Шок во Јунајтед! Фернандеш одби да потпише нов договор!
Бруно Фернандеш одби да потпише нов договор со Манчестер Јунајтед, објави англискиот медиум „Мирор“ и ги објасни околностите на оваа одлука. Португалецот од доаѓањето во клубот се наметна како најдобар фудбалер во тимот на Оле Гунар Солскјер, па сега англискиот великан се одлучи да го награди со нов договор. Јунајтед на Португалецот му нуди нов петгодишен договор со двојно поголема плата од досегашната. Се работи за 200 илјади фунти неделно, но поранешниот фудбалер на Спортинг ја одби оваа понуда и постави услови на Јунајтед. Тој нема да потпише нов договор пред да ги слушне плановите на клубот за ова лето и отворањето на трансфер пазарот, како би можел да оцени каде се гледа во тие планови. Сега на потег е Јунајтед, кој мора да одлучи дали ќе му ги оствари желбите на најдобриот фудбалер.
Меси и Роналдо без четвртфинале во ЛШ уште од тинејџерските денови
Со елиминацијата на Барселона и Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите прекината е неверојатната низа на учество на Лионел Меси и Кристијано Роналдо во четвртфиналната фаза од ова натпреварување. Актуелната сезона ќе биде прва уште од сезоната 2004/05, кога двајцата најдобри фудбалери на светот не беа меѓу осумте најдобри клубови на Стариот континент. Таа сезона и двајцата ја започнаа како тинејџери, а сега се на залезот на кариерата, што само по себе говори за должината на низата која синоќа и официјално е прекината. Елиминацијата на Барселона во Лигата на шампионите во осминафинале се случи синоќа за прв пат уште од 2007. година, кога во оваа рунда ги елиминираше тогашниот финалист Ливерпул. Останува да видиме каков одговор ни подготвуваат Меси и Роналдо, дали можеби наредната сезона ќе се обидат со други клубови да го преболат овогодишниот пораз?
Ањели го потврди Пирло, но најави голема реконструкција во Јуве
Јувентус го победи Порто, но после продолженија „старата дама“ поради голот на гости беше елиминирана. После натпреварот критики доби и тренерот на Андреа Пирло. Пирло на кормилото на Јувентус дојде на почетокот на оваа сезона и тоа без ден тренерско искуство. Токму затоа во Јувентус не размислуваат за негов отказ. Претседателот Андреа Ањели имал состанок со Пирло на кој и двајцата заклучиле дека Пирло ќе го води италијанскиот шампион и наредната сезона. И Пирло на прес-конференцијата после натпреварот истакна дека е во Јувентус за да работи на проект од неколку години. На споменатиот состанок според информациите се раговарало и за промените кои треба да се направат во играчкиот кадар.
Лазаров: Почнуваме ново поглавје, спремни сме за Данска
Утре Македонија ја очекува првата од двете средби со селекцијата на Данска во проролжението на квалификациите за Европското првенство. Нашата репрезентација е подготвена за предизвикот, а новиот селектор Лазаров вели дека е задоволен од она што го одработија на подготовките. „Мислам дека сме подготвени, имавме доволно време. Не случајно ги почнавме подготовките два дена порано. На време и се комплетиравме, последен се приклучи Пешевски во вторникот, останатите интернационалци во понеделникот. Мене ми е познат овој ритуал на подготовки, толку време имаат и останатите репрезентации, ние максимално го искористивме. Имавме добри услови и можам слободно да кажам дека добро сме подготвени. Играме против светскиот првак, актуелниот сè уште олимписки шампион. Мене и на играчите ни е чест, што можеме да отвориме едно ново поглавје на македонскиот ракомет почнувајќи со, можеби најдобрата репрезентација на денешницата. Спортски е да се надеваме. Како селектор и како капитен доделив јасни, конкретни улоги, играчите добија можеби и премногу информации за кратко време. Јас мислам дека комплетната слика на оваа нова Македонија која треба да биде ќе ја имам по двата натпревара со Данска. Како што реков, спортски е да се надеваме, ќе веруваме и ќе се бориме докрај, меѓутоа од друга страна знаеме и треба да бидеме реални дека, сепак, Данска е можеби најдобрата светска репрезентација во моментов. Од она што го видовме во видео сесиите, повеќе од десетина, покрај тоа што ја анализиравме Данска, научивме и некои нови работи, дури и јас, кој сум многу долго на високо ниво во ракометот. Навистина беше задоволство за играчите да гледаме, да анализираме и да се подготвуваме за нив, но и да научиме нови работи. Видовме дека не случајно се и 2019 и 2021 светски и актуелни олимписки прваци“, вели нашиот капитен и предводник на оваа генерација.
„Граѓаните“ му понудија нов договор на Де Брујне
Челниците на Манчестер Сити му понудиле нов договор со многу подобри финансиски услови на фудбалерот од средниот ред Кевин Де Брујне кој се уште размислува дали да остане во клубот. Иако висината на платата не се наведува, медиумот прогонозира дека двете страни може да најдат заеднички јазик пред крајот на сезоната. Актуелниот договор на Белгиецот трае до летото во 2023 година. Тој сега добива околу 310 илјади фунти (362 илјади евра) неделно, земајќи ги в предвид и бонусите. Кевин кој игра за англискиот клуб од 2015 година во тековнава сезона има 22 меча во Премиер лига на кои даде три гола и направи 11 асистенции.
Мерцедес му изрече ултиматум на Луис Хамилтон
Екипата на Мерцедес му даде рок од два месеца на Луис Хамилтон да одговори дали ќе остане во тимот и по крајот на годинашнава сезона. Германците кон крајот на мај сакаат да знае дали освојувачот на 7 титули во формула 1 ќе биде на нивниот список и за шампионатот во 2022 година. Тоа го потврди и шефот Тото Волф кој е воедно и акционер во Мерцедес. Доколку Хамилтон не се согласи да ја продолжи соработката, тогаш како негов наследник се наметнува Џорџ Расел.
Суспендиран центарот на Мајами
Центарот на Мајами, Мајерс Ленард има спонзорски договор со видео игра која мора да ја игра во живо, а во текот на еден пренос му се случи голем испад. Тој упати погрешен збор, го употреби зборот „кајк“ кој е навредлив за Евреите. „Мајами Хит го осудува секој вид на говор на омраза. Зборовите кои ги употреби Ленард се погрешни и тоа нема да го толерираме, независно за кој станува збор во нашата франшиза. Да се слушне такво нешто од играч на Мајами е посебно разочарување за сите оние кои се во нашата организацијаза за зедницата, за Флорида.“ – стои во соопштението на клубот. Се извини и Ленард, но ќе биде суспендиран, бидејќи НБА лигата нема многу толеранција за вакви испади.
Досега невидено! Тренер беснееше на прес конференција! (видео)
Тренерот на кошаркарите на Сасари, Џанмарко Поцеко го привлече вниманието кон себе со неверојатен излив на бес на конференција за медиуми по поразот на гостувањето кај Нимбурк со 90:89 во ФИБА Лигата на шампионите. Италијанскиот стручњак го обвини судијата дека ја „скрои“ победата на домашниот тим, а во друштво на Миро Биран не штедеше зборови ниту гестикулации да ја искаже нервозата. „Мислам дека е неверојатно што се случи во последниот напад, ги замолив судиите да отидат и да ја прегледаат акцијата, бидејќи бев сигурен дека нашите ривали ја допреа топката. Мислам дека не е фер, момците поминаа долг пат за да го играат овој натпревар. Секој може да погреши, но овде зборуваме за нешто друго.“ – рече Поцеко. Сасари по овој натпревар стигна до вториот пораз, што додатно го разбесни тренерот на тимот. Погледнете како тоа изгледаше.
Спортинг пред титула по 20 години, на тренерот му се заканува суспензија од 6 години?!
Спортинг Лисабон се наоѓа на прагот на титула, „Лавовите“ по одиграни 22 кола имаат 10 бодови повеќе од Порто. Тоа би бил прекин на постот кој трае скоро 20 години, но за „генијалецот“ кој стои зад успехотѕ се заканува доста долга суспензија. Синдикатот на тренери на Португалија поднесе тужба против тренерот на Спортинг, Рубен Аморим. Некогашниот играч на Бенфика и репрезентативец на Португалија, а сегашен тренер наводно го водел својот тим без дозвола! Аморим го презеде Спортинг во март минатата година, но во тој момент наводно немал дозвола да работи во Примера. Спортинг соопшти дека оваа тужба ќе се запамети „како една од неверојатните епизоди за жалење во португалскиот фудбал“. Спортинг тврди дека Аморим ги почитуваше правилата и дека не постои основа за негова суспензија. Сега е се оставено на фудбалскиот сојуз, доколку Аморим се докаже како виновен го чека суспензија во траење од една до максимални шест години, додека Спортинг би можел да плати финансиска казна.
Започната истрага против пет фудбалери на Ренџерс
Шкотскиот фудбалски сојуз започна постапка против пет фудбалери на Ренџерс поради кршење на пропишаните епидемиолошки мерки откако присуствувале на една забава, иако мораа да бидат во самоизолација. Играчите од првиот тим Бонгани Зунга, Нејтан Патерсон и Калвин Баси, како и позајмените играчи Дапо Мебуде и Брајан Киниар, минатиот месец присуствувале на забава иако морале да бидат во самоизолација на десет дена. Куќната забава била прекината од полицијата која пријавила десет луѓе, а потоа се откри дека помеѓу нив биле и играчите на Ренџерс. Клубот веќе ги казни, а сега се очекува и казна од фудбалскиот сојуз. Во декември минатата година, играчите на Ренџерс, Џордан Џонс и Џорџ Едмундсон добија забрана од седум натпревари поради кршење на прописите со присуство на приватна забава. Ренџерс во неделата и официјално ја освои титулата во првенството оваа сезона и тоа на шест кола пред крајот.