Дебито на Меси е најгледан фудбалски натпревар во САД
Првиот натпревар на Лионел Меси за Интер Мајами постави рекорд на гледаност на американската телевизија.
Натпреварот меѓу Интер Мајами и Круз Азул го следеле околу 12,5 милиони гледачи, што е највисока бројка во историјата на гледаноста на еден фудбалски меч.
На овој натпревар 36-годишниот Аргентинец во 94 минута реализираше гол од слободен удар, по што со семејството на трибините го прослави голот.
Меси дојде во Интер Мајами на 15 јули, приклучувајќи се со слободен трансфер од ПСЖ.
Борусија Дортмунд го купи Марсел Сабицер од Баерн
Фудбалерот од средниот ред на Баерн, Марсел Сабицер се сели во Борусија Дортмунд. Веста е потврдена од повеќе извори и се чека само официјалното преставување од страна на „милионерите“.
Трансферот ќе го чини Дортмунд 19 милиони евра со бонуси.
29-годишниот Австриец ќе потпише договор оваа недела доколку успешно помине на лекарските прегледи.
Сабицер минатата сезона играше за Манчестер Јунајтед како позајмен од Баерн.
Чави не го сака Жоао Феликс во Барса
Жоао Феликс го предизвика гневот на навивачите на Атлетико Мадрид со признанието дека сака да игра за Барселона и се надева дека трансферот е можен до крајот на летниот преоден рок.
Додека Феликс се надева дека Барса ќе испрати понуда за него , пристигнаа лоши вести кои го направија таквиот исход речиси невозможна мисија. Жоао Феликс по шестмесечната позајмица во Челзи се врати во Атлетико Мадрид, кој на крајот не сакаше да го откупи неговиот договор, иако Португалецот со сите сили се обидуваше да го оствари тоа.
Беше јасно дека Феликс не сака да се врати во Атлетико, но и тие не го сакаа баш во тој клуб. Неговиот број седум веќе му го дадоа на Антоан Гризман, додека Диего Симеоне на почетокот на подготовките му порача дека нема да смета на него.
Шпанските медиуми со денови пишуваат дека Барселона навистина се обидува да го доведе Феликс и дека преговара со Атлетико Мадрид за позајмица со задолжителен откуп на договорот.
Исто така, Феликс преку својот агент им порача на Каталонците дека е подготвен да ги чека онолку колку што е потребно и дека во предвид доаѓа само да замине од Атлетико и дека воопшто не го интересираат долгорочни договори.
Сепак, се чини дека за Феликс од каталонскиот клуб пристигна ладен туш. Мундо Депортиво објави дека Чави разговарал со Деко за доаѓањето на Португалецот и го дал своето искрено мислење за сето тоа.
Чави му порачал на Деко дека не го гледа вистинското место во формацијата на Барселона за Феликс и дека Португалецот моментално воопшто не се вклопува во неговите планови и дека доаѓањето на младиот напаѓач би било сосема непотребно.
Тренерот на Барселона смета дека моментално нема место за Феликс во играчкиот кадар и дека има доволно опции во офанзивата.
Висока понуда на Панатинаикос за Миротиќ
Еден ден откако официјално ја одби понудата од Партизан, Никола Миротиќ се поврзува со најтрофејниот грчки клуб Панатинаикос кој и порано беше заинтересиран за него.
Според грчките медиуми, ПАО му нуди на шпанскиот интернационалец договор од четири милиони евра по сезона што е малку пониска плата од онаа што ја заработуваше во Барселона и со која повторно ќе биде еден од најплатените европски кошаркари. Панатинаикос, заедно со Црвена Звезда, ова лето е најактивен клуб на трансфер пазарот и веќе донесе девет нови кошаркари во своите редови.
Ако Миротиќ ја прифати понудата, заедно со Слукас, Вилдоса, Лесор, Гај, Грант, Адетокунбо и останатите ќе го направи атинскиот тим можеби најголем фаворит за шампионската титула во Евролигата.
Исмаила Сар од Вотфорд се сели во Олимпик Марсеј
Исмаила Сар ќе се приклучи на францускиот Олимпик Марсеј. Веќе е постигнат целосен договор меѓу клубовите за зделката. Сенегалскиот фудбалер веднаш ја прифатил понудата од францускиот клуб штом се појавила, односно биле договорени и личните услови на договорот. Играчот ќе биде потпишан на договор до крајот на јуни 2028 година. Марсеј го чека конечното зелено светло од Ватфорд за да ги направи лекарските прегледи, кој се планира да биде во следните денови.
Исмаила Сар минатата сезона во Чемпионшип имаше 39 настапи за Вотфорд, постигнувајќи 10 гола и 7 асистенции. Цената на сенегалскиот фудбалер според Трансфермаркт е 20 милиони евра.
Алегри: Целта на Јуве е да се врати во Лигата на шампионите
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри деновиве во неколку изави зборуваше за целите на „старата дама“ во новата сезона.
„Треба да се стремиме да се вратиме во Лигата на шампионите – тоа е нашата цел. Играњето во Европа е многу важно за нас и за приходите на клубот. Имаме многу млади играчи кои се покажаа добро минатата сезона, но можеме да очекуваме тие да направат уште еден чекор. Сега треба да останеме фокусирани на најдобар почеток во Серија А“, вели Алегри.
Минатата сезона, Јуве заврши на седмото место на табелата во Серија А.
Данецот Хојберг пред потпис со Атлетико Мадрид
Играчот од средниот ред на Тотенхем, Пјер-Емил Хојбјерг најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Шпанија.
Атлетико Мадрид е сериозно заинтересиран за 27-годишниот Данец, а според некои информации преговорите меѓу двата клуба се во напредна фаза.
Засега е непознато колкава сума понуди Атлетико за да го добие Хојбјерг, но извесно е дека и Данецот изразил желба за преселба на „Ванда Метрополитано“.
Александар Јончевски останува тренер на Кожув
По неколкунеделна неизвесност, селекторот на македонската репрезентација Александар Јончевски постигна согласност со раководството на Кожув за продолжување на соработката и во новата сезона.
Таа ќе биде вкупно петта за 42-годишниот стручњак во гевгелискиот клуб каде работеше од декември 2018 до 2011 и во вториот дел од претходната натпреварувачка кампања. Во Кожув се врати на полусезона и ја препороди екипата која од кандидат за испаѓање, обезбеди пласман во завршницата од Купот на Македонија и учествуваше во плејофот од домашното првенство. Малку недостасуваше и таму да направи сензација затоа што во првиот меч од четвртфиналето против МЗТ Скопје во Аеродром долго време имаше предност за да потклекне во финишот пред далеку поискусниот тим.
Продолжувањето на соработката со Јончевски е прв чекор на Кожув во пресрет на новата сезона, а во следниот период се очекува да почне и формирањето на тимот.
Дембеле одбил астрономска понуда од Ал Наср
Осман Дембеле беше на излезни врати од Барселона пред една година и само чудо го задржа на „Камп Ноу“, но откако фудаблски се рехабилитираше и успеа да наиде на поддршка меѓу фановите на каталонскиот гигант, Французинот сега не гледа причина зошто да си оди и во ситуација кога добива нестварни понуди.
Клубовите од Саудиска Арабија сериозно затропаа на вратите на големи европски ѕвезди и успеаја да привлечат добар дел, но еден од нив не е Дембеле кој одбил мега понуда од Ал Наср.
Клубот за кој настапува Кристијано Роналдо го ангажираше Марсело Брозовиќ, веќе е во напредни преговори со Садио Мане, меѓутоа добил категорично „НЕ“ од крилниот напаѓач.
„Футмеркато“ открива дека Дембеле одбил цело богатство за да остане верен на Барселона, или поточно ја одбил понудата која тежела вкупно 200 милиони евра за четири сезони.
Исто така, Ал Наср бил подготвен да ја плати откупната клаузула вредна 50 милиони евра, но до тоа нема да дојде откако работата уште на старт ја пресекол самиот фудбалер.
Кемба Вокер потпиша за Монако
Без апсолутно никаква најава во европските медиуми, Монако денеска ги љубителите на кошарката со договорот со довчерашниот играч на Далас Маверикс, Кемба Вокер. Искусниот плејмејкер доаѓа во Европа на 33-годишна возраст, по 12 години поминати во НБА лигата од кои осум во Шарлот, две во Бостон и по една во Њујорк и Далас. Во својата кариера има четири настапи на НБА Ол стар натпреварите, сите од 2017 до 2020 година.
Со Вокер во своите редови, Монако направи екипа која има квалитет да се бори дури и за титулата во Евролигата со оглед на тоа што минатата сезона учествуваше на Ф4 во Каунас и на крајот го освои третото место. Пред неколку дена во редовите на францускиот шампион дојде и Петр Корнели од Реал, а на бековската линија, Вокер ќе ги дели минутите со Мајкл Џејмс, Ели Окобо, Метју Стразел и Џордан Лојд. И покрај бурното лето кога се однесува за евролигашките клубови, трансферот на Вокер сигурно е една од „бомбите“ пред почетокот на новата сезона во елитното натпреварување.