feature

Симоне Инзаги: Добредојдена е паузата за мојот Интер

Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, не крие дека е пресреќен со денешната победа на теренот на Аталанта во рамките на Серија „А“.

„Добро е што направивме 6 победи во седум мечеви пред паузата за светското првенство. Секогаш е тешко да се игра во Бергамо. Лошо започнавме и примивме гол но, успеавме да направиме пресврт. Сега ќе поминеме 5-6 денови на Малта и ќе имаме 2 контроли. Потоа нашите играчи треба да се вратат од Мундијалот. Се надеваме дека тоа ќе се случи што е можно подоцна бидејќи тоа би значело дека тие ќе стигна далеку на турнирот“, вели тренерот на „нероаѕурите“.


Азар: Ова е можеби последна шанса за оваа генерација

Капитенот на фудбалската репрезентација на Белгија, Еден Азар, изјавува дека Светското првенство во Катар е можеби последна прилика за оваа генерација да освои значаен трофеј.

„Бевме на врвот од формата во 2018.година. Јас сега играм помалку, а Ромелу Лукаку е повреден, одбраната е малку постара, но тука сме да им покажеме на луѓето дека можат да рачунаат на нас. Можно е ова првенство да биде последно за неколку играчи и затоа мораме да дадеме се од себе“, истакнува 31-годишниот Азар.

Репрезентацијата на Белгија на последното СП кое се одржа во Русија се пласира на третото место.


Победникот на Светското првенство во Катар ќе добие 52,5 милиони долари

Меѓународната фудбалска федерација – ФИФА, известува дека наградата за победникот на Мундијалот во Катар изнесува 42 милиони долари. На овај износ се додаваат и 1,5 милиони долари што секоја репрезентација ги добива за припреми  на екипата, но и плус девет милиони долари за учество во групната фаза на првенството. Освојувачот на Светското првенство во Катар на крајот ќе добие вкупно 52,5 милиони долари.

Поразениот финалист ќе добие вкупно 40,5 милиони долари. Третото место носи 27 милиони додека четвртото 25 милиони долари.


Кимпембе поради повреда нема да игра на Мундијалот во Катар

Фудбалскиот сојуз на Франција соопшти дека играчот на Париз Сен Жермен, Преснел Кимпембе, поради повреда нема да игра на Светското првенство во Катар.

Во соопштението се наведува дека Кимпембе не се опорави од повредата поради што не е спремен да патува во Катар. На негово место селекторот на Франција Дидие Дешамп го повика одбранбениот играч на Монако, Аксел Дисаси.

24-годишниот Дисаси игра за Монако од 2020.година, а уште нема дебитирано за француската репрезентација која е бранител на Светската титула.


Ѓоковиќ доби дозвола за настап во Австралија

Еден од најдобрите светски тенисери, Новак Ѓоковиќ, ќе може да настапува на претстојниот Австралија Опен, откако и официјално му е укината забраната за влез во таа земја.

Според информациите, новиот министер за имиграција на Австралија донел одлука за поништување на забраната за влез во земјата на Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер ќе добие виза и без проблем ќе може да влезе во Австралија каде ќе игра на првиот Гренд слем во сезоната.


Манчестер Јунајтед планира да го казни Роналдо со еден милион фунти

Англиските медиуми објавуваат дека челниците на Манчестер Јунајтед размислуваат да го казнат Кристијано Роналдо со најмалку еден милион фунти поради интервјуто кое го даде за водителот и новинар Пирс Морган.

Роналдо во тоа интервју изјави дека се чувствува предаден од Манчестер Јунајтед бидејќи клубот посакувал да го истера од Олд Трафорд. Португалскиот фудбалер истакна и дека не го почитува тренерот на екипата Ерик тен Хаг бидејќи Холанѓанецот не го почитувал него.

Интервјуто на Роналдо предизвика голем интерес и бурни реакции во англиската јавност бидејќи Роналдо упати критики кон Јунајтед поради фактот што клубот немал никако напредок уште од времето на Сер Алекс Фергусон.

Од клубот се видно разочарани од изјавите на Роналдо па размислуваат да му изречат парична казна од најмалку еден милион фунти.


Дејан Станковиќ останува тренер на Сампдорија

Тренерот на калчолигашот Сампдорија, Дејан Станковиќ, нема да добие отказ од клубот. Иако српскиот тренер не забележа победа на досегашните четири натпревари во Серија А, тој доби целосна доверба од раководството на клубот од Џенова.

Според информациите, се очекува Сампдорија во наредниот преоден рок да доведе неколку фудбалски засилувања со кои ќе проба да обезбеди опстанок во најдобрата италијанска лига.

Сампдорија во моментот се наоѓа на претпоследната позиција од табелата во Серија А.


РК Вардар 1961 соопшти две засилувања за наредната сезона

Ракометниот клуб Вардар 1961 соопшти дека од наредната сезона екипата ќе се засили со доведување на двајца македонски ракометари.

Како нови засилувања се договорени Томислав Јагуриновски и Михаил Аларов. Двајцата ракометари потпишаа двегодишни договори. Јагуриновски е поранешен играч на Вардар кој сега повторно се враќа во старата средина, а за Аларов ова ќе биде прв настап во поранешниот европски првак.


За прв пат во историјата, женски судии ќе водат натпревари на СП во Катар

Светската фудбалска федерација – ФИФА, избра шест жени судии кои во Катар за прв пат во историјата ќе судат натпревари на Светско првенство за фудбалери.

За Мундијалот во Катар се делегирани 36 главни судии, 69 помошни и 24 судии задолжени за ВАР. Како што се наведува во соопштението, од 129 судии, на списокот се наоѓаат и шест жени,од кои три ќе бидат главни судии на натпреварите.


Бензема: Роналдо уште не ми честитал за освојувањето на „Златната топка“

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, кој неодамна ја освои Златната топка, зборуваше за оваа награда и за неговата здравствена состојба.

„Не сакав да престанам да играм додека не ја освојам Златната топка. Секогаш верував во себе, знаев дека во одреден момент дека со моите квалитети и амбиции можам да победам. Затоа во последните четири години постојано се трудев да го дојдам до овој трофеј.

Дали Роналдо ми честиташе? Не не сеуште.

Мојата форма? Добро сум, имав мала болка, мала непријатност имаше насекаде. Со толку многу натпревари, тоа е нормално. Се грижев за себе, ќе бидам во форма и подготвен за репрезентацијата, така што нема проблем. Ќе се фокусирам на она што треба да го направам. Сакаме да играме фудбал. Проблемот е што ние не сме машини. Секогаш мораме да бидеме 100% подготвени и да играме на секои три дена. Во одреден момент има повреди, тоа е нормално“, изјави Бензема.