feature

Максимално 30.000 гледачи дневно на трибините на Австралија опен

Не повеќе од 30.000 навивачи на ден ќе можат да присуствуваат на натпреварите на Австралија опен, пренесува Ројтерс. Ова го објави министерот за спорт на Викторија, Мартин Пакула. За последните пет дена од турнирот, не смее да има повеќе од 25 илјади гледачи на ден.
За 14 дена на турнирот ќе можат да учествуваат 390 илјади гледачи, што е околу 50% од просечната посетеност во последниве години. Се разбира, ова е различно од она што се случуваше во претходните години. Сепак, ова е најголемиот настан со гледачи во последните месеци, рече Пакула.
За потсетување, претходно стана познато дека околу 70 играчи се во карантин 14 дена во пресрет на турнирот. Тие летаа за Австралија со истите авиони со патници заразени со коронавирус.
Тенискиот Грен слем Австралија опен ќе се одржи во Мелбурн од 8 до 21 февруари.


Видео кое ги воодушеви фановите, Меси и Марадона заедно на терен!

На Интернет и социјалните мрежи кружи ретко видео кое ја воодушеви аргентинската и светската јавност.
На видеото, Диего Марадона и Лионел меси одработуваат загревање воочи натпревар на аргентинската репрезентација.
Марадона ја предводеше Аргентина од 2008. до 2010. година, а Меси во тој период беше на самиот почеток од својата кариера.
На видеото кое деновиве кружи на социјалните мреди, Марадона и Меси се загреваат и додаваат на средината од теренот.
Марадона почина на 25. ноември 2020. година, во 60. година од животот.


Гаревски и Илиев спремни за еЕУРО 2021

Давид Гаревски и Ташко Илиев ќе ја претставуваат македонската репрезентација на квалификацискиот турнир за пласман на eEURO 2021 година. Битолчаните беа најуспешни на квалификацискиот турнир кој го организираше Фудбалската федерација на Македонија во соработка со македонската Еспорт федерација.
Драго ни е што ќе бидеме македонски претставници во главните квалификации за пласман на еЕУРО 2021. На турнирот во Скопје имаше навистина голема конкуренција. Можеби не бевме меѓу главните фаворити, но успеавме да победиме. Заедно играме речиси три години и за нас ова веќе е повеќе од разонода и хоби. Во периодот што следува сигурно повеќе ќе се фокусираме на играта и нашиот напредок и се надеваме дека ќе се претставиме во позитивно светло на квалификациите.
Формацијата која ја избравме и ни донесе резултат е 4-3-3. Димитриевски на голот, во одбраната Муслиу, Зајков, Алиоски и Кире Ристевски, во средниот ред Адеми, Барди и Елмас и во нападот Пандев, Трајковски и Несторовски. Дарко Велковски, Аврамовски и Стојановски влегоа како резерва. Ние сме и менаџери и играчи и во зависност од натпреварите и можноста да користиме одредени фудбалери ја поставуваме формацијата и играта. Иако се ова е виртуелно, се разбира дека е потребно тренирање, односно посветеност“, изјавија Давид и Ташко.
Главните квалификациите ќе се извлекуваат на 8 февруари во Лондон.


Атлетико Минеиро е новиот клуб на Хулк

Бразилецот Хулк се врати во неговата татковина и потпиша договор со Атлетико Минеиро. Низ медиумите се шпекулираше дека Хулк би можел да се пресели во Порто во Португалија, Вест Хем од Англија, се споменуваа и клубови од Турција и Франција. На крајот ништо не испадна од тоа, после 15 години повторно ќе игра во Бразил.
За дебито во Атлетико Миениро ќе почека. Поради ситуацијата со коронавирусот првенството во Бразил е продолжено, па Хулк ќе мора да почека оваа сезона, па да биде регистриран за наредната.
Како што е објавено тој потпишал договор на две години со опција истиот да биде продолжен на уште една.


Алиоски: Во Премиер лигата се надигрувам со најдобрите во Европа

Езџан Алиоски влезе во последните шест месеци од договорот со тимот на Лидс.
Во островските медиуми се најавуваше дека договорот на Алиоски ќе биде продолжен, но тоа засега официјално не е направено и поради тоа се појавуваат шпекулации поврзани за неговата иднина. Последните денови актуелни се информациите дека преговара со турскиот гигант Галатасарај.
После таквите гласини Алиоски за „Би-Би-Си“ не ги коментираше директно ваквите шпекулации, но истакна дека е задоволен од својот престој во Лидс и можноста да игра против најдобрите играчи во светот.
„Убаво ми е тука, стилот на игра кој го имаме мене ми се допаѓа. Секој ден учам по нешто ново и најдоброто од се е што во Премиер лигата играте против најдобрите играчи во Европа. Навистина е посебно да се надигрувате со нив и да им покажете колку знаете“, изјави Алиоски.


Реал десеткуван го дочекува Леванте

Реал Мадрид денеска во рамки на шпанска Ла Лига го дочекува Леванте, на клупата повторно ќе го нема Зинедин Зидан кој се уште се опоравува од коронавирусот, но тоа не се единствените проблеми за кралскиот клуб.
Серхио Рамос, Дани Карвахал, Начо Фернандез, Лукас Васкез и Феде Валверде и понатаму се надвор од конкуренција и не се на списокот на фудбалери за овој натпревар.
Поради бројните проблеми со кои се соочува кралскиот клуб, дури тројца фудбалери од младинската екипа на Реал ќе бидат дел од овој натпревар, Серхио Арибас, Антонио Бланко и Виктор Чуст.
Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Леванте се игра денеска со почеток во 16.15 часот.


Евротип предлог тикет – Сабота 30.01.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 36 коефициент:

Евертон – Њукасл | 1
Тимот на Анчелоти е во ритам и со тоа голем фаворит на дуелот против Њукасл, Изданието во средата против Лестер радува и Евертон е на добар пат сезонава. Бројот на загубени бодови со таканаречените мали клубови е сведен на минимум и затоа бодовите би требало да останат на „Гудисон парк“.

Олимпик Марсеј – Рен | 0-2
Иако оваа сезона игра подобро на дерби натпреварите, отколку на дуелите со малите екипи, Олимпик Марсеј пред себе има сериозен предизвик. Рен е незгоден и непредвидлив, па очекуван изедначен натпревар со мал број на голови.

Динамо Загреб – Шибеник | 1, 4+
По триумфот на дербито против Хајдук, првакот на Хрватска е осоколен и Шибеник не би требало да претставува проблем за момците на Мамиќ. Секој резултат освен лесна и убедлива победа на „модрите“ ќе биде големо изненадување.

Баерн Минхен – Хофенхајм | 1, 3+
Првата екипа сезонава која го совлада Баерн е тимот на Хофенхајм. Сега ред е на реваншот во Михнен и со тоа Баварците ќе бидат мотивирани. Победата и останувањето на бодовите во Минхен не би требало да е доведено во прашање.

Валенсија – Елче | 1, ГГ
Оваа сезона тешко е да се прогнозира исход на „лилјаците“ од Валенсија. Домаќинот е фаворит против Елче, но никогаш не знаете каков ќе биде пристапот кон натпреварот на тимот на Грасија. Елче не е којзнае колку добар гостин, иако освои три бода против Реал во Мадрид.


Мертенс на радарот на Арсенал

Арсенал размислува да даде изненадувачка понуда за напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс.
Според информациите, лондончани по завршувањето на сезоната ќе се обидат да го земат 33-годишниот Белгиец. Минатото лето, Мертенс беше близу до трансфер во Челзи, но на крајот тој реши да потпише нов договор со Наполи до 2022 година. Во Арсенал, сепак, веруваат дека можат да го убедат Белгиецот да го напушти стадионот „Диего Армандо Марадона“ и да проба нов предизвик на крајот од неговата кариера.
Оваа сезона Мертенс има 4 гола и 6 асистенции на 13 натпревари во Серија А.


Парма се засили од европскиот првак

Парма постигна договор со Баерн Минхен за трансфер на младиот напаѓач, Џошуа Зиркзе, пренесуваат италијанските медиуми.
Парма се бори за опстанок во Серија А, па значително го засили тимот во зимскиот преоден рок. Зиркзе пристигнува од Баерн Минхен на позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп на лето за 15 милиони евра.
19-годишниот талент не добива голема минутажа сезонава во Баерн, па реши да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.
Интерес за Зиркзе покажаа уште Ајнтрахт и Евертон, но Парма ја победи конкуренцијата.


Реал Мадрид нема да ги продолжи договорите на тројца важни играчи

Шпанскиот новинар Хозе Феликс Диаз објави дека Реал Мадрид донесе одлука да не ги продолжи договорите со Иско, Марсело и Герет Бејл.
На сите овие играчи договорите истекуваат наредното лето, односно во 2022. година, а доколку клубот за нив не добие понуди, тие ќе можат да си заминат како слободни играчи.
Најдолго од тројцата играчи во Реал се задржа Марсело, кој пристигна во 2007. година и за актуелниот шпански првак одиграл 517 натпревари. Втор по стаж е Иско, кој пристигна во 2013. година и настапи на 321 натпревар.
Истата година дресот на Реал го облече и Бејл, кој има 70 настапи помалку од Иско и во моментот е позајмен играч во Тотенхем.
Постои можност кралскиот клуб на крајот од оваа сезона бесплатно да остане и без капитенот Серхио Рамос, кој се поврзува со трансфер во ПСЖ.