feature

Симеоне: Ми се јавија дали го сакам Суарез, почнав да се смеам!

Атлетико Мадрид ја освои шампионската титула во Шпанија, а еден од најдобрите играчи оваа сезона беше 34-годишниот Луис Суарез.

Уругвајскиот центарфор постигна 21 погодок во 32 натпревари на Ла Лига и ја водеше екипата до титула. Во клубот пристигна минатото лето за седум милиони евра од Барселона, која се откажа од него по одлука на тренерот Роналд Куман. Холандскиот стручњак сметаше дека на Барселона и е потребна „свежа крв“ во нападот, па Суарез не беше во неговите планови.

Тоа толку го мотивираше Суарез што во неделата по освојувањето на титулата призна дека Барселона прелесно се откажа од него. За својата ѕвезда зборуваше и тренерот Диего Симеоне, кој минатото лето не можее да верува дека постои шанса за доведување на Суарез.

„Ми се јавија од клубот да видат дали го сакам Луис Суарез. Почнав да се смеам и ги прашав: Сериозни сте? Одиме лудачки по него. Дајте да му се јавам.“ – низ смеа раскажува тренерот на Атлетико.

Суарез претходно најави дека и наредната сезона ќе настапува во дресот на Атлетико Мадрид.


Суарез потврди дека останува во Атлетико и следната сезона

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез, не крие дека е презадоволен од освоената титула во најсилниот фудбалски шампионат во Шпанија. Тој најави дека нема намера да го напушти клубот.
„Сигурен сум дека ќе останам бидејќи имав одличен третман. Сопругата и децата се со мене цело време. Тие се навикнаа на новата средина иако во поечтокот им беше многу тешко“, потенцира луцудниот голгетер.
Суарез во изминатата сезона успеа да постигне 21 гол во Примера Дивизион и беше еден од најзаслужните за освоениот шампионски пехар.


Манџукиќ и Милан се разделија по само шест месеци

Хрватскиот фудбалски напаѓач, Марио Манџукиќ, кој одигра скромни во десет мечеви во Серија А во дресот на Милан, потврди дека ќе мора да си побара нова средина.
„Благодарен сум на управата на клубот што ми даде можност. Среќен сум што успеавме да го вратиме клубот во Лигата на шампионите“, нагласи корпулентниот голгетер откако „росонерите“ завршија на второто место во италијанскиот шампионат.
Според одредени наводи, за Манџукиќ се заинтересирани неколку екипи од Италија , но, и богатите сопственици на клубовите од далечниот Исток.


Дневен ЕвроТИП за секојдневна добивка!

Често пати си во ситуација да не знаеш што да одиграш од богатата понуда на Евротип? Нема причина и простор за паника, бидејќи Евротип е тука за тебе!

Единствено што треба да направиш е да ги следиш дневните предлози на Евротип, а потоа? Потоа само останува да го исплатиш добитниот тикет!

Минатата недела од петте дневни предлози со зголемена квота на Евротип, сите пет беа добитни!

Покрај дневните предлози кои Ви носат добивка, не заборавајте да ја искористите Евротип клуб картичката при секоја уплата, типувајте за бонуси кои достигнуваат и 467%, одиграјте „брз“ тикет за Брзи пари и исплатете по само 15 или 30 минути игра од натпреварите, или пак доколку сте несигурни, искористете ја можноста за „Cashout“.

Следете ги и понатаму спортските обложувалници Евротип, доаѓаат уште многу изненадувања подготвени само за Вас!

https://www.facebook.com/SportskiOblozuvalniciEvrotip/photos/a.172008634216045/494537301963175/

https://www.instagram.com/p/CPSwE8fKPqQ/


Шек до Јокиќ: „Сјајна игра, брате!“ (видео)

Никола Јокиќ повторно беше играч на натпреварот во победата на Денвер, откако Нагетси го совладаа Портланд со 128:109 и израмнија во серијата од првиот круг на НБА доигрувањето на 1:1, а српскиот центар постигна 38 поени.

Ккао играч на натпреварот, по завршувањето на истиот гостуваше во емисија во која Шекил О`Нил постави прашање, но дури откако му покажа на Јокиќ како се служи со српскиот јазик.

„Сјајна игра, брате“, рече легендарниот Шек да го разбере целиот Балкан, но поради начинот на кој тоа го изговори, не го разбра никој.

Во секој случај, барем Јокиќ не го разбра, па потоа збунето проверуваше дали е се во ред со неговите слушалки, пред да успее да ја „декодира“ честитката на Шек. Еве ја неговата реакција:

https://twitter.com/NBAonTNT/status/1397056217021698049

Македонија договори две средби со Србија, ќе тестира во Ниш

Македонија и Србија ќе одиграат две тест средби во Ниш кон крајот на следниот месец, а селекторот Кирил Лазаров допрва ќе го соопшти списокот на играчи за двомечот.
Натпреварите ќе се одиграат на 19. и 20. јуни, нашата најдобра ракометна репрезентација ќе гостува во Ниш, Србија има нов селектор, шпанскиот тренер Тони Џерона веќе го објави списокот на играчи за дуелите со нашиот национален тим.


Луис Енрике не повика ниту еден фудбалер на Реал за Европското првенство

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике, денеска на прес-конференција го објави списокот на фудбалери кои ќе настапат на престојното ЕП. Интересно, во списокот на Енрике нема неколку досегашни стандардни репрезентативци, почнувајќи од капитенот на Реал (М), Серхио Рамос, па преку неговиот клупски колега Марко Асенсио, Начо Гонзалез, Кепа…

Голмани: Унаи Симон, Давид де Хеа, Роберт Санчез

Одрбана: Хозе Гаја, Жорди Алба, Пау Торес, Ајмерик Лапорт, Ерик Гарсија, Диего Љоренте, Цезар Аспиликуета, Маркос Љоренте

Среден ред: Бускетс, Родри, Педри, Тиаго Алкантара, Коке, Фабијан Руиз.

Напад: Дани Олмо, Ојарзабал, Мората, Жерард Морено, Феран Торес, Адама Траоре и Сарабија.


Пиоли: Горд сум на постигнатото од моите фудбалери

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, по натпреварот од последната рунда во Серија А со Аталанта и победата од 2-0 која на „росонерите“ им донесе учество во Лигата на шампионите, ја прокоментира цела сезона и настапот на Милан.
„Второто место на табелата го заработивме со нашиот труд во текот на целата сезона. Главната силина на тимот е тоа што не се повлекуваме во тешки моменти. Многу сум горд на менталитетот на тимот, кој го градевме во текот на сезоната. На 19 натпревари од 38 игравме без Златан, секако дека тоа имаше големо влијание на нашиот учинок, но ова е само почеток на овој тим“, рече Пиоли.


Азар сака кам-бек во Челзи по фијаското во Мадрид

Ѕвездата на Реал Мадрид и белгиската фудбалска репрезентација, Еден Азар, изјави дека сака да си замине од Шпанија. Белгиецот дојде во дресот на шпанскиот гигант летото 2019 година, но не ги исполни очекувањата на навивачите.
Азар беше постојано отсутен поради повреди и не настапи на потребното ниво кога се врати во игра. Според медиумите во Шпанија, 30-годишниот фудбалер изјавил дека сака да се врати во Челзи, каде помина 9 години.
Реал исто така нема намера да го задржи и би се разделил со него за соодветна понуда.


Хамилтон: Формула 1 стана спорт за татини синови

Луис Хамилтон отворено зборуваше против се повеќе примери на богати татини синови кои добиле шанса да се натпреваруваат во Формула 1. Најновиот пример е Никита Мазепин чиј татко е главен спонзор на Хаас, а како главен услов му бил неговиот син да има место во еден од болидите. Младиот Русин, барем за сега, се покажа како промашување. Во првата трка сезонава излета во првиот круг, а во останатите три трки резултатите му беа катастрофални. Освен него, во Формула 1 се Ленс Строл и Николас Латифи, кои исто така не би биле на стазата доколку не биле нивните пребогати татковци. „Во иднина мора нешто да се промени во Формула 1, да биде подостапна за луѓето како мене. Овој спорт стана клуб за синовите на милијардерите, а тоа не беше така кога јас започнував. Нема никакви шанси со обични, работнички родители денеска да се пробиеш во Формула 1. Сите останати имаат толку многу пари што со тоа не можете да се носите“, рече Хамилтон.