feature

Тотенхем ја следи ситуацијата со Џо Гомез

Челниците на Тотенхем планираат да испратат понуда до дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез, кој не е задоволен од минутажата и сака да си замине од „Енфилд“.

24-годишниот фудбалер од почетокот на сезоната забележа скромни 14 натпревари од кои 5 беа во Премиер лигата. 

Тоа само наведува дека Гомез не влегува во плановите на тренерот, Јирген Клоп и дека ќе добие дозвола да ги напушти „црвените“.


УЕФА потврди почеток на постапка против Насе Ал Келаифи

УЕФА отвори дисциплинска постапка против претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, поради непримерно однесување по елиминацијата од Реал Мадрид во осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ).

Реал во средата на „Сантијаго Бернабе” го совлада ПСЖ 3-1 и ја надомести негативата од 0-1 од првиот натпревар во Париз со што обезбеди пласман меѓу осумте најдобри екипи во ЛШ.

Шпанските медиуми објавија дека Ал Келаифи по натпреварот во Мадрид упаднал гневен во собата на судиите, обраќајќи им се со висок тон. Претставник на Реал Мадрид со својот мобилен телефон го снимал однесувањето на првиот човек на францускиот шампион, по што Ал Калаифи насилно му го одзел телефонот и му се заканил дека ќе го убие.

„Потврдуваме дека е отворена дисциплинска постапка и оти одлуката ќе биде донесена во разумно време“, соопшти УЕФА, додавајќи оти под истрага е и однесувањето на спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо.


Интер ќе го продава Санчез за симболична цена

Напаѓачот на Интер, Алексис Санчез се очекува да го напушти клубот во текот на летниот преоден рок. Според Калчомеркато „нероазурите“ се надеваат дека ќе го продадат Чилеанецот за да ги намалат трошоците за плати на екипата.

Договорот на Санчез со Интер вклучува ослободителна клаузула од 4 милиони евра. Сепак, клубот од Милано е подготвен да се раздели со 33-годишниот напаѓач за многу пониска сума.

Алексис е член на Интер од 2020 година, каде што се приклучи како слободен агент од Манчестер Јунајтед. Неговиот договорот со Интер е со важност до 30 јуни 2023 година.

Санчез оваа сезона одигра 19 натпревари во Серија А,и постигна два гола и три асистенции


Луческу остана без пет милиони долари заради војната во Украина

Тренерот на Динамо Киев, Романецот Мирчеа Луческу одеднаш западна во големи финансиски проблеми.

Имено, Романецот поради војната во Украина не може да располага со сметките во тамошните банки, односно пристап до најмалку пет милиони долари, јавуваат локалните медиуми.

Во Украина има строги ограничувања за финансиските трансакции, па Луческу во блиска иднина нема да може да смета на тие пари. Луческу има годишна плата од два милиони во Динамо, но поради моменталната ситуација мораше да се врати во Романија.

Тој има договор со клубот од Киев до летото 2024 година, но останува да се види дали ќе биде раскинат.

Интересно, Луческу своето име го изгради во Шахтјор Доњецк, клубот кој беше најтешко погоден од војната меѓу Украина и Русија, а неколку години подоцна реши да го преземе својот најголем ривал.


Симоне Инзаги може да здивне, Брозовиќ не е сериозно повреден

Фудбалерот на Интер, Марсело Брозовиќ, кој превентивно го напушти теренот на мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите, нема повреда на  потколеницата.

„Прегледите на Марсело Брозовиќ од стрна на медицинскиот штаб на клубот покажаа дека тој нема повреди“, соопшти италијанскиот состав.

Тоа значи дека играчот од средниот ред во текот на викендот ќе може да настапи на претстојниот меч со Торино.


Јовиќ желба на Борусија Дортмунд од следната сезона

Борусија Дортмунд го сака напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, пренесуваат германските медиуми. Јовиќ е во втор план во Реал Мадрид и е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а Борусија сака да ја искористи таквата ситуација.

„Милионерите“ се свесни дека на крајот на сезоната ќе останат без Халанд, па во Србинот гледаат идеална замена за Норвежанецот.

Јовиќ има големо искуство во Бундеслигата, каде ја доживеа својата афирмација и е спремен да ја прифати понудата на Борусија Дортмунд.


Легендарниот Буфон во заштита на Донарума

Италијанската голманска легенда Џанлуиџи Буфон застана во одбрана на својот сонародник Донарума по елиминацијата на неговиот Пари Сен Жермен во осминафиналето од Лигата на шампионите од мадридски Реал. Буфон смета дека можело да биде досуден прекршок над Донарума после голот на Карим Бензема.

„Ваквите грешки му помагаат на секој фудбалер да расте. Тие се дел од развојниот процес и сигурен сум дека нема да имаат негативно влијание, бидејќи Донарума веќе ја докажа својата сила да ги преброди тешките моменти. Да бидам искрен, во Италија тоа би било фаул над голманот. Требаше спорната ситуација да се провери преку ВАР. Јас како голман би бил бесен при таква ситуација,“изјави Џиџи Буфон во интервју за „Кориере дело Спорт“.


Вардар го потврди ангажманот на ракометарот Цехте

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961, го промовира првото засилување за наредната сезона. Нов член на тимот од Скопје ќе биде десниот бек на Хановер, Словенецот Нејц Цехте.

Договорот на 29-годишниот Цехте со Вардар е на една година, но со можност на продолжување на соработката. 

Играчот е репрезентативец на Словенија и последниве две сезони е соиграч на Филип Кузмановски во бундеслигашот Хановер.


Јуве започна преговори со Жоржињо од Челзи

Примарна цел на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде плејмејкерот на Челзи, Жоржињо.

Италијанецот има договор со „сините“ до 2023 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а преговорите за продолжување на соработката за во застој. Жоржињо во 2018 година од Наполи се пресели во Челзи за 50 милиони фунти, а сега сака да се врати во Италија.

Јувентус веќе подолго време е во контакт со неговиот агент и работи на неговиот трансфер.

Жоржињо веќе го известил Челзи дека сака да го напушти клубот на крајот на сезоната, па наскоро ќе очекува двата клуба да започнат преговори.


Еурофарм Пелистер договори нов среден бек

Португалецот Вилсон Дејвис е најново засилување за екипата на Еурофарм Пелистер. 

33-годишниот Дејвис игра на позицијата среден бек, а според договорот тој ќе остане во битолскиот клуб во наредните две години.

Вилсон Дејвис во Еурофарм Пелистер доаѓа од францускиот клуб Иври, а претходно има настапувано за екипите на Нант, Сесон Рен и Данкерк.