feature

Рафаел Надал се повлече од Мастерсот во Монтреал

Најпрвин Новак Ѓоковиќ се повлече од Мастерсот во Монтреал, а денеска истата одлука ја донесе и Рафаел Надал.

Ѓоковиќ мораше да се повлече бидејќи на невакцинирани од странство им е забранет влез во Канада, но Надал мораше да се повлече од здравствени причини.

„Откако одморот и враќањето на тренинзите, се одепе добро овие недели. Пред четири дена повторно почнав да тренирам и по тренингот имав мала непријатност што беше присутна денеска“, објави Надал на Твитер.

„Решивме да не патуваме во Монтреал и да продолжиме да тренираме без форсирање. Искрено му благодарам на директорот на турнирот Јуџин и на целиот негов тим за разбирањето и поддршката што отсекогаш ми ја покажуваа, а ниту денешниот ден не беше исклучок“, наведе шпанскиот ас.


Ерик Баји наместо во Рома заминува во Севиља

Иако претходните денови дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Ерик Баји се поврзуваше со трансфер во Рома, тој најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Севиља.

Севиља сака да ја појача одбраната откако тимот го напуштија Жил Кунде и Диего Карлос. Баји е играч на Манчестер Јунајтед од 2017 година каде пристигна од Виљареал за 40 милиони евра. Тој се очекува да биде големо засилување за Севиља со оглед на своето претходно искуство во Ла Лига.


Ирвинг ги одбрал Лејкерси за свој нов клуб

Кајри Ирвинг го избра новиот тим во случај да го напушти Бруклин нетс, па се шпекулира дека ќе го облече дресот на Лос Анџелес Лејкерс.

„Атлетик“ објави дека тоа ќе се случи речиси сигурно, па останува да видиме само дали Ирвинг ќе се пресели во Лејкерс како слободен играч.

Одличниот кошаркар во претстојната сезона треба да заработи 36,5 милиони долари, а во моментов нема интерес од страна на Лејкерс за размена на играчи.

Проблем за Лејкерс во моментов е и Расел Вестбрук, затоа што сака да се ослободи од него, но кошаркарот не планира да си замине.


УЕФА го казни Фенер заради скандирањето со името на Путин

Фенербахче е казнет од УЕФА поради скандирање на името на рускиот претседател Владимир Путин.

Навивачите на турскиот тим го скандираа името на Путин за време на натпреварот против Динамо Киев во 2. коло од квалификациите за Лигата на шампионите, откако Виталиј Бујалски постигна гол во реваншот за 1-1 и го прослави пред трибините каде се наоѓаа навивачите на Фенербахче. Тој со рацете го прикажа симболот на орел, инаку знакот на Бешикташ, најголемиот ривал на клубот од Истанбул.

УЕФА донесе одлука да го санкционира ваквото однесување, па Фенербахче е казнет со 50.000 евра, како и еден натпревар кој ќе треба да го одиграат пред намален капацитет на стадионот од 5.000 седишта.

Европската куќа на фудбалот соопшти дека турскиот клуб е казнет поради „провокативни извици од навредлив карактер“.

Останува да се утврди кога Фенербахче ќе ја одлежи оваа казна, иако се поизвесно е дека тоа ќе се случи во плеј-оф натпреварот за пласман во Лига Европа, со оглед на тоа што во третото квалификациско коло во Турција ја совладаа Словачка со 3-0 и мирно го чека реваншот. Доколку ги одбранат овие три гола предност, ривал за премин во групната фаза од Лигата на Европа ќе им биде Австрија од Виена.


Костиќ се прости со фановите на Ајнтрахт, договори премин во Јувентус

Филип Костиќ е на чекор од потпис со Јувентус. Денес пристигнуваат нови информации кои ги објави Фабрицио Романо. Познатиот новинар тврди дека Костиќ ги договорил личните услови со Јувентус и дека тука нема никаков проблем. Во Торино Костиќ го чека плата од 2.5 милиони евра и договор на три години.

Преостанува уште клубовите да ги договорат конечните детали, а наводно се работи за бонусите. Според информациите договорена е оштета од 15 милиони евра, Ајнтрахт сака бонуси кои ќе бидат врзани за настапите на Костиќ и неговиот учинок.

Објавено е дека Костиќ имал понуда и од Вест Хем кој му нудел повеќе пари, меѓутоа негова желба е Јувентус. Во Јувентус тој ќе игра и заедно со неговиот соиграч од репрезентацијата Душан Влаховиќ.


Баерн Минхен ги објави платите на фудбалерите

Баерн од Минхен со години важи за клуб чии играчи имаат убедливо највисоки плати во Бундеслигата. Тоа е една од причините поради која клубот носи звучни засилувања како Мане и Де Лихт кои пристигнаа во клубот ова лето.

Гигантот од Германија јавно ги објави петте најплатени свои играчи а тоа се Садио Мане со плата од 22 милиони евра, Мануел Нојер 21 милиони евра, Томас Милер заработува 20,5 милиони евра, Кингсли Коман 20 милиони и Лерој Сане 19,5 милиони евра.


Нагелсман: Мојот Баерн одигра извонреден натпревар

Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, не штедеше на комплименти за неговите избраници по вчерашната убедлива победа кај Ајнтрахт Франкфурт со 1-6 на стартот на Бундес-лигата.

„Одигравме извонреден натпревар и покажавме многу енергија. Фудбалерите се среќни. Сите во тимот се амбициозни и мотивирани. Одлично е што головите доаѓаат од различни играчи. По разделбата со Левандовски, моравме да промениме нешто. Се надевам така ќе продолжиме“, вели младиот тренер на клупата на Баварците.


Откажан пријателскиот дуел помеѓу Јувентус и Атлетико во Израел

Фудбалскиот клуб Јувентус преку својата официјална веб страна соопшти дека пријателскиот натпревар против Атлетико Мадрид кој требаше да се одигра во Тел Авив, Израел се откажува поради безбедносни причини.

Фудбалерите на Јувентус не сакаа да патуваат во Израел поради тензичната атмосфера во тој регион, а таквата одлука ја поздравија и од Атлетико Мадрид.

Според Кориере дело Спорт, Јувентус и Атлетико разгледуваат нова локација за одигрување на натпреварот.


Клоп: Мундијалот во Катар се игра во погрешно време

Јирген Клоп даде коментар и за Мундијалот кој ќе се игра во ноември и декември оваа година.

Клоп истакна дека неговата екипа и покрај тоа што на сред сезона има Мундијал се подготвувала како и во претходнтите години.

„Не се подготвуваме поинаку, подготовките беа како и ви претходните години. Ако сите играчи имаат пауза, не е проблем, тоа е добро. Тоа е како зимската пауза кога бев во Германија. Но, играњето Мундијал во сред сезона е сосема поинаку, тоа не е во ред. Некој ќе одмора, некој ќе игра натпревари. Играчите ќе бидат фокусирани на овој турнир што е и нормално. Овој Мундијал се игра во погрешно време“, изјави Клоп.


Драгиќ потврди дека ќе игра за Словенија на Евробаскетот

Драгиќ потврди дека ќе игра за Словенија на Евробаскетот

Кошаркарот, Горан Драгиќ, кој деновиве го финишираше трансферот во екипата на Чикаго Булс во НБА лигата, потврди дека ќе го носи дресот на Словенија на претстојното Европското првенство.  

Тоа значи дека 36-годишниот ветеран и првата ѕвезда на „змајчеки“, Лука Дончиќ, треба да бидат главното оружје што ќе ја однесе балканската селекција до врвот на Европа.

Словенија на Европското првенство ќе се појави во групата Б која е закажана во Келн (Германија). Таму покрај со домаќинот, ќе има мечеви и со Унгарија, Литванија, Босна и Херцеговина и Франција.