feature

Артета го сака Рубен Невеш како замена за Одегард

Арсенал го договори трансферот на талентиранииот фудбалер на Андерлехт, Самби Локонга, но не застанува тука. Следна цел на „топџиите“ е плејмејкерот на Вулверхемптон Рубен Невеш со кого веќе се почнати преговорите.

Португалецот е голема желба на тренерот Артета, кој во него гледа идеално засилување за средниот ред после заминувањето на Себаљос и Одегард.

Вулверхемптон е спремен да го пушти Невеш, но за неговата слобода бара 35 милиони фунти, па двата клуба веќе ги започале преговорите.

Арсенал на Невеш му понуди 5-годишен договор и тој веќе кажа ДА на понудата.


Финална „фан зона“ на Евротип во Куманово!

Англичаните отсекогаш важеле за едни од фановите кои создаваат „најжешка“ атмосфера, сигурни сме дека таква ќе биде и за време на финалето на Европското првенство на Вембли, но истото можеме да го очекуваме и во Евротип фан зоната, која за финалниот натпревар ќе биде на отворено, на просторот кај бензинската пумпа Пин Петрол во Куманово!

Бројни изненадувања, подготвен простор за уживање и следење на фудбалскиот натпревар Ве очекуваат, на вас останува само да го поведете вашето друштво и со пијалак и тикет одигран на најдобрите услови и квоти во Евротип, да го проследите финалето каде ќе го дознаеме европскиот шампион.

Во текот на целото Европско првенство, фан зоните организирани во секој град ширум државата на Евротип беа голем хит, а не се сомневајте дека најдоброто е оставено за крај. Дојдете во Куманово заедно да го проследиме финалето, да уживаме во фудбалската магија, а во истовреме и да се обложуваме во Евротип, каде Ве очекуваат и најголем број на специјални игри посветени на финалето, но и убедливо најдобрите квоти и услови за обложување.

Дојдете и уверете се зошто токму фан зоните на Евротип беа најпосетувани во текот на Европското првенство!


Милан пред договор со Челзи за Оливие Жиру

Милан е блиску до комплетирање на трансферот на Оливие Жиру.

Французинот ќе потпише двегодишен договор со Милан и годишно ќе заработува 3,5 милиони евра. Жиру од поодамна постигна договор со „росонерите“, но Челзи ја искористи опцијата за продолжување на договорот на уште една година, па не можеше да се пресели на „Сан Сиро“ како слободен агент.

Последните информации се дека Милан и Челзи постигнале договор и во наредните денови Жиру ќе го комплетира трансферот.

„Росонерите“ на Челзи ќе му платат симболична сума преку разни бонуси.


Фудбалерите од Серија А најефикасни на Европското првенство

Фудбалерите кои играат во  Серија А постигнаа најмногу голови на мечевите на Европското првенство на кое се чека уште финалето меѓу Англија и Италија.

Играчите од италијанскиот шампионат постигнаа – 36 голови, од Премиер лигата 29 погодоци а од Бундес-конкуренцијата само 1 гол. Ѕвездите на шпанската Ла Лига имаа 9 прецизни удари. Следат француската Лига 1 (7 гола) и португалската Примеира лига (3 гола).

Претставниците на шампионатите на Белгија, Холандија, Русија и Хрватска постигнаа по два гола а играчите од шампионатите на: Турција, Унгарија, Шкотска, Словачка, Чешка, Украина и Кина постигнаа по еден гол.


Дешамп останува селектор и по Европското првенство

Франција беше прв фаворит за освојување на Европското првенство, но непријатно изненадување им приредија Швајцариците од кои беа поразени во осминафиналето.

Во тој натпревар Франција водеше со 3-1, Швајцарија успеа да се врати до 3-3, а потоа и на пенали да ги елиминира актуелните светски шампиони.

По овој пораз се шпекулираше дека Дидие Дешамп може да добие отказ, сепак тоа нема да се случи. Тоа го потврди првиот човек на Фудбалската федерација на Франција, Ноел Ле Грат.

„Дешамп ќе ја води Франција и на СП во Катар. Седнавме и се што имавме решивме за три минути. Ја видов неговата желба и мотив да остане и да ја води репрезентацијата, тоа е нешто кое и јас го посакував. Немаше дискудија брзо се договоривме“, изјави Ле Грат.


Холанѓанецот Кујперс ќе го суди финалето на Европското првенство

Бјорн Кујперс ќе биде главниот судија на финалето од Европското првенство помеѓу Англија и Италија. Нему ќе му помагаат Сандер ван Роекел и Ервин Заинстра, а четврти судија ќе биде Карлос Дел Серо Гранде од Шпанија.

Така, на вториот последователен натпревар на Англија, судијата ќе биде од Холандија. Во полуфиналето против Данска судија беше Дани Меккели, кој досуди контроверзен пенал за домаќините, кој го реализираше Хари Кејн, а Англија се пласираше во финалето по продолженијата со победа од 2-1.

Кујперс досега судеше на три натпревари на ЕП 2020: Белгија – Данска (2-1) и Шпанија – Словачка (5-0) во групната фаза и четвртфиналето Данска – Чешка (2-1). Надвор од својата работа како фудбалски судија, 48-годишниот Кујперс е сопственик на супермаркет.

Во 2013 година тој го водеше финалето во Лигата на Европа помеѓу Бенфика и Челзи, а во 2014 година беше главен судија на финалето во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.


Без гледачи на Олимписките игри во Токио

Олимписките игри во Токио ќе се одржат без гледачи, објави јапонската министерка за ОИ, Тамајо Марукава. Претходно, Јапонија прогласи вонредна состојба во државата поради пандемијата на коронавирусот, која ќе трае и за време на Игрите.

Организаторите на натпреварувањето, Меѓународниот олимписки комитет и јапонската Влада, поради тоа донесоа одлука дека сите натпревари ќе се одржат без гледачи, иако веќе беа продадени повеќе од три милиони влезници. Таквата одлука беше очекувана од причина што Јапонија бележи пораст во бројот на заразени, а забрзано се шири и делта сојот на коронавирусот.

Јапонија во средата пријави 2.180 новозаразени, од кои преку 900 беа во Токио. Вакцинацијата исто така оди доста споро, односно со две дози се вакцинирале само 15% од жителите.

Олимписките игри започнуваат на 23. јули, а ќе траат до 8. август.


Рамос ја грабна четворката во ПСЖ

Дефанзивецот на ПСЖ, Серхио Рамос ќе игра во новиот клуб со дресот со број 4.

„Навистина го ценам бројот 4. Ова е суеверие затоа што играв со него од самиот почеток на мојата кариера. Тој беше покрај мене цела моја кариера, ме надополнуваше, ми донесе среќа и многу победи. Бројот 4 е дел од мене како личност и како професионалец. За мене е чест да го носам овој број во клуб како ПСЖ. Настапот под овој број за ПСЖ дефинитивно ќе ми донесе посебни чувства“, изјави Рамос за прес-службата на ПСЖ.


Претходно се дозна дека шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос потпиша договор со ПСЖ. Договорот на фудбалерот со клубот е до 2023 година. Дефанзивецот се пресели во новиот клуб како слободен агент.


Сколари пак седна на тренерското столче во Гремио

Поранешниот селектор на бразилската фудбалска репрезентација, 72-годишниот Луиз Фелипе Сколари, кој ја освои титулата на Мундијалот во 2002 година, по четвртипат во кариерата ја презеде тренерската позиција во екипата на Гремио.

Сколари потпиша договор со Гремио до декември 2022 година, а неговата цел ќе биде да го задржи статусот во прва лига. Гремио започна многу лошо оваа сезона, по осум кола е на дното на табелата со само два освоени бода.

За време на претходниот престој на клупата на Гремио, Сколари освои една титула во Бразил, еден Куп и торфеј во Копа Либертадорес.


Јоаким Лев на клупата на европски репрезентативен великан?

Јоаким Лев се повлече од германската репрезентација по елиминацијата од Европското првенство од Англија во осминафиналето, а сега, се чини, веќе има понуда да преземе друга репрезентација.

Неколку европски медиуми ја пренесуваат информацијата дека Лев е еден од главните кандидати за преземање на руската репрезентација, откако нејзиниот досегашен селектор Станислав Черчесов доби отказ. Заедно со Лев, како кандидати се споменуваат и Стефан Кунц и Андре Виљаш-Боаш.

Лев беше селектор на германската репрезентација од 2006. година се до ова ЕУРО. Негов наследник ќе биде Ханси Флик.