feature

Дворкович реизбран за прв човек на ФИДЕ

Русинот Аркадиј Дворкович доби втор последователен мандат на чело на Светската шаховска федерација (ФИДЕ).   За челното место на ФИДЕ се кандидираа и Украинецот Андриј Баришполетс, Белорусинот Иналбек Шерипов, како и Башар Куати од Франција, кој подоцна ја повлече својата кандидатура. Од 179 делегати на Конгресот на ФИДЕ, кандидатурата на Дворкович ја поддржаа 159 од нив, додека Украинецот Баришполетс доби 16 гласови. Портпаролот на Кремљ и претседател на Извршниот одбор на руската шаховска Федерација Дмитриј Песков реизборот на Дворкович го оцени како потврда за неговата ефикасност во работењето, нарекувајќи ја одлуката на мнозинството делегати на ФИДЕ „добра вест“.


Линекер: Халанд е незапирлив, ќе даде многу голови сезонава

Поранешниот англиски напаѓач и сегашен ТВ-коментатор, Гери Линекер го изрази своето воодушевување од дебито на норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд за Манчестер Сити.

Халанд постигна два гола во победата на „граѓаните“ над Вест Хем од 2-0 во првото коло од Премиер лигата.

„Тој е незапирлив. Вистински напаѓач, ќе има многу голови на својата сметка. Исклучителен талент“, прокоментира Линекер.


Сериозна повреда за македонскиот интернационалец Ердон Даци

Македонскиот репрезентативец, Ердон Даци, ги скинал предните вкрстени лигаменти и ќе мора да паузира подолг период, објави денеска фудбалскиот состав Вестерло.

Тоа значи дека Даци ќе мора да оди на подолг процес на рехабилитација и нема да може да настапува за тимот од Белгија и нашата селекција најмалку до крајот на годинава.

Повредата на Даци е една од најтешките што може да ја добијат спортистите.


Маркос Алонсо се сели во Барселона

Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, фудбалскиот клуб Барселона постигна договор со Челзи за доведување на левиот бек Маркос Алонсо.

Барселона како обештетување за 31-годишниот дефанзивец ќе плати осум милиони евра и најверојатно ќе потпише тригодишен договор.

Барселона ова лето доведе голем број одлични засилувања со што ќе биде сериозен кандидат за освојување на титули во Примера и Лигата на шампионите.


Муслиу блиску до трансфер во Сент Паули

Македонскиот фудбалски репрезентативец Висар Муслиу најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Сент Паули кој настапува во втората Бундеслига.

Ако Сент Паули не се договори за целосен откуп на Муслиу тогаш клубот ќе се обиде да го доведе фудбалерот како позајмен играч од Инголштад со опција за откуп на крајот од сезоната. 

Досегашниот клуб на Муслиу, Инголштад, не успеа да избори опстанок во втората Бундеслига, па за очекување е прифаќање на понудата од Сент Паули.


Гинзало Гедеш ја напушта Валенсија и се сели во Англија

Валенсија ќе се раздели со својот најдобар играч Гонзало Гедеш. Лично, главниот тренер на „лилјаците“ Џенаро Гатузо призна дека претстојниот трансфер е причината поради која Португалецот не учествуваше во синоќешната контрола со Аталанта, добиена со 2-1.

„Од управата ми кажаа дека добиле ексклузивна понуда од клуб во Англија“, изјави Гатузо.

Според медиумите во Шпанија се работи за Вулверхемптон. „Волците“ за Гедеш ќе платат 30 милиони евра, а уште 5 милиони можат да влезат во касата на „Местаља“ како бонуси.

Гонзало Гедеш минатата сезона одигра 42 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 гола и 6 асистенции. Валенсија се надеваше дека ќе потпише нов договор, но Португалецот одби и кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.

Против Аталанта, Уго Дуро ги постигна двата гола за „Лос Че“. Силна партија кај домаќините имаа и Карлос Солер и Самуел Лино. Едерсон погоди за Аталанта.


Нето позираше во дресот на Борнмаут

Борнмаут официјално го ангажираше резервниот голман на Барселона, Нето. 33-годишниот Бразилец пристигнува на „Виталити“ како слободен играч. Тој потпиша 12-месечен договор со „Црешите“ и станува четвртото ново засилување на клубот ова лето, по Џо Ротвел, Рајан Фредерикс и Маркус Таверние. Доминик Соланке и Луис Кук неодамна потпишаа нови договори.

Нето има еден натпревар за репрезентацијата на Бразил. Со тимот на Барселона запиша 12 натпревари во три сезони. Нето во својата богата кариера настапуваше за Фиорентина, Јувентус со кој двапати освои дабл и Валенсија.

„Да можеш да донесеш играч од калибарот на Нето е многу убаво. Ова е вистински удар за клубот и ние сме воодушевени што тој избра да ни се приклучи. Тој има огромно искуство на највисоко ниво на играта, па сигурен сум дека ќе биде огромна предност за нас“, изјави извршниот директор Нил Блејк.


РБ Лајпциг го враќа Вернер по две сезони!?

Фудбалерот, Тимо Вернер, ќе се врати во РБ Лајпциг откако луѓето од Челзи се согласиле да се финишираат преговорите.

Напаѓачот ќе се врати во тимот од Германија по само две сезони откако беше купен од лондончани за 53 милиони евра. Вернер за „сините“ одигра 89 дуели со ефект од 23 гола и 21 асистенција.

Во дресот на РБ Лајпциг има поминато четири сезони со 159 натпревари во кои постигна 95 голови и направи 40 асистенции.


Кирјиос го освои турнирот во Вашингтон

Австралискиот тенисер Ник Кирјиос го освои АТП турнирот од серијата 500 што се играше во Вашингтон.

Тој во финалето беше подобар од Јошихито Нишиока со 2-0 (6-4, 6-3) по два часа и 22 минути игра.

Тоа е негова седма титула во кариерата, а последната во сингл ја освои во 2019 година -исто така во Вашингтон.

Воедно, во американската престолнина славеше и во конкуренција на двојки во двојка со Џек Сок, победувајќи ги во финалето Крајчек и Додиг со 2-0 (7-5, 6-4).

Кирјиос ќе игра и во Монтреал каде ривал во првото коло му е Аргентинецот Баез, а потоа го чека Данил Медведев, доколку ја мине првата пречка.


Медведев го освои турнирот во Мексико без загубен сет

Рускиот тенисер Данил Медведев на спектакуларен начин ја започна американската турнеја, во која успеа да ја освои титулата во Лос Кабос, Мексико победувајќи го Камерон Нори со 2-0, во сетови 7-5, 6-0.

Медведев неверојатно го одигра целиот турнир во Мексико и не загуби ниту еден сет во мечевите против Хиџикату, Беранкис, Кецмановиќ и Нори.

Со оваа титула Медведев ќе го зголеми бодовното салдо и од следната недела ќе има 7.875 бодови на АТП листата.