feature

Роналдо: Македонија го заслужува цел наш респект

Кристијано Роналдо кој ќе ја предводи Португалија на утрешниот меч против Македонија во последниот бараж пред Мундијалот во Катар, излезе со суперлативи за избраниците на селекторот, Благоја Милевски.

„Македонија доаѓа многу самоуверена, полна со самодоверба, но, сите ние сакама да играме на Светското првенство. Знаеме колку е значаен мечот. Македонија ја заслужува сета наша почит, многу организиран тим, но, ако ние сме на највисокото ниво – секого можеме да победиме!. Македонија во многу мечеви изненади, јас се надевам дека со нас нема да биде така и дека Португалија ќе оди на Светско“, потенцираше Роналдо.


Сантош: Мораме да ја респектираме Македонија

Репрезентацијата на Португалија е огромен фаворит во финалниот бараж дуел за пласман на СП против Македонија и сака континуитет во учествата на големите натпреварувања.

Португалците играат на домашен терен и секако очекуваат победа, но избраниците на Благоја Милевски покажаа дека се способни да ја елиминираат било која врвна селекција.

Поради ова селекторот на Португалија, Фернандо Сантош изрази внимателност и порача дека неговите играчи треба да имаат голема почит кон македонската селекција.

„Мораме да покажеме иста почит кон Македонија како и кон Италија. Јас пред баражите кажав дека тие не се шега и ништо не се знае до крајот.Нашиот фокус и концентрација треба да биде на највисоко ниво. Екипа која отиде во Италија и го победи европскиот шампион, мора да се респектира“, изјави Сантош.


Три европски гиганти го сакаат Марко Верати во своите редови

Играчот од средниот ред на Пари Сен-Жермен, Марко Верати би можел да се пресели во друг клуб. 

Според „Fichajes“, Манчестер јунајтед е меѓу тимовите кои се заинтересирани за италијанскиот фудбалер. Интер и Рома ја разгледуваат и можноста да го добијат Верати кој францускиот клуб го проценува на околу 55 милиони евра. Договорот на Верати со ПСЖ е до 30 јуни 2024 година. 


Реал Мадрид го доведува Тирни од Арсенал

Реал Мадрид планира ова лето да понуди 50 милиони фунти за левиот бек на Арсенал, Киран Тирни.

Според англиските медиуми, популарните „топџии“, се подготвени за продажба на дефанзивецот, доколку сумата биде над 50 милиони фунти.

Репрезентативецот на Шкотска настапува во одлична форма за Арсенал, и бил бил огромно засилување за екипата од „Сантијаго Бернабеу“, доколку дојде до реализација на овој трансфер.


Милан го сели Лингард во Серија А

Милан е силно заинтересиран за офанзивниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард.

Англиските медиуми пренесуваат дека Лингард одбил да стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ одбија да го пуштат играчот во јануари, но се свесни дека Лингард ќе замине на лето без обештетување.

Таквата ситуација сака да ја искористи Милан и веќе стапил во контакт со неговиот агент. „Росонерите“ се во потрага по засилување на десната крилна позиција и сака да го донесе Англичанецот.

Лингард дал согласност за трансферот, а минатата недела беше во посета на Милано и имаше средба со својот пријател Ибрахимовиќ.


Полицијата пак го приведе Конор МекГрегор

Ирскиот борец Конор Мекгрегор продолжува да прави проблеми, а изминатата вечер тој бил и притворен.

„Индепендет“ објави дека Мекгрегор бил притворен поради насилничко возење, по што полицијата и го конфискувала неговиот автомобил „Бентли Континентал ГТ“ вреден 170.000 евра, подоцна автомобилот му бил вратен.

Полицијата го привела поради дивеење на улиците во Даблин, а од притвор Ирецот излегол со платена кауција. Покрај тоа ќе мора да се појави на суд наредниот месец и може да добие казна од 5.000 евра и шест месеци затвор.


Марсијал по крајот на сезоната ќе се врати во Манчестер Јунајтед

Францускиот напаѓач, Антони Марсијал, по крајот на тековната сезона ќе мора да се врати во редовите на Манчестер Јунајтед.

Иако играчот во јануарскиот преоден рок беше позајмен во тимот на Севиља, и се очекуваше да биде големо засилување за Шпанците, тој засега не ги исполни очекувањата.

Марсијал досега има само осум настапи и успеа да постигне еден гол и една асистенција. Севиља нема опција за откупување на неговиот договор, и по се изгледа дека после позајмицата тој ќе мора да се врати во Манчестер Јунајтед.


Едисон Кавани сака да игра во шпанската Ла Лига

Шпанскиот весник АС, пренесува дека напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани е блиску до потпис со нов клуб.

Уругваецот сака да ја продолжи кариерата во Ла Лига, а веќе се појавија информации дека преговара со Реал Сосиедад.

Двете страни имале првични разговори и се оптимисти дека ќе се постигне договор. Баскијците најверојатно ќе го продадат нивниот најдобар напаѓач Александар Исак и сакаат да добијат докажан голгетер кој ќе го замени шведскиот репрезентативец.


Депај заминува од Барселона, веќе има две понуди на маса

Мемфис Депај на лето готово сигурно ќе ја напушти Барселона, а неколку европски гиганти веќе ја започнаа трката за неговиот потпис.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека Тотенхем и Милан се силно заинтересирани за Холанѓанецот и веќе започнале преговори со неговиот агент.

Депај минатото лето се пресели на „Камп Ноу“ како слободен играч и одлично се вклопи во тимот. Меѓутоа, каталонскиот клуб има големи финансиски проблеми и не ја исклучува можноста да го продаде Холанѓанецот, особено поради фактот што го донесе без обештетување.

Чави не е симпатизер на неговата игра, ги доведе Торес и Обамејанг, па минутажата на Холанѓанецот сигурно ќе биде значително намалена.


Серена не размислува за пензија, сака уште да игра тенис

Серена Вилијамс, која на времето беше на челната позиција на ВТА листата, не размилува да се повлече во пензија. Таа е убедена дека може уште да покаже на големите собири.

„Нашиот  спорт е интензивен, има единаесет месеци натпреварување во една година. Живеам од ден за ден, ништо не планирам за утре“, истакна Вилијамс.

40-ет годишната тенисерка  од САД последен пат освои грен слем турнир во 2017 година и тоа на Австралија Опен.