feature

Русија ќе остане без финалето во Лигата на шампиони

Финалето на Лигата на шампионите оваа година е планирано да се изигра во Санкт Петерсбург во Русија. Но поради зголемувањето на тензиите на релaција Украјна – Русија, западните земји со апел до своите сограѓани да не патуваат во овие држави . Заради ваквата состојба можно е да дојде до промена. Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон изјави дека Русија нема шанси да организија вакви големи фудбалски настани во овој период. Официјалниот став на Уефа е дека засега нема никаква промена, но ситуацијата внимателно се следи исто така постои опција финалето да се изигра на Вембли.


Мурињо жестоко казнет заради исклучувањето против Верона

Жозе Мурињо доби два натпревари суспензија и парична глоба од 20.000 евра поради навреди кон судијата Лука Паирето на дуелот против Верона.

Мурињо му порача на судијата Паирето, со контроверзен гест на телефонски повици: „Те пратија овде намерно, те испрати Јувентус“. Тоа е јасна асоцијација за аферата Калчополи, во која биле поврзани таткото на судијата, исто така делител на правдата Пјерлуиџи Паирето.

Помошникот на Жозе Мурињо, Луис Да Коста Нуно Сантош исто така доби два натпревари суспензија, додека пак фитнес тренерот Стефано Рапети доби еден натпревар суспензија и парична глоба од 5.000 евра.


Зверев ги загуби нервите, го исфрлија од турнирот (ВИДЕО)

Шокантно однесување на Зверев на денешниот дуел. Тој го шутираше столчето на судијата со рекет заради тоа што сметаше дека топката завршила во аут но  удијата не го послушал.
Се зборува дека организаторите одлучиле да го дисквалификуваат.

https://twitter.com/i/status/1496355375741902856

Давид Де Хеа не планира напуштање на Манчестер Јунајтед

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа изјави дека не размислува за напуштање на тимот од „Олд Трафорд“ и сака да ја продолжи соработката и после истекот на договорот во 2023 година.

Шпанецот е дел од Манчестер Јунајтед од 2011 година кога пристигна од екипата на Атлетико Мадрид.

Неговиот сегашен и поранешен клуб, во среда ќе се соочат во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

„Го сакам фактот дека сум роден во Мадрид, но на крајот тоа е само град. Сега се чувствувам како да сум од Манчестер, како и сите други жители на градот. Ваш дом е местото каде што сте почитувани и сакани. Јас сум тука долги години, и искрено не се гледам себеси далеку од Манчестер Јунајтед“, вели Де Хеа.


Астон Вила има интерес за Џо Гомез

Екипата на Астон Вила покажува сериозен интерес за играчот на Ливерпул Џо Гомез.

Фудбалерот се поретко е во плановите на тренерот Јирген Клоп и голема е веројатноста дека тој на лето ќе ги напушти „црвените“.

Астон Вила сакаше да го доведе 24-годишниот играч и во јануари, но Ливерпул не се согласи за негова продажба.

Џо Гомез би сакал да ја промени средината, бидејќи конкуренцијата во Ливерпул е доста јака а тренерот на Астон Вила, Стивен Џерард сигурно би му дал поголема минутажа во тимот.


Бернардо Силва размислува за нов предизвик по Манчестер Сити

Иднината на Бернардо Силва во Манчестер Сити е неизвесна, а Португалецот и минатото лето размислуваше да ја промени средината. Бернардо Силва оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, а сега откри дека минатото лето имал понуди и размислувал да ги прифати.

Бернардо Силва има договор со Сити до 2025 година, а „граѓаните“ сигурно нема лесно да се откажат од него и ќе направат се за да го задржат.

Меѓутоа, португалските медиуми пренесуваат дека на Силва му се допаѓа идејата да се пресели во Примера, бидејќи така ќе биде поблиску до семејството.

Негова најголема желба е да игра за Реал Мадрид, но е спремен да прифати понуди и од Барселона и Атлетико бидејќи сака да се пресели во Шпанија.


Македонија без селектор против Грузија, Бајиќ позитивен на ковид-19

Селекторот на нашите кошаркари, Драган Бајиќ, е позитивен на ковид-19 и нема да патува на мечот во Грузија од квалификациите за Светскиот Куп.

Тој добил позитивен тест и ќе остане во изолација во Скопје. Засега нема потврда дали ќе може да седи на клупата на вториот дуел со Грузијците кој е закажан за 27 февруари во СЦ Јане Сандански. Покрај селекторот, Македонија за гостувањето во Тбилиси остани без неколку стандардни првотимци.

Тоа се: Бобан Стајиќ, Стојан Ѓуроски, Ненад Димитријевиќ, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ и Дамјан Стојановски. Македонија досега има два пораза од Шпанија и Украина.


Вајт и Фјури ќе ги вркстат ракавиците на „Вембли“ на 23 април

Договорена е борбата помеѓу Тајсон Фјури и Вилијан Вајт.

Фјури појасот во ВБЦ категорија ќе го брани против сонародникот на 23 април на стадионот „Вембли“ во Лондон. За оваа борба Фјури има загарантирано 30 милиони долари, додека Вајт ќе добие 7.5 милиони долари.

Победникот ќе добие бонус од четири милиони долари, а се очекува на трибините на „Вембли“ да бидат околу 100.000 гледачи бидејќи во Велика Британија се укинати сите мерки за заштита од коронавирусот.

Фјури во октомври минатата година го победи Деонте Вајлдер, додека Вајт во борбата за ВБЦ пјасот беше подобар од Александар Поветкин. Според некои најави победникот од овој меч ќе оди на дуел со подобриот од борбата помеѓу Александар Усик и Ентони Џошуа која ќе се случи на пролет.


Дански Архус нов клуб на Англичанецот Џек Вилшир

Џек Вилшер после подолго време пронајде нов клуб. Станува збор за дански Архус.

Англискиот фудбалер целосната афирмација ја доживеа додека настапуваше за лондонскиот клуб, а потоа играше за Вест Хем и Борнемоут после што беше слободен бидејќи не можеше да пронајде нов клуб.

„И покрај приказните дека сум склон кон повреди тоа не е точно. Малку натпревари одиграв, ќе кажам искрено така беше затоа што тренерот така сакаше. Секогаш бев спремен и тогаш кога знаев дека нема да играм. Најтешко ми беше што другарите на моите деца во градинка им се потсмеваа и им зборуваа дека никој не ме сака. Во една ситуација мојот син ме праша: Зошто ниту еден клуб не те сака? Што можев да му одговарам на такво прашање?“, изјави Вилшер.


Адеми го пропушта реваншот на Динамо против Севиља

Македонскиот фудбалски репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми, поради повреда нема да настапи на реванш дуелот против Севиља во Лига Европа.

Адеми повредата ја заработи изминатиов викенд на првенствениот натпревар против тимот на Локомотива кој заврши со резултат 0:0.

Засега нема информации од Динамо кога се планира негово враќање на теренот.