feature

По Санчо – уште едно големо име во Манчестер Јунајтед!

ЕСПН пренесува дека извори блиски до Манчестер Јунајтед потврдиле дека дефанзивецот на Реал и Француската репрезентација Рафаел Варан е на чекор до преселба во клубот од „Олд Трафорд“.

Варан има важечки договор со Реал до летото 2022. година, но тој јасно му стави до знаење на Флорентино Перез дека истиот не сака да го продолжи, па Реал сега е подготвен да го продаде за играчот да не оди бесплатно следното лето.

Варан рече дека одлуката за продолжување на кариерата ќе ја објави по ЕУРО, а се пишуваше дека е најблизу до преселба во ПСЖ. Сепак, се чини дека Јунајтед е најконкретен. Реал бара 70 милиони, а Јунајтед е подготвен да исплати 50.


Серхио Рамос две сезони во ПСЖ!

Серхио Рамос има нов клуб – култниот дефанзивец и икона на шпанскиот и европскиот фудбал, кариерата ја продолжува во Париз Сен Жермен.

Претставниците на Рамос се договорија за сите детали од двегодишниот договор, пренесоа француските медиуми, а презентацијата се очекува да биде за неколку дена.

35-годишниот Рамос го напушти Реал по 16 години и доаѓа во ПСЖ како слободен агент.

Одигра 671 натпревар за Реал и постигна 101 гол, а играше 180 пати за репрезентацијата на Шпанија.


Горецка е замената за Погба на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед ќе се насочи кон Леон Горецка од Баерн Минхен доколку Пол Погна си замине од „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ се убедени во квалитетите на германскиот репрезентативец и веруваат дека ќе биде идеална замена за Пол Погба.

Погба влезе во последната година од договорот и се уште одбива да ја продолжи соработката, па Јунајтед е спремен да го стави на продажба. Слична е ситуацијата и со Горецка, кој има уште една година од договорот со Баерн и е спремен да ја промени средината ова лето.

Доколку Погба замине, Јунајтед е спремен да понуди 50 милиони евра за потписот на Германецот.


Манџукиќ пред потпис во шампионатот на Индија

Хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ кариерата ќе ја продолжи во Индија. Манџукиќ e блиску до реализација на неочекуван трансфер и во иднина ќе го носи дресот на АТК Мохун Баган. Наскоро се очекува и официјална потврда.

Хрватскиот голгетер минатата сезона се врати во Европа во тимот на Милан, но не играше многу. Се зборуваше за негово враќање во Динамо, потоа се споменуваше и Бундеслигата, но тој реши кариерата да ја продолжи во Индија, што ќе биде уште еден предизвик во неговата богата кариера.


Еврокуп: Валенсија и Димитријевиќ во првиот шешир

По малку изменет формат, со повеќе екипи учесници, 20, ќе биде следното издание на Еврокупот, второто според квалитет натпреварување во Европа, во кое Македонија ќе има свој претставник.

По промената на играчката средина и трансферот во Валенсија, Ненад Димитријевиќ останува дел од ова натпреварување.

Нашиот репрезент и тимот од „Фонтета“ ја имаат таа среќа да бидат први носител пред ждрепка на двете групи, во кои ќе има по десет екипи.

По првата фаза во која ги очекуваат дури 18. натпревари, првопласираните осум одат понатаму, во осминафиналниот дел.

Ждепката е закажана за 9.јули, со почеток од 13.15 часот.

ИЗГЛЕД НА „ШЕШИРИТЕ“ ВО ЕВРОКУПОТ

1.ГРУПА: Валенсија, Андора

2.ГРУПА: Промитеас, Локомотив Кубан

3. ГРУПА: Гран Канарија, Хувентуд

4.ГРУПА: Партизан, Будуќност

5.ГРУПА: Виртус Болоња, Лиеткабелис

6.ГРУПА: Цедевита Олимпија, Тренто

7.ГРУПА: Булоњ, Бурж

8.ГРУПА: Улм, Турк Телеком

9.ГРУПА: Тофаш, Хамбург

10.ГРУПА: Венеција, Сласк Вроцлав


Познат календарот за новата сезона во шпанскиот шампионат

Шпанската фудбалска лига, ја објави програмата за претстојната сезона 2021/22 која ќе започне на 15 август.

Тогаш шампионот Атлетико Мадрид ќе гостува кај Селта додека Реал Мадрид ќе игра во Баскијa со Алавеш. Барселона ќе го започне првенството дома против Реал Сосиедад. Првото  – „Ел Класико“ меѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се случи на 24 октомври кога домаќини ќе бидат Каталонците а второто ќе биде на 20 март во 2022, на стадионот во Мадрид.

Градските дерби мечеви во шпанската престолнина меѓу Реал и Атлетико се закажани на 12 декември и 8 мај.


Нов двегодишен договор за Бабунски во Ботев

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија Доријан Бабунски и следната сезона ќе настапува во бугарскиот Ботев Враца, откако со два погодоци успеа да го спаси својот тим од испаѓање.

Фудбалерот кој израсна во фудбалската школа на Реал Мадрид , а потоа и на многу клубови ширум Европа и светот, никако неможе да се врати во посакуваната форма и да прикаже квалитет, па епизодата во Бугарија се покажа како најдобра за него.

„Доријан Бабунски продолжува да биде дел од Ботев Враца, откако го продолжи договорот и покрај интересот од други странски клубови. Напаѓачот од Македонија останува во нашиот клуб и му посакуваме здравје и двоцифрен број на голови во новата сезона“, објави Ботев Враца.



Матијашевиќ сменет, Душко Николиќ нов селектор на одбојкарите

Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија денеска донесе одлука да ги промени селекторите на машката сениорска и на женската репрезентација за одбојкарки до 19 години.

По анализата на настапите и на резултатите во Европската сребрена лига 2021, во којашто македонскиот национален тим не успеа да го освои златниот медал, иако финалето го играше на домашен терен, челниците на ОФМ ја прекинаа соработката со Никола Матијашевиќ и решија да му го доверат кормилото на репрезентацијата на неговиот досегашен асистент Душко Николиќ.

Извршниот одбор на ОФМ го констатираше придонесот на Матијашевиќ во остварувањето на досегашните цели, но исто така ја истакна потребата од промена пред учеството на Европското првенство во септември во Тампере. Назначувањето на Николиќ ќе значи постојаност во работата на репрезентацијата, но од друга страна ќе овозможи и нов пристап во подготовките за нашето второ учество на континенталните самити.


Евротип караванот до крајот на Европското првенство насекаде низ Македонија!

Возбудувањата на Европското првенство влегуваат во самата завршница. По завршувањето групната фаза во која покрај тоа што ги бодревме македонските репрезентативци во нивниот историски успех и пласман на големото натпреварување, во осминафиналето видовме исклучително интересни натпревари, голем број на погодоци, но и многу изненадувања!

По успешните акции во поголемиот дел од државата, по паузата во која нема натпревари од Европското првенство, караванот на Евротип продолжува веќе во петок во Македонска Каменица и Делчево. Потоа, акцијата продолжува наредниот ден во Охрид, на шести јули се селиме во Скопје, наредниот ден во Валандово и Богданци, а за финалето на Европското првенство, караванот на Евротип ќе биде во Неготино.

Голем број на љубители на фудбалот и обложувањето се приклучија, навиваа со нас и се забавуваа со Евротип караванот, па искористете ја и вие приликата за следење на натпреварите од Европското првенство заедно со нас и истовремено да освоите некоја од наградите и големите изненадувања кои Евротип ги подготви за Вас.

Повелете во Спорткафе терасите на Eвротип заедно да го проследиме ова историско Европско Првенство во фудбал, бодрете ја вашата омилена репрезентација и обложувајте се со најдобрите услови и квоти кои ќе ги најдете само во Евротип!

Бројните изненадувања продолжуваат, бидете заедно со нас!


Пелистерци сигурни учесници во групите на Лига Европа

Европската ракометна федерација (EХФ) објави листа од единаесет екипи кои ќе бидат дел од групната фаза во Лига Европа 2021/22. Македонија има едно загарантирано место во групната фаза, а тоа ќе го заземе Еурофарм Пелистер.

Директно во групната фаза од октомври 2021 до март 2022 ќе настапат:

Еурофарм Пелистер

Магдебург

Горење Велење

Савехоф

Винтертур

Татран Прешов

Чеховски Медведи

Кокс

Нант

Бидасоа Ирун

Татабања

ЕХФ ќе додели една „вајлд-карта“, а останатите дванаесет места ќе бидат познати по одигрувањето на двете квалификациони кола. Со четири групи од по шест екипи ќе се игра групната фаза од десет кола, а потоа следува нокаут фаза со осминафинале, четвртфинале и завршен „фајнал-фор“.

Титулата од минатата сезона ја брани Магдебург од Германија.