Барселона го договори првото засилување за 2021. година!
Англиските медиуми јавуваат дека Барселона го договори првиот трансфер за 2021. година. Ерик Гарсија ќе го напушти Манчестер Сити и ќе потпише петгодишен договор со каталонскиот клуб. Така, 19-годишниот шпански дефанзивец ќе се врати во клубот кој го напушти како тинејџер со 16 години. Не успеа да добие шанса под Пеп Гвардиола, досега одигра само 30 натпревари, а оваа сезона само седум. Барселона наводно се обиде да го доведе Гарсија уште минатото лето, но Сити инсистираше на 10 милиони евра, кои каталонците не сакаа да ги платат. Сега, најверојатно ќе го доведат како слободен играч. Сити му нудеше продолжување на договорот на Гарсија уште пред пет месеци, но Гвардиола и јавно истакна дека Гарсија не сака да остане во клубот.
Дончиќ е најдобар кошаркар за 2020-та според „Евробаскет“
Традиционално, сега веќе 17-та година по ред, една од најугледните кошаркарски „страници“ на Стариот континент, „Евробаскет“ го направи својот избор на најдобрите во кошарката за тековната година. Така е и пред крајот на оваа календарска 2020 година, во која „Евробаскет“ го направи изборот. Го подели на два дела-категории „европски“ (играчи кои моментално настапуваат во Европа), и „сеевропски“, во кој се вклучени и европските претставници. И играчи надвор од границите на европскиот континент, кои во најголем дел, играат во најсилната лига на светот – НБА. Младиот Словенец во својата трета сезона во Далас, се промовира себеси во најдобрите европски играчи во најсилната лига на светот. Словенечкиот „дијамант“ дојде до неверојатен просек од скоро 30.поени по натпревар, лани беше трет додавач во лигата со просек од 8,8 асистенции. А имаше и 9,4 скокови по меч, и беше многу блиску до „троен ефект“, што е вистинско, ретко остварување за еден така млад играч.
Жером Боатенг бира меѓу три лондонски премиерлигаши
Арсенал, Челзи и Тотенхем покажуваат сериозен интерес за дефанзивецот на Баерн Минхен, Жером Боатенг. 32-годишниот дефанзивец има договор со Баварците до крајот на сезоната и двете страни одлучија да не ја продолжуваат соработката. Тоа значи дека Боатенг уште во јануари ќе биде слободен да потпише преддоговор со нов клуб, па битката за неговиот потпис веќе започна. Жозе Мурињо и Артета се во потрага по квалитетен дефанзивец, па важат за фаворити за неговиот потпис.
Евротип предлог тикет – Сабота 02.01.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 56 коефициент:
Тотенхем – Лидс Јунајтед | ГГ, 3+ Не е лесно да се типува на победник во дуелот на Тотенхем и Лидс, но со голема веројатност ќе има многу голови. Начинот на кој го интерпретираат фудбалот двете екипи и двата менаџери ветува атракција во Лондон.
Келн – Аугсбург | 3+ Уште еден натпревар во кој картите се отворени и секој исход е возможен. Одбраната не им е силна страна ни на едните, ни на другите, па се чини дека посигурна опција е игра на повеќе голови од просекот.
Виљареал – Леванте | 1-1 По добриот настап против Бетис на крајот од старата година, Леванте без недоволно заздравениот Барди гостува кај „жолтата подморница“. Домаќините се големи фаворити против соседите и традицијата е во нивна полза. Тимот на Емери има големи шанси да ја почне годината со успех.
Спортинг – Брага | 1, 3+ Две офанзивни екипи играат меѓусебе на „Жозе Алвеладе“, а домаќинот има очајничка потреба од бодови. Спортинг е фаворит, но нема така цврста одбрана како што имаше пред неколку години, па можни се пресврти и голови од двете страни.
Штутгарт – РБ Лајпциг | 2 Полуфиналистот од Лигата на шампионите минатата сезона делуваше уморно и заврши само со реми во 2020 година. Сепак, десетдневната пауза добро им дојде на фудбалерите на Нагелсман, па очекувам да почнат во 2021 година со победа кај „швабите“ во Штутгарт.
Гвардиола испраќа мега-понуда за Хари Кејн
Манчестер Сити тргнува во голема офанзива по врвен напаѓач. Се работи за Хари Кејн, кој според медиумите е прв избор на Пеп Гвардиола и негова главно барање кон раководството, кое неодамна му го продолжи договорот. Кејн има договор со Тотенхем до 2024 година, но Сити има финансиски механизми со кои би можел да го убеди англискиот репрезентативец да се пресели на „Итихад“, што би бил еден од најзначајните трансфери последните години. Од Франција пак пристигнуваат други информации кои можат да го загрижат Жозе Мурињо. ПСЖ ќе испрати понуда за репрезентативецот на Франција, Хуго Лорис.
Грацијано Пеле пред потпис со Јувентус
Јувентус има намера да доеде четврти напаѓач за да има за ротација. Тој четврти напаѓач би можел да биде Грацијано Пеле, 35 годишниот фудбалер кој играше во Кина сега е препорачан на некои клубови како Милан и Јувентус. Милан нема намера да доведува напаѓач, тоа неодамна го кажа и Паоло Малдини па Пеле би можел да биде понуден на тимот од Торино. Со Пеле исто така се поврзува и Вест Хем. Претходно Пеле играше за тимови како што се: Лече, АЗ Алкмар, Парма, Сампдорија, Фејенорд и Саутемптон. Во Кина е од 2016 година.
Барди започна со тренинзи, наскоро се враќа во дресот на Леванте
Енис Барди го одржа првиот тренинг со тимот по долго време, откако паузираше повеќе од два месеци поради повредата на грбот. Шпанските медиуми објавија дека Барди ќе го пропушти мечот против Вилјареал, но најверојатно ќе биде подготвен да игра против Еибар на 10 јануари. Барди до повредата играше одлично за шпанскиот тим и ги воодушеви сите со неговите настапи, па шпанските медиуми често пишуваа за него, а во последно време почнаа и шпекулациите дека наскоро Македонецот би можел да се пресели во Англија.
Кавани доби казна од 100.000 фунти за пост на социјалните мрежи
Единсон Кавани заработи казна од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), а причината за тоа е постот на социјалните мрежи употребен по драматичната победа над Саутемптон од 3-2 во Премиер лигата, меч на кој даде два гола меѓу кои и решавачкиот во судското продолжение. Кавани беше прогласен за виновен од страна на ФА поради користење на навредливи, неправилни зборови, односно напаѓачот доби суспензија од натпревари, казна од 100.000 фунти, а ќе мора да помина и низ едукативна програма за да ова не му се повтори во иднина. Во целата оваа ситуација не помогна ниту извинувањето на Единсон кој немал намера никого да навреди, но ФА немаше милост што значи дека Јунајтед нема да може да смета на голгетерот за пресметките против Астон Вила, Манчестер Сити (Лига Куп) и Вотфорд (ФА Куп).
Ларкин од Анадолу Ефес е играч на годината во кошаркарска Европа
Веќе 17-та година по ред, една од најугледните кошаркарски медиуми на стариот континент, „Евробаскет“ го направи својот избор на најдобрите во кошарката за тековната година. Така е и пред крајот на оваа календарска 2020 година, во која „Евробаскет“ го направи изборот. Го подели на два дела-категории „европски“ (играчи кои моментално настапуваат во Европа), и „сеевропски“, во кој се вклучени и европските претставници, играчи надвор од границите на европскиот континент, кои во најголем дел, играат во најсилната лига на светот – НБА. Ласкавото признание за играч на годината според „Евробаскет“, го доби бекот на турскиот Анадолу Ефес, Шејн Ларкин. Играч кој имаше неверојатна сезона зад себе која за жал не ја круниса со титула во Евролигата која поради коронавирусот беше прекината пред онаа финална фаза во која тимот од Истанбул влезе како еден од топ-фаворитите за евролигашкиот трофеј. Имаше просек од 22,2 поени, 4,1 асистенции и 3,8 скокови на 25 натпревари во Евролигата.
Пандев: По ЕП со Македонија заминувам во пензија
Горан Пандев има две желби за 2021 година, да и помогне на Џенова да опстане во елитата на Италија и да го сочува здравјето за да може со Македонија да игра на ЕУРО 2021. „Оваа година секако дека беше успешна на спортски план, но мислам дека 2021 ќе ми донесе нови радости и покрај тоа што ќе имам полни 38 години. Верувам дека ова ќе биде мојата последна сезона во кариерата. Најпрво да обезбедам со Џенова опстанок во Серија А, па со Македонија да си го остварам сонот и да играм на Европското првенство, потоа мислам дека ќе следи пензија“, изјави Пандев. Нашиот најдобар фудбалер објасни дека планира по пензионирањето да остане во Џенова каде што неговото семејство се чуствува одлично.