feature

Одлични вести за Лидс Јунајтед

Тренерот на Лидс, Џеси Марш, објави дека Калвин Филипс и Лијам Купер се опоравија од своите повреди и можат да играат на следните натпревари на тимот. Филипс и Купер не се дел од екипата од декември минатата година. 

Екипата на Лидс во петок гостува во Вулверхемптон во натпревар од 30. коло на Премиер лигата. 

„Разговарав со двајцата. Нивното враќање ќе биде голем плус за тимот. И двајцата се многу добри играчи и мислам дека со нив ќе бидеме многу посилни“, изјави Џеси Марш.

Лидс е на 16-тото место на табелата во Премиер лигата со 26 бода од 29 натпревари.


Трансферот на Халанд ќе чини 355 милиони евра

„Билд“ направи анализа на трансферот на Ерлинг Халанд, и откри дека целата операција ќе чини неверојатни 355 милиони евра.

Халанд сигурно ќе замине од Дортмунд на лето, а пред себе има само две опции, Реал Мадрид и Манчестер Сити. Дортмунд ќе добие „само“ 75 милиони евра плус дополнителни 10 милиони како бонуси.

Халанд бара плата од 40 милиони евра по сезона, односно 200 милиони евра за петгодишен договор. Провизии ќе има и за агентот Мино Раиола во износ од 40 милиони евра, додека таткото на Халанд ќе добие околу 30 милиони евра за трансферот.


Марш може да здивне. Филипс и Купер се враќаат по повредите

Менаџерот на Лидс, Џеси Марш, објави дека Калвин Филипс и Лијам Купер можат да играат во наредниот период.

Двајцата немаат официјален натпревар од декември. Екипата на Лидс утре ќе гостува кај Вулверхемптон во натпревар од 30. коло на Премиер лигата. Филипс се опоравуваше од повредата на бутот а Купер имаше проблеми со мускулите.

„Разговарав со двајцата. Нивното враќање ќе биде голем плус за тимот и ќе не направат посилни“, изјави Џе Марш.


Бензема ќе биде подготвен за Ел Класико

Весникот „Марка“, ја пренесува информацијата дека капитенот на Реал Мадрид, Карим Бензема, ќе се опорави од повредата и ќе биде спремен за вечното дерби против Барселона во недела.

Голгетерот заработи повреда на скочниот зглоб на последниот натпревар против Мајорка но медицинскиот преглед по средбата не покажа сериозна повреда.

Бензема ги продолжи своите тренинзи и ќе биде подготвен за Ел Класико мечот на „Сантијаго Бернабеу“.


Арсенал во летна офанзива по Хусем Ауар од Лион

Според англиските медиуми, Арсенал следното лето ќе тргне во офанзива за доведување на играчот од средниот ред на Лион, Хусем Ауар.

Фудбалерот е долгогодишна желба на „топчиите“, но од разни причини овој трансфер не успеа да се реализира. 

23-годишниот Ауар во летото 2020 година беше на чекор од премин на „Емирати“, но одлуката на Арсенал падна на доведување на Томас Парти.

Ауар има одиграно преку 200 натпревари за Лион, единствениот клуб за кој настапувал во кариерата, а неговиот договор истекува во јуни 2023 година. Пазарната вредност на играчот се проценува на 30 милиони евра.


Вест Хем ќе проба да се засили со Александар Лаказет

Премиерлигашот Вест Хем е заинтересиран за напаѓачот на Арсенал, Александар Лаказет, објавуваат англиските портали. 

Според написите, „чеканите“ сакаат да го доведат 30-годишниот Французин во слободен трансфер преку летниот преоден рок. Договорот на напаѓачот со Арсенал истекува во јуни 2022 година.

Во тековната сезона, Лаказет на 28 натпревари за Арсенал постигна 6 гола и реализира 8 асистенции.


Лампард заврши со скршена рака при прославата на голот за победа на Евертон

Тренерот на Евертон, Френк Лампард, од преголемо славење ја скрши раката по голот кој донесе победа над Њукасл со 1:0.

Стрелец на победничкиот гол беше Алекс Ивоби во 99.минута од натпреварот. Оваа победа им донесе 3 многу важни бода на клубот од „Гудисон парк“ во нивната битка за опстанок во Премиер лигата.

„Не знам како се здобив со скршеница на раката. Очигледно тоа се случи додека уживав во постигнатиот  гол. Очигледно бев удрен, но дури потоа почувствував дека раката ми трепери и ме боли. Сепак, освоените бодови се поважни во моментов“, изјави Лампард.


Баерн Минхен еден месец без Никлас Зуле

Германскиот шампион Баерн Минхен, во наредните месец дена ќе настапува без својот дефанзивец Никлас Зуле.

Од клубот известуваат дека 26-годишниот фудбалер за време на тренинг се пожалил на болка во мускулот на ногата. После дополнителните прегледи од лекарскиот тим на Баварците, е одлучено дека Зуле ќе мора да има пауза од настапи во траење од 4 недели. Добра вест за Баерн е дека во периодот следува репрезентативната пауза, па така клубот нема премногу да го почувствува отсуството на нивниот дефанзивец.


Гатузо ќе го менува Михајловиќ на кормилото на Болоња

Раководството на Болоња размислува да го замени Синиша Михајловиќ со Џенаро Гатузо како главен тренер на клубот.

Причината за отказот може да биде заладените односи меѓу Михајловиќ и раководството на клубот кое наводно ќе преговара со Михајловиќ, додека ја разгледува опцијата за именување на Гатузо.

Михајловиќ е тренер на Болоња од 2019 година. Клубот не го отпушти тренерот кога тој беше подложен на хемотерапија и трансплантација на коскена срцевина. Сепак, по успешниот третман, напредокот на тимот е застанат, а самиот Михајловиќ неодамна откри дека имал задача да обезбеди пласман во топ-10 за Болоња оваа сезона. Болоња се наоѓа во моментов на 12. место во Серија А.


Вујовиќ прифати нов тренерски ангажман

Поранешниот тренер на ракометниот клуб Вардар, Веселин Вујовиќ пронајде нов тренерски ангажман.

Вујовиќ ќе се сели во Азија бидејќи се согласи да биде селектор на иранската ракометна репрезентација. Црногорскиот тренер во изминатиов период се споменуваше како најсериозен кандидат за преземање на клупата на женскиот ракометен клуб Подравка од Хрватска, но очигледно дека таа опција нема да се реализира.

„Можам да потврдам дека постигнав договор со иранската ракометна федерација и од април ќе бидам селектор на нивната репрезентација“, изјави Вујовиќ.