feature

Половина Европа го сака Флориан Виртц од Баер Леверкузен

Флориан Виртц го привлече вниманието на најголемите клубови на стариот континент.

Барселона, Реал Мадрид и Баерн Минхен веќе подолго време ги следат настапите на Виртц и сакаат да го донесат во своите редови.

Новинарот Фабрицио Романо открива дека по завршување на сезоната ќе има сериозно наддавање за потписот на 18-годишниот талент. Виртц има договор со Леверкузен до 2026 година, па поради тоа „фармацевтите“ не брзаат со продажбата. Меѓутоа, германскиот клуб е спремен да го продаде доколку некој клуб испрати примамлива понуда.

Виртц оваа сезона има 10 гола и 13 асистенции во Бундеслигата и важи за еден од најголемите таленти во Европа.


Дарио Ивановски балкански вицешампион на 3.000 метри

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е балкански вицешампион откако заврши на второто место на трката на 3.000 метри.

Ова Балканско првенство за Сениори во сала се одржува во Истанбул, 

Турција каде учествуваат над 350 атлетичари од 22 земји.

Дарио Ивановски во дисциплината на 3000м со резултат 7:58.48 што е нов национален рекорд на Македонија вреден 1087 бода, а тоа му го донесе второто место и сребрениот медал, дисциплина во која претходната година на истото првенство го освои златниот медал и се закити со титулата балкански шампион.


Милан го капарисал Андре Белоти од Торино

Андреа Белоти на лето ќе се пресели во екипата на Милан.

Белоти помина пат од човек кој Торино не сакаше да го продаде ниту за цент помалку од 100 милион иевра кога интерес за него покажуваа екипи како Тотенхем и Арсенал до напаѓач кој без оштета ќе го напушти клубот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Белоти и Милан се договориле за соработка и од лето тој ќе биде нов играч на „росонерите“. Белоти во Торино е од 2015 година и прерасна во вистинска легенда клубот. Сезонава имаше проблеми со повреда па одигра само 12 натпревари и постигна четири гола.


Ренџерс без фанови ќе ја пречека Црвена Звезда?

УЕФА отвори истрака против шкотски Ренџерс на само неколку дена пред натпреварот во осминафиналето во Лига Европа против Црвена Звезда.

Во натпреварот против Борусија Дортмунд во Глазгов навивачите на Ренџерс влегоа на теренот и го прекинаа мечот. Поради Европската куќа на фудбалот отвори истрага, а од Ренџерс се огласи за овој случај.

„Имаме нулта толеранција кога во прашање е влегувањето на публика на теренот. Родителите кои помагаа на децата да влезат на теренот ќе бидат изложени на дисциплинска постапка од страна на клубот. На играчите ќе им биде забрането да даваат дресови на оние кои влегоа на теренот“, порача од Глазгов Ренџерс.

Една од можните казни за Ренџерс е натпреварот против Звезда на 10 март да го игра пред празни трибини.


Бернардо Силва размислува да го напушти Манчестер Сити

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва најави дека на крајот од сезоната ќе се сретне со раководството на англискиот клуб.

„На крајот на сезоната ќе се сретнам со раководството на Манчестер Сити и ќе одлучам што е најдобро за двете страни. Сега на средината на сезоната сакаме да освојуваме трофеи. Не е време да зборувам за мојата иднина“, изјави Бернардо Силва.

27-годишниот Силва на 25 натпревари во Премиер лигата оваа сезона постигна седум гола и една асистенција. На шест натпревари од Лигата на шампионите има и два гола и две асистенции.


Украинското фудбалско првенство ќе се доигра во Италија

Италија е подготвена да биде домаќин на остатокот од сезоната на Украинското фудбалско првенство.

Ова го соопшти првиот човек на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) Габриеле Гравина.

„ФИГЦ е подготвен да биде домаќин на натпревари од украинскиот шампионат, бидејќи сакаме да им помогнеме. Работиме и на други иницијативи“, рече Гравина во интервју за Кориере дела Сера.

Првенството на Украина беше прекинато на 24 февруари.


Русинот Мазепин доби отказ од Формула 1 тимот Хас

Никита Мазепин и официјално нема да вози оваа сезона во Формула 1. Имено неговиот, сега веќе поранешен тим Хас, одлучи да му го раскине договорот на рускиот возач и да го отстрани од тимот.

Причината е војната во Украина. Познато е дека семејството Мазепин е во блиску односи со претседателот на Русија. Одлуката, тимот на Хас ја образложи дека како и целиот свет и тие се шокирани од случувањата во Украина и дека го раскинуваат договорот не само со возачот туку и со руските спонзори.


Британија и Ирска сакаат заедничко Европско првенство во 2028 година

Европското првенство во фудбал во 2028 година најверојатно ќе се одржи во Велика Британија и Ирска.

Фудбалските сојузи на Англија, Северна Ирска, Велс, Шкотска и Ирска поднесоа заедничка апликација пред еден месец и, очигледно, ќе победат без противници.

Според весникот Дејли меил, Турција ќе ја повлече својата апликација затоа што загуби на два претходни избори за Евро 2016 и Евро 2024.

Дејли Мејл, исто така, верува дека Русија нема да се квалификува за домаќин на Евро 2028, бидејќи земјата е суспендирана од турнирите на ФИФА и УЕФА.


Федерер се враќа на теренот на крајот од летото или на почетокот на есента

Роџер Федерер изјави дека би требало да се врати на тенискиот терен на крајот од летото или на почетокот на есента. Швајцарецот беше присутен на велеслаломската трка во Ленцерхајде, и притоа кажа дека е оптимист во поглед на иднината.

„Влегувам во фаза во која можам да размислувам за враќање на играњето тенис. Имав добра магнетна резонанца пред неколку недели и тоа ми дава оптимизам. Сега се чувствувам многу подобро, и планирам да започнам со натпревари до крајот на летото или на почетокот на есента. Вистинска одлука беше да паузирам и да се опоравувам после Вимблдон, бидејќи не можев да продолжам да играм поради големи болки во коленото“, потенцира Федерер.


Рамос го напушта ПСЖ

Француските медиуми пренесуваат дека поранешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос, ќе го напушти тимот на Париз Сен Жермен по завршетокот на сезоната.

Иако минатото лето, 35-годишниот дефанзивец, потпиша две годишен договор со клубот од Париз, многу веројатно е дека тој ќе ја одработи само оваа сезона.

Од самото пристигнување во ПСЖ, Рамос се мачи со повредите и не успеа да се врати во посакуваната форма.