело дека Ласо би останал во Истанбул до летото 2027 година.

По 15 кола во Евролигата, Ефес има скор од 5-9 и е во група од пет екипи, кои имаат идентичен сооднос на победи и порази.


Просинечки е нов селектор на Киргистан

Роберт Просинечки официјално ја презеде фудбалската репрезентација на Киргистан, потврди Фудбалскиот сојуз на таа земја.

Искусниот хрватски стручњак потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување за уште една сезона, додека секоја понатамошна соработка, потенцијално за уште три години, ќе зависи од резултатите од Азискиот куп во 2027 година.

Претседателот на Сојузот, Камчибек Ташијев, истакна дека преговорите поминале брзо и без поголеми тешкотии. Според неговите зборови, се очекува Просинечки да донесе нова енергија, да го подигне нивото на игра и да ја подобри организацијата на репрезентацијата.

Киргистан моментално е рангиран на 104-то место на ранг-листата на ФИФА. Во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, репрезентацијата заврши во третата фаза, заземајќи го петтото место во групата А со осум бода, зад Иран, Узбекистан, ОАЕ и Катар беа подобри.

Просинечки ја презема репрезентацијата откако беше без ангажман од септември, кога доби отказ во Црна Гора. Во својата тренерска кариера, тој има искуство и на клупите на репрезентациите на Азербејџан и Босна и Херцеговина.


Шпанецот Пењароја е пред промоција во Партизан

Шпанскиот стручњак, Џоан Пењароjа ќе биде новиот тренер на КК Партизан, објавија речиси сите српски медиуми. Клубот засега негира дека постигнал договор со Шпанецот. Партизан е тренер откако Жељко Обрадовиќ поднесе оставка.

По оставката на Обрадовиќ, тимот го предводеше неговиот помошник Мирко Оцокољиќ. Под негово водство, Партизан го победи Баерн во Евролигата и Клуж во АБА лигата.

Според медиумите, Пењароjа официјално ќе стане тренер на Партизан во петок, по натпреварот со Црвена звезда во Евролигата.

Шпанецот и Партизан се договориле соработката да трае до 2027 година.

Пењароjа (54) е тренер со богато искуство на елитното европско ниво, ги водеше Барселона, Басконија и Валенсија, а најголемите успеси ги забележа со Бургос, со кого освои две титули во Лигата на шампионите (2020, 2021) и Интерконтиненталниот куп на ФИБА.

Пењароjа, пред еден месец, поради лошите резултати доби отказ во Барселона.


За Атаман, Шенгун е подобар центар од Јокиќ

Ергин Атаман главниот тренер на турската репрезентација и на грчкиот Панатинаикос, го пофали настапот на центарот на Хјустон, Алперн Шенгун.

„Технички, Шенгун е најдобриот центар во светот во додавања. Според мене, тој е супериорен во однос на Никола Јокиќ. Тој има 23 години и само ќе станува подобар“, рече Атаман.

Турскиот кошаркар има просек од 23,1 поен, 9,1 скока и 7,1 асистенции по натпревар


Лукаку започна со тренинзи, се гледа крај на неговата агонија

Фудбалерот на Наполи, Ромелу Лукаку, кој е надвор од терените од 14 август поради повреда на коленото, доцна синоќа го одработи целиот тренинг со екипата.

Белгиецот постигна 14 гола и имаше 10 асистенции во Серија А во претходната сезона кога беше освоена шампионската титула.

32-годишниот Лукаку е еден од најдобрите во тимот и сигурно неговото враќање ќе влијае на ефикасноста на Наполи.


Леао има воспаление на адукторот, го чека принудна пауза

Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао, нема посеризона повреда, објавија луѓето од Милано. Тој по мечот со Торино одигран во Серија А, има воспаление на десниот аддуктор.

Според најавите од Италија, Португалецот нема да настапи на неделниот меч со Сасуоло во новата рунда во Калчото.

Напаѓачот веројатно ќе биде подготвен за настап на 18 декември против Наполи во полуфиналето на Супер-купот на Италија.