feature

ПСЖ со капитенска трака го мами Мбапе да потпише нов договор

ПСЖ се уште е со идеја да го задржи напаѓачот Килијан Мбапе во своите редови. Парискиот клуб е подготвен да му ја даде капитенската лента на 23-годишниот Французин за да го убеди да остане.

Според изворот, актуелниот капитен на ПСЖ, Маркињос е на удар на критики по елиминацијата на клубот од Лигата на шампионите. Неговите лидерски квалитети не му одговараат на раководството, па капитенската лента може да стане аргумент на парижаните во преговорите за продолжување на договорот со Мбапе. Мбапе е во ПСЖ од 2017 година.

23-годишниот фудбалер постигна 26 гола и даде 17 асистенции на 37 натпревари за Пари Сен Жермен оваа сезона. Договорот на играчот со тимот истекува на крајот од сезоната. Неговата пазарна вредност се проценува на 160 милиони евра.


Европските гиганти загреани за Ентони од Ајакс

Пари Сен Жермен им се приклучи на Манчестер Јунајтед и Арсенал во трката за потписот на крилниот напаѓач на Ајакс, Ентони. Бразилецот се покажа како еден од најголемите таленти на Ајакс. Оваа сезона тој веќе има 12 гола и 10 асистенции во сите натпреварувања, а шест од неговите погодоци се во Лигата на шампионите.

За Ентони интерес има дуото од премиерлигата, Манчестер Јунајтед и Арсенал, а Французите тврдат дека и ПСЖ им се придружил во битката за потписот на бразилскиот талент.

Сумата која Ајакс ја бара за него е околу 35 милиони евра.


Шпанецот Алкараз сензационално го освои Мастерсот во Мајами

Карлос Алкараз стана изненадувачки освојувач на Мастерсот во Мајами. Во финалето тој вечерва успеа да го победи Каспер Руд од Норвешка, со 7:5, 6:4.

Алкараз, кој на 5 мај наполни 19 години, е трет на листата на најмлади победници на Мастерс турнирите. Помлади од него кога освоиле Мастерс биле само Мајкл Чрнг (Торонто 1990) и Рафаел Надал (Монте Карло 2005).

Алкараз стана и најмладиот шампион на турнирот во Мајами, соборувајќи го рекордот на 19-годишниот Новак Ѓоковиќ (2007).

За Шпанецот ова е втората титула сезонава и трета во кариерата.


Јунајтед носи нов дефанзивец, прв пик е Пау Торес од Виљареал

Манчестер Јунајтед минатото лето го доведе Рафаел Варан од Реал Мадрид, но тука не завршија проблемите со одбраната на „црвените ѓаволи“.

Французинот од доаѓањето на „Олд Трафорд“ се соочува и со чести повреди, па затоа Линделоф и критикуваниот Мегваер го сочинуваат стоперскиот тандем. Спред англиските медиуми на мета на Манчестер Јунајтед е фудбалерот на Виљареал, Пау Торес.

Шпанецот веќе неколку сезони игра одлично во дресот на „жолтата подморница“, а стигна и до репрезентацијата на Шпанија. Неговата цена на трансфер пазарот изнесува 50 милиони евра.


Лестер размислува за продажба на Медисон

Екипата на Лестер Сити размислува ова лето да го продаде играчот од средниот ред Џејмс Медисон.

Тренерот Брендан Роџерс сака три нови имиња како засилувања со кои ќе го обнови својот тим, после слабата сезона, пишува „Дејли мејл“.

Раководството на Лестер е подготвено да му даде поддршка на Роџерс, но за тоа да се оствари најверојатно ќе мора да продадат некој играч за да се привлечат финансии во клубот. Како играч на кој ќе му се дозволи да замине од клубот се споменува Џејмс Медисон за кој Лестер ќе бара околу 50 милиони фунти. 


Серхио Рамос сака да остане во ПСЖ

Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос нема намера да ја напушти екипата на Париз Сен Жермен во текот на летото, пренесуваат извори блиски до фудбалерот. Целта на Рамос е да покаже дека уште е способен да освојува титули.

Поранешниот капитен на Реал Мадрид, одигра само 4 натпревари за ПСЖ во Лига 1 . Долго време се мачи со повреди, и никако да влезе во посакуваната форма. 

Според информациите, тој е свесен дека не ги исполни очекувањата на навивачите и на клубот поради постојаните повреди и сака да му се оддолжи на истите останувајќи уште една сезона во Париз.


Суарез наскоро ќе потпише за Интер Мајами во МЛС лига

Луис Суарез може да ја продолжи кариерата во МЛС лигата. Интер Мајами е заинтересиран за услугите на 35-годишниот уругвајски фудбалер. Атлетико наводно одлучил да не го продолжи договорот со Суарез. Така Суарез на лето со слободен трансфер може да се пресели во клубот од МЛС лигата. Да потсетиме дека Суарез игра за Атлетико Мадрид од 2020 година, се пресели од Барселона за 7 милиони евра.

Оваа сезона напаѓачот учествуваше во 29 натпревари од Ла Лига, постигна 11 гола и даде 2 асистенции. Пазарната вредност на Суарез се проценува на 10 милиони евра. Неговиот договор со шпанскиот клуб истекува на крајот од сезоната.


Проблеми со законот за американската фудбалерка Хоуп Соло

03 MAR 2016: USA Goalkeeper Hope Solo before the SheBelieves Cup between the USA vs England at Raymond James Stadium in Tampa, Florida. (Cliff Welch/Icon Sportswire) (Icon Sportswire via AP Images)

Поранешната светска и олимписка фудбалска шампионка со селекцијата на САД, Хоуп Соло е уапсена поради возење во пијана состојба, соопшти американската полиција. Во нејзиниот автомобил имало и две деца, за кои се верува дека се нејзините 2-годишни близнаци.

Според извештајот, апсењето се случило во четвртокот на паркингот пред трговскиот центар во Винстон-Салем, Северна Каролина. Покрај тоа што возела во алкохолизирана состојба, поранешната голманка на САД е обвинета и за давање отпор при апсење и загрозување на здравјето на децата.

Таа е пуштена од притвор и треба да се појави на суд на 28 јуни.


Медведев мора на операција, ќе паузира два месеци

Данил Медевдев, инаку вториот рекет во светот, реши да оди на операција, поради која нема да игра можеби два месеци!

Имено, Медведев на своите социјални мрежи сподели информација дека има проблеми со килата и дека ќе мора да се оперира.

„Поздрав до сите. Во последните месеци играв со мала хернија, заедно со мојот тим решивме да заминам на операција за да го решам проблемот. Ќе отсуствувам меѓу еден и два месеци, ќе работам напорно за што поскоро да се вратам на терените“, порача Медведев.


Нкунку од РБ Лајпциг е прв пик за наследник на Салах

Многу реакции во англиската јавност предизвикува одолговлекувањето на потписот на новиот договор на Салах со Ливерпул. Дека работите не одат во добра насока потврди и Јирген Клоп во своите изјави пред медиумите, па сега како реална можност изгледа Салах да го напушти „Енфилд“.

Токму поради таквата ситуација во Ливерпул веќе размислуваат и на фудбалери кои би можеле да го наследат напаѓачот. „ЕСПН“ пренесува денес дека желба на Клоп е фудбалерот на Лајпциг Кристофер Нкунку.

Французинот игра одлично во дресот на германскиот клуб, постигна 15 голови во Бундеслигата оваа сезоан и уште седум во Лигата на шампионите. Освен головите 24 годишниот фудбалер е одличен и во улогата на асистент, Нкунку запиша дури 15 асистенции оваа сезона.

Она што може да биде проблем за Ливерпул е интересот за Нкунку од неколку големи европски клубови, како што се ПСЖ, Реал, Баерн, Јунајтед…Нкунку има договор со Лајпциг до 2024 година и германскиот клуб сигурно нема да го пушти за помалку од 70 милиони евра.