feature

Арсенал испрати понуда за Мануел Локатели

Арсенал испрати понуда до Сасуоло за играчот за врска и Италијански репрезентативец Мануел Локатели, што беше потврдено од Италијанскиот клуб, без да се открие сумата.

Со своите игри на ЕУРО и постигнатите два погодоци, Локатели стана најбараниот играч кај Азурите, а во Сасуоло се свесни за неговата вредност, затоа не брзаат бидејќи се надеваат дека ќе добијат 50 милиони евра. Италијанците пишуваат дека Јувентус понудил 30 милиони евра и уште еден играч, а интерес покажаа и Челзи, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

„Не сакаме да го оптоваруваме Локатели со трансфер приказни за да останеме фокусирани на настапите за националниот тим. Најреалната понуда ја даде англискиот Арсенал“ – изјави за италијанските медиуми директорот на Сасуоло, Џовани Карневали.


Атлетико го продава Саул, негова замена Аргентинецот Де Пол

Раководството на Атлетико Мадрид е спремно да се раздели со играчот за врска Саул Нигез.

26-годишниот фудбалер не одигра добра сезона и во еден момент го загуби местото во првиот тим, па е спремен да ја промени средината.

Саул Нигез го известил раководството дека сака да направи трансфер ова лето, а Атлетико е спремен да ги слушне понудите. Баерн Минхен во моментов покажува најсериозен интерес за Саул Нигез, но ситуацијата ја следат и Манчестер Јунајтед, Сити и Челзи.

Атлетико е спремен да му ја исполни желбата на Саул Нигез, но за неговата слобода бара помеѓу 50 и 60 милиони евра.


Велкоски уште две сезони во нападот на Сараево

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски и официјално ја продолжи соработката со својот клуб Сараево.

Сега Велкоски потпиша двегодишен договор и останува член на овој тим до 2023 година. За Сараево Велкоски играше од 2014 до 2016 година си замина, а потоа се врати во 2017.ѓ

„Среќен сум за продолжување на соработката. Шест години со големо задоволство го носам овој дрес, клубот и градот засекогаш ќе бидат мој дом. Се радувам на освојувањето нови трофеи и ќе направиме се за да ги вратиме насмевките кај навивачите“, изјави Велкоски.



Клоп се распрашува за Николо Барела

Челниците на Интер оствариле контакт со играчот за врска на Интер и италијанската репрезентација, Николо Барела, пренесуваат италијанските медиуми.

Клоп е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе може да го замени Вајналдум, па во Барела гледа идеално засилување.

Барела одигра одлична сезона во Интер и покажува одлични партии на Европското првенство, па Ливерпул е одлучен во намерата да го донесе на „Енфилд“.

Интер има финансиски проблеми и веќе го продаде Хакими, но ќе направи се за да го задржи Барела.



Крос се повлече од дресот на германската репрезентација

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, официјално ја објави својата одлука дека ја завршува кариерата во репрезентацијата на Германија.

По 106 натпревари за Бундес-тимот, 31-годишниот играч за врска целото внимание ќе го насочи кон своите настапи во својот клуб. Крос објави дека ја донел својата одлука многу пред Евро 2020, за каде се надеваше дека ќе стигне до титулата.

„Одиграв 106 натпревари за Германија. Нема повеќе. Се надевав дека ќе завршам со 109 и уште еден голем трофеј – оној од Европското првенство. Направив се што е можно за тоа да се случи. Одамна решив дека овој турнир ќе биде последниот и дека нема да имам за цел да играм на Светското првенство во Катар во 2022 година. Во следните години сакам целосно да се фокусирам на своите цели со Реал Мадрид, отсега сакам да имам можност да одморам не како до сега како во последните 11 години кога бев репрезентативец. Исто така, сакам да бидам многу поприсутен како сопруг и татко во животот на мојата сопруга и трите деца. Ми беше голема чест да го носам овој дрес и тоа го правев со гордост и страст. Благодарам на сите фанови за поддршката, како и на критичарите што ме мотивираа понатаму. На крај, би сакал да му изразам благодарност на Јоги Лев, кој ме направи репрезентативец и светски шампион. Тој ми веруваше и заедно напишавме долга приказна за успех. Тоа беше чест за мене. Со среќа и успех на Ханзи Флик“, се вели во писмото кое Тони Крос го објави за својата одлука.



Џеко пред потпис со турскиот шампион Бешикташ

Актуелниот шампион на Турција, екипата на Бешикташ, исто така е во игра за потписот на босанскиот голгетер Един Џеко. Според информациите во турските медиуми, интересот на Бешикташ за Џеко е огромен и трката со Фенербахче за неговиот потпис се заострува.

Потпретседателот на Бешикташ, Емре Кочадаќ, во интервју за националната телевизија ја потврди веста.

„Главната цел на клубот е да донесе квалитетен напаѓач. Кога имате таква цел, тогаш Един Џеко е играчот што го сакате во тимот”, рече Кокадаќ.


Србинот Бајрактаревиќ потпиша за Прилеп

Tимот на Прилеп и наредната сезона ќе игра во Суперлигата откако овој тим успеа да избори опстанок како првопласиран во плеј-аут.

Во клубот веќе работат на формирање на респектабилен тим, а најновот засилување е Жарко Барјактаревиќ. Десниот бек пристигнува од редовите на Јуниор Кисела Вода.

Претходно договор со прилепскиот тим потпиша Христијан Милошевски, беа продолжени и договорите на неколку важни играчи.



Девана Бонер е дел од „Ол-Стар“ во женската НБА лига

На 14 јули во Лас Вегас ќе се одржи натпреварот на сите ѕвезди од женската НБА лига, а на него ќе учествува и македонската репрезентативка Девана Бонер.

За неа, ова ќе биде четврто учество на овие ревијални натпревари, а го заслужи со одличните настапи во дресот на Конектикат Сан за кои просечно постигнува по 16,1 поен и 7,4 скока. Подобра од неа во екипата е само новата босанска репрезентативка Џонкел Џонс.

Бонер има долго искуство во ВНБА лигата, но поради тоа што сезоната трае мошне кратко, во останатиот дел од годината игра за европски екипи. Од 2009. до 2019. година беше член на Феникс Меркјури со кого освои две шампионски титули (2009 и 2014 година), а од лани е играч на Конектикат Сан.


Чешка без свои навивачи во Баку

Репрезентацијата на Чешка на четвртфиналната средба против репрезентацијата на Данска нема да може да смета на своите навивачи, откако беше донесена одлука дека чартер летовите за Баку се откажани поради КОВИД-19 ситуацијата.

Во Азербејџан на сила се строги мерки во борбата против коронавирусот, а во истовреме, чешките навивачи по враќање во својата земја ќе мораат да останат во домашен карантин.

Чешките медиуми јавија дека првично интерес за патување на натпреварот во Баку покажале околу 300 навивачи, но бројката потоа драстично се редуцирала, поради што летовите кон азербејџанската престолнина се откажани.


Дешамп останува на клупата на Франција

Дидие Дешамп ќе остане селектор на Франција иако разочара на Европското првенство, каде Франција по пенали беше елиминирана од Швајцарија во осминафиналето, пишува „Ле Парисиен“.

Овој извор наведува дека Дешамп ќе ја предводи Франција на Светското првенство идната година во Катар, а не е исклучено да остане и по СП на кормилото.

Договорот на Дешамп истекува на крајот од 2022. година, а тој наскоро на раководството на францускиот фудбалски сојуз ќе мора да им објасни што се случи на ЕУРО.

Тимот предводен од Дешамп на ЕУРО пристигна како актуелен светски првак и најголем фаворит за титулата европски шампион, па нивното испаѓање беше најголема сензација на турнирот.