feature

Евротип предлог тикет – Недела 03.01.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 24 коефициент:

Челзи – Манчестер Сити | 2
Двете екипи имаат проблеми со позитивни фудбалери на ковид-19, посебно гостите. Сепак, инерцијата на Челзи е загрижувачка, посебно одбраната и голманот Менди не се на висината на задачата, па „граѓаните“ може целосно да профитираат и слават.

Хуеска – Барселона | 2-2
Лео Меси се враќа во тимот на Барса, а „фенерџијата“ во лигата е идеална можност за враќање на победите. Куман ќе го менува тимот во споредба со тимот кој играше против Еибар и со сериозен пристап ќе се радуваат на победа.

Интер – Кротоне | 1-1
Конте и „нераѕурите“ имаат идеален противник за старт на годината. Кротоне на тренерот Стропа ја запиша првата победа во сезоната, но преоптимистички е да очекува бод(ови) на „Сан Сиро“.

Алавес – Атлетико Мадрид | 2
Оваа сезона „јорганџиите“ на Симеоне не губат бодови во дуелите со малите екипи, а добро ја почнаа и новата година. Алавес им откина бодови на Реал и Барса, но стилот на игра на Атлетико не му одговара.

Реал Сосиедад – Осасуна | 1
За едно ниво Реал Сосиедад игра подобро од минатата сезона и не смее да не победува против ривали како Осасуна, ако сака да се квалификува во Лигата на шампионите. Гостите ќе играат без двајца казнети дефанзивци.


Роналдо: Сонувам светска титула со Португалија

Кристијано Роналдо се надева дека ќе игра уште многу години, а открива дека сонува светска титула со Португалија.
Португалецот на почетокот на февруари ќе наполни 36 години, но и понатаму не размислува за крај на кариерата.
„Годините не се важни, важна е состојбата на умот. Живеам во сегашноста и во овој момент. Среќен сум и во форма. Се надевам дека ќе играм уште многу години, но никогаш не се знае. Ова е фудбал и не можеме да знаеме што ќе се случи утре“.
Роналдо има и голем сон – светска титула со Португалија.
„Сонувам да го освојам Светското првенство во Катар со Португалија. Тоа е можно, се е можно и верувам во тоа“, изјави Роналдо.


Сон доби понуда од Реал, дали Тотенхем ќе го загуби најважниот фудбалер?

Хјунг-Мин Сон би можел да направи трансфер на кариерата.
Сон игра феноменално во дресот на Спарс. Ваквите игри не останаа незабележани од најголемите светски клубови и Зинедин Зидан започна да се распрашува за Кореецот.
Челниците на Реал Мадрид наскоро ќе се сретнат со претставниците на Тотенхем. Тоа ќе биде состанок на кој ќе се разговара за Сон и ќе видиме дали фантастичниот офанзивен играч ќе направи голем трансфер.
Сон е член на Тотенхем од 2015 година. Тој одигра 252 натпревари за лондонскиот клуб и постигна 99 голови.
Оваа сезона, корејскиот фудбалер постигна 14 гола и имаше седум асистенции на 24 одиграни натпревари.


Се сеќавате на Џими Флојд Хаселбенк? Има нов клуб!

Поранешниот репрезентативец на Холандија и човек кој играше одлично во дресот на Лидс, Атлетико Мадрид и Челзи, Џими Флојд Хаселбенк, е нов тренер на екипата на Бартон.
Тој ја започна својата тренерска кариера во 2013. година во Антверпен, а беше тренер на Бартон и во сезоната 2014/15.
По епизодата во Квинс Парк Ренџерс и Нортемптон и направената пауза од три години, Џими се врати на тренерската работа.
Бартон се натпреварува во англиската Лига 1, односно третиот ранг на натпреварување.


Венгер: Ако му требам на Арсенал, ќе се вратам

Арсен Венгер го напушти Арсенал во 2018. година, откако го водеше лондонскиот клуб цели 22 години.
Легендарниот француски тренер оттогаш нема ангажман и често е гостин како коментататор на некои од големите светски телевизии. Нема дадено многу интервјуа, а во едно од нив, водителот го праша дали би сакал да се врати во Арсенал.
„Ако му требам, ќе се вратам. Но, не очекувам повик. Не очекувам ништо, времето е доста добар доктор.“ – изјави 71-годишниот французин кој со Арсенал освои три титули во домашното првенство, вклучувајќи ја и онаа од 2004. година, кога немаа ниту еден пораз.


Нема ново одложување на Олимписките игри

Јапонскиот премиер, Јошиде Сука изјави дека Олимписките игри сигурно ќе се одржат ова лето во Токио, односно нема да има нови одложувања.
„Јапонија ќе направи се што може за Игрите да бидат сосема сигурни за секој кој ќе дојде во Токио, а истите ќе послужат како симбол на глобална солидарност.“ – изјави Сука.
Олимписките игри во Токио 2020. се одложени на година дена, а нивниот почеток е планиран за 24. јули годинава. Во анкетата на јапонските медиуми, мнозинството јапонци се против одржувањето на игрите годинава, односно сметаат дека треба повторно да се одложат или откажат.
Поради одложувањето и коронавирусот, Олимписките игри во Токио ќе станат најскапите летни Игри во историјата, бидејќи трошоците пораснаа за 2,8 милијарди долари, на вкупно 13 милијарди.


КОВИД-19 повторно прави проблеми за Наполи!

Наполи по кратката зимска пауза се враќа на натпреварите и се среќава со Каљари.
Тој натпревар е на програмата веќе утре, а наполитанците имаат нов случај на зараза со коронавирус во својот клуб. Во случајот, се работи за најскапото летно засилување, Виктор Осимен кој има позитивен резултат на тестирањето.
Раководството на клубот тврди дека нигериецот не беше во контакт со никој од клубот, а поранешниот фудбалер на Лил е надвор од терените уште од средината на ноември. Оваа сезона има одиграно само осум натпревари.
Минатиот пат, Наполи го откажа натпреварот со Јувентус поради два заразени играчи, но овој пат се чини дека нема да имаме таков исход.


Солскјер: Погба станува се подобар и подобар

Оле Гунар Солскјер изјави дека Пол Погба е попогдотвен од било кога и дека игра се подобро и подобро, откако французинот беше клучен играч во победата на Јунајтед над Астон Вила со 2:1.
Погба ја доби наградата за играч на натпреварот, францускиот играч за врска учествуваше во акцијата по која Марсијал го постигна првиот погодок, а потоа изнуди пенал кој го реализираше Бруно Фернандеш.
„Погба е се поподготвен и посилен, а така доаѓаат и изведбите како оваа. Му требаа можеби 25 минути за да започне, но кога тргна, тогаш правеше разлика. Среќни сме за неговиот придонес. Важно е Пол да ја има топката каде и да се наоѓа на теренот. Неговата физичка присутност е важна за нас, бидејќи знаевме дека противникот има екипа која е во најсилните во лигата. Ни требаа играчи кои можат да им се спротивстават, а Погба ја покажа неговата сила и способност при првиот гол. Бев воодушевен од неговата изведба.“ – изјави Солскјер.


Барселона го договори првото засилување за 2021. година!

Англиските медиуми јавуваат дека Барселона го договори првиот трансфер за 2021. година. Ерик Гарсија ќе го напушти Манчестер Сити и ќе потпише петгодишен договор со каталонскиот клуб.
Така, 19-годишниот шпански дефанзивец ќе се врати во клубот кој го напушти како тинејџер со 16 години. Не успеа да добие шанса под Пеп Гвардиола, досега одигра само 30 натпревари, а оваа сезона само седум.
Барселона наводно се обиде да го доведе Гарсија уште минатото лето, но Сити инсистираше на 10 милиони евра, кои каталонците не сакаа да ги платат. Сега, најверојатно ќе го доведат како слободен играч.
Сити му нудеше продолжување на договорот на Гарсија уште пред пет месеци, но Гвардиола и јавно истакна дека Гарсија не сака да остане во клубот.


Дончиќ е најдобар кошаркар за 2020-та според „Евробаскет“

Традиционално, сега веќе 17-та година по ред, една од најугледните кошаркарски „страници“ на Стариот континент, „Евробаскет“ го направи својот избор на најдобрите во кошарката за тековната година.
Така е и пред крајот на оваа календарска 2020 година, во која „Евробаскет“ го направи изборот. Го подели на два дела-категории „европски“ (играчи кои моментално настапуваат во Европа), и „сеевропски“, во кој се вклучени и европските претставници. И играчи надвор од границите на европскиот континент, кои во најголем дел, играат во најсилната лига на светот – НБА.
Младиот Словенец во својата трета сезона во Далас, се промовира себеси во најдобрите европски играчи во најсилната лига на светот. Словенечкиот „дијамант“ дојде до неверојатен просек од скоро 30.поени по натпревар, лани беше трет додавач во лигата со просек од 8,8 асистенции. А имаше и 9,4 скокови по меч, и беше многу блиску до „троен ефект“, што е вистинско, ретко остварување за еден така млад играч.