feature

Артета не го крие интересот за Филипе Кутињо

Арсенал ќе се обиде да го ангажира  напаѓачот, Филипе Кутињо, пишува денеска англискиот печат. Бразилецот кој во јануари пристигна во Астон Вила како позајмен од Барселона, во континуитет покажува блескави партии со што го привлече вниманието на „топчиите“.

Згора на тоа, тренерот на екипата од Бирмингем, Стивен Џерард, неодамна призна дека тешко ќе оди купувањето на Кутињо за околу 40 милиони евра.

Англискиот тим во моментов издвојува околу една третина за платата на Бразилецот која е активна во договорот со Барса.


Сергеј Милинковиќ – Савиќ конечно се сели во ПСЖ?

Долгогодишните шпекулации околу потенцијалното заминување на Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио би можеле да се остварат ова лето.

Според пишувањата на шпанските медиуми, Париз Сен Жермен е подготвен за финална офанзива за српскиот репрезентативец. Најверојатно дека следното лето е идеален момент за еден од најдобрите играчи за врска во Италија да се пресели на „Паркот на принцовите“.

Богатиот сопственик на ПСЖ, Насер Ал Келаифи е фрустриран по испаѓањето во Лигата на шампионите од Реал Мадрид, и е одлучен да направи играчки промени во екипата.

Според медиумите, ПСЖ ќе му понуди на Лацио 80 милиони евра за трансферот на 27-годишниот фудбалер, кој минатата сезона беше прогласен за најдобар централен играч за врска во Серија А.


Јирген Клоп ќе прави обид за доведување на Флоријан Вирц

Со оглед на тоа што ситуацијата околу останувањето на Мохамед Салах на „Енфилд“ се искомплицира, Ливерпул се насочува кон Германија во потрага по негова потенцијална замена.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се надева дека е можно неговиот сонародник Флоријан Вирц да стане нов фудбалер на популарните „црвени“ наредното лето.

18-годишниот офанзивец на Баерн Леверкузен веќе се промовираше во еден од најголемите таленти во светот на фудбалот и е дел од германската репрезентација.

Според англиските медиуми, Јирген Клоп ги активирал сите свои врски во Германија за да ја придобие младата ѕвезда.

Флоријан Вирц оваа сезона има постигнато 10 гола и реализира седум асистенции во Бундеслигата, а неговата вредност се проценува на 70 милиони евра.


Снајдер е наследникот на Попович на клупата на Сан Антонио

Тренерот на Сан Антонио Спарс, Грег Попович, наскоро најверојатно ќе ја напушти функцијата.

Според инсајдерот Марк Стајн, главен кандидат за местото на Попович е Квин Снајдер, кој ја води Јута од 2014 година.

Под водство на Снајдер, тимот на Џезерие се пласираше во плејофот петпати по ред и продолжува да зазема високи позиции во поредокот.


Арсенал го краде Кутињо од Астон Вила

Филипе Кутињо во јануари направи изненадувачки трансфер од Барселона во Астон Вила.

Бразилецот не ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“ и се врати во Премиер лигата, каде ќе го носи дресот на Астон Вила на позајмица со крајот на сезоната.

Кутињо одлично ја започна авантурата во Астон Вила и покажа дека се уште може да игра на највисоко ниво. Астон Вила има опција да го откупи Кутињо за 40 милиони фунти, но проблем е огромната плата која ја добива Бразилецот, која клубот од Бирминген не може да му ја дава.


Бруно Фернандеш позитивен на ковид-19, неизвесен за дуелот со Атлетико Мадрид

Бруно Фернандеш имал позитивен ковид-19 тест и може да го пропушти реванш натпреварот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Според информациите од Англија кои ги потврди и менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, Португалецот се уште чека негативен тест.

Лук Шо и Скот Мектоминај го пропуштија мечот во саботата, но се во план за настап против Атлетико.

„Се надевам дека Скоти ќе биде подобар. Имаше болки во потколеницата и затоа го оставив да одмори. Скоти е вреден играч за нас, но само кога е 100 отсто подготвен за игра”, изјави Рангник.

„Лук треба да продолжи со тренинзите во понеделник, а ќе го чекаме Бруно до последен момент. Тој има позитивен тест за ковид-19 и мора да бидеме внимателни“.


Легендата Брејди ја прекина пензијата и најави враќање на терените

Еден од најдобрите квотербекови на сите времиња, Том Брејди синоќа 

објави дека се враќа од пензија и дека оваа сезона ќе игра за Тампа Беј во НФЛ лигата.

„Во последните два месеци сфатив дека местото ми е на теренот, а не на трибините. Ќе има време и за тоа, но не е сега. Ги сакам моите соиграчи и го сакам моето семејство кое ме поддржува. Тие направија ова да е реално. Се враќам. И во мојата 23-та сезона ќе играм за Тампа“, изјави Брејди.

Брејди во текот на кариерата освои седум титули во Суперболот, од кои во 2020 година и со Тампа Беј.


Тухел: Со сигурност останувам во Челзи до крајот на сезоната

Тренерот на Челзи Томас Тухел, ги уверува навивачите дека со сигурност останува да ја води екипата до крајот на сезоната, иако клубот се соочува со големи проблеми.

Имено, Челзи трпи големи загуби после санкциите уведени од британската влада а се однесуваат на руската инвазија врз Украина. Во меѓувреме, Абрамович се повлече од раководење со клубот, и се бара нов купувач, додека сите банкарски сметки се замрзнати.

Иако, во прашање се доведува и понатамошното функционирање на клубот, тренерот Тухел засега нема намера да ја напушти клупата.

„Без сомневање останувам во Челзи до крајот на сезоната. Одиме ден по ден поради тоа што ситуацијата може да се промени во секој момент. Клубот е на продажба и се надевам дека се ќе помине добро. Не можам ништо повеќе да кажам, бидејќи немам никакво влијание на повеќето работи“, изјави Тухел после победата над Њукасл во Премиер лигата. 


Дарко Тасевски на крајот од сезоната заминува во пензија

Дарко Тасевски ќе стави крај на играчката кариера после завршувањето на актуелната сезона.

Тасевски во мај ќе наполни 38 години, а за тимот на Славија Софија нема натпревар од ноември. Во последно време имаше чести проблеми со повреди, само што се врати повторно мораше да оди на пауза.

Според најавите од Бугарија Тасевски ќе стави крај на играчката кариера и ќе продолжи да работи во младинските категории на Славија Софија како тренер. Дресот на Славија Софија Тасевски го носи од 2019 година, а во кариерата играше уште за Кон Каен, Суфанбури, Бангок Глас, Шамона, Левски, Металург Запорожје, Вардар и Цементарница 55.


Хунтелар ќе го замени Овермарс во управата на Ајакс

Поранешниот холандски напаѓач Клас-Јан Хунтелар влезе во раководните структури на Ајакс. 38-годишниот поранешен фудбалер ќе работи во спортскиот оддел на клубот.

Хунтелар ќе потпише договор со Ајакс до јули 2024 година. Тој ќе стане помошник на актуелниот спортски директор на клубот, Џери Хамстра, откако по секс-скандалот функцијата спортски директор ја напушти Марк Овермарс.

Хунтелар за време на неговата кариера како фудбалер играше за Ајакс од 2006 до 2009 година, а исто така и од 2017 до 2021 година.