feature

Рамос не помислува на пензија, сака да игра уште 4-5 сезони

36-годишниот шпански дефанзивец на Пари Сен Жермен Серио Рамос откри дека сака да одигра уште најмалку 4-5 сезони на високо ниво и дури потоа да размислува за нешто друго во кариерата.

„Имам уште двегодишен договор со Пари Сен Жермен и ќе се обидам да го зголемам барем за уште една сезона. Тогаш ќе видиме. Физички се е во ред со мене и мислам дека ќе се фокусирам на исполнување на мојата цел“, прокоментира Рамос, кој минатото лето со слободен трансфер од Реал Мадрид се пресели во ПСЖ. Поголемиот дел од натпреварите во Париз ги пропушти поради повреди.


Дидие Дрогба сака да биде прв човек на федерацијата

Поранешниот голгетер на Челзи, Дидие Дрогба се кандидира за претседател на Фудбалската федерација на Брегот на Слоновата Коска.

44-годишниот Дрогба, е еден од шесте кандидати кои ќе се кандидираат на изборите закажани за 23 април.

Дрогба има повеќе од 100 настапи за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, со која учествуваше на светските првенства во 2006 и 2010 година.


Голд Слот донира комплет дресови за Женскиот кошаркарски клуб „Трокал“ од Кавадарци

Женскиот кошаркарски клуб „Трокал“ од Кавадарци, одигра доста успешна сезона, при што успеа да се пласира во разигрувањето за пласман во Првата А кошаркарска лига.

Успехот на клубот беше препознат од Голд Слот Клубовите, кои одлучија нивниот труд и работа да го наградат со донирање на 15. комплети кошаркарски дресови, кои ќе помогнат во полесно функционирање на екипата. Кошаркарките на Трокал веќе имаа можност да ги облечат новите дресови на нивниот прв натпревар во разигрувањето за пласман.

Од Голд Слот напоменуваат дека секогаш биле, и ќе продолжат да бидат достапни за нудење помош и поддршка на спортските клубови и екипи, со цел нивно непречено делување и постигнување на што подобри натпреварувачки резултати.


Ракометарите ќе поделат 50.000 евра ако се пласираат на СП 2023

Нашите најдобри ракометари ќе добијат премија од РФМ во висина од 50.000 евра доколку ја елиминираат Чешка во баражот за пласман на Светското првенство во Полска и Шведска во 2023 година.

РФМ веста ја потврди со официјално соопштение лиферувано до медиумите.

Чешка и Македонија првиот меч ќе го одиграа в среда во Злин додека реваншот е закажан за в недела во СЦ „Борис Трајковски“.


Надал го откажа учеството на турнирот во Барселона

Поради повредата која ја заработи во Америка, на Индијан Велс, Рафаел Надал сеуште не е во натпреварувачка форма и го откажа учеството на турнирот во Барселона кој е закажан за идната недела.

Според портпаролот на Шпанецот, постојат шанси тој да се врати на теренот во почетокот на мај, и да заигра на тенискиот турнир во Мадрид, кој е претходница на Ролан Гарос во Париз.


Абрамович ја купува Валенсија?

Роман Абрамович додека ја чека продажбата на Челзи е во потрага по нов клуб. Абрамович мораше да го напушти Челзи поради случувањата во Украина и инвазијата на Русија, но сака да остане во фудбалот.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Абрамович сериозно размислува да испрати понуда за купување на Валенсија.

Абрамович планира од продажбата на Челзи да добие скоро 5 милијарди евра, а дел од тие средства сака да ги насочи за купување на клубот од „Местаља“.

Валенсија е во лоша финансиска ситуација и нема големи спортски успеси во последно време, па со доаѓањето на Абрамович тоа може да се промени.

„Сопственикот Петер Лим неколку пати се обиде да го продаде клубот. Се чини дека сега има понуда од Абрамович“, изјави еминентен шпански новинар.


Интер ќе ја продолжи соработката со тренерот Инзаги

Калчомеркато пишува дека Интер ќе го продолжи договорот со тренерот Симоне Инзаги.

Новиот договор на 45-годишниот Италијанец ќе трае до крајот на 2024 со опција за продолжување на уште една година, а неговата плата ќе изнесува 5 милиони евра годишно, без бонуси.

Актуелниот договор на Инзаги е до крајот на следната сезона, според кој добива 4,5 милиони евра. Интер продолжува со борбата за титулата во Серија А, и во моментот е на втората позиција од табелата, два бода зад лидерот Милан, но и еден натпревар помалку.


Реал последен се приклучи во трката за Тилеманс

Белгискиот репрезентативец од екипата на Лестер, Јури Тилеманс е една од можните трансфер цели на Реал Мадрид за следната сезона. Како што објави „Марка“, фудбалерот има еден куп понуди за продолжување на кариерата, па останува неизвесно кој ќе го убеди ова лето да се пресели во нивните редови.

Освен Реал, за услугите на Белгиецот е заинтересиран и Манчестер Ј, а претходно се појавија информации за интерес и од уште еден куп други тимови. Мрежата CBS објави дека белгискиот играч за врска има понуди и од Ливерпул, Вест Хем Јунајтед, Арсенал, па дури и од Јувентус.


Три клуба се фаворити за потписот на Дарвин Нуњес од Бенфика

Екипите на Манчестер Јунајтед, Челзи и Париз Сен Жермен се главните фаворити за потписот на Дарвин Нуњес од Бенфика. 22-годишниот напаѓач со своите одлични игри оваа сезона го привлече вниманието на европските гиганти.

Според медиумите во Англија, Уругваецот ќе биде еден од најголемите трансфери ова лето. Големите европски тимови ја скаутираат ѕвездата на Бенфика, а како најзаинтересирани се споменуваат Манчестер Јунајтед, Челзи и ПСЖ. Вредноста на играчот се очекува да биде околу 58 милиони фунти. Неговиот договор со клубот од Лисабон  е до летото 2025 година.

Нуњес оваа сезона има скор од 31 гол во сите натпреварувања за Бенфика.


Левандовски од Баерн се сели во Барселона

Најдобриот фудбалер на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, ќе ги напушти Баварците на крајот на сезоната. Полскиот репрезентативец планира да си замине од „Алијанц Арена“ и да потпише за Барселона.

Според дел од медиумите во неговата татковина, трансферот ќе биде околу 60 милиони евра а неговиот договор ќе биде за три сезони со плата од 8 милиони евра плус бонуси.

Левандовски кој го облече дресот на Баерн во 2014 година, досега има одиграно 369 мечеви и постигнато 340 гола.