feature

Траоре: Дојдов во Барселона да победувам и да дадам се од себе

Фудбалскиот клуб Барселона и официјално го претстави своето ново засилување, Адама Траоре. Траоре се врати на Камп Ноу после трансферот од премиерлигашот Вулверхемптон, и ќе го носи дресот со број 11.

„Му благодарам на претседателот Лапорта што го овозможи моето враќање, како и на моите пријатели, на моето семејство и на сите што беа со мене во текот на седумте години додека бев далеку од дома. Ќе дадам се од себе да ги израдувам навивачите. Се надевам дека во недела ќе ја покажам својата сила на теренот. Сега сум физички посилен, имам поголемо искуство играјќи во Премиер лигата, која е доста напорна. Сепак, никогаш не ја заборавив Барса и многу сум среќен што можам да се вратам и да работам со Чави. Доаѓам да победувам и да дадам се од себе.

https://twitter.com/FCBarcelona/status/1488879117823000578?s=20&t=jHyJtoxJhpwWS2RL8EzrbA

Нејмар најдобар бразилски фудбалер во Европа

Нејмар е добитник на наградата Златна Самба за 2021 година. Таа се доделува на најдобриот бразилски фудбалер кој настапува во Европа. Ѕвездата на ПСЖ наградата ја добива по петти пат во кариерата, а претходно истата ја освои во 2014, 2015, 2017 и 2020 година.

Бразилскиот напаѓач сеуште се опоравува од повредата на скочниот зглоб што ја заработи на натпреварот со Сент Етјен во ноември минатата година. Се очекува тој да биде подготвен за натпреварот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите кој е закажан за 15 февруари.


Манчестер Сити ќе му понуди нов договор на Бернардо Силва

Шампионот на Англија, Манчестер Сити, започна преговори за продолжување на договорот со Бернардо Силва.

27-годишниот играч од средниот ред минатото лето беше многу блиску до напуштање на Сити,но сега целата ситуација е променета и неговите менаџери почнале разговори за продолжување на неговиот актуелен договор, кој истекува во 2025 година.

Бернардо Силва смета дека клубот предводен од Гвардиола го практикува најдобриот фудбал во Европа и одговара на неговиот стил на игра.


Икарди фаворит за наследник на Ибра во Милан

Милан е во потрага по квалитетен напаѓач, а најголема желба на „росонерите“ на Мауро Икарди, пренесуваат италијанските медиуми.

Златан Ибрахимовиќ ја игра последната сезона во кариерата, па Милан веќе почна да бара негов наследник.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Малдини веќе почнал преговори со Икарди, кој не е среќен во ПСЖ и сака да се врати во Милано.

Малдини наскоро ќе почне преговори со Леонардо и ќе се обиде уште на лето да го донесе Аргентинецот на „Сан Сиро“.


Жоан Лапорта: Дембеле одби две понуди за напуштање на клубот

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во изјава за медиумите обелодени дека Усман Дембел одбил две понуди да го напушти клубот во последниот ден од јануарскиот преоден рок.

„Како клуб му доставивме многу добра понуда да го обнови договорот и да остане, но се јави проблем од финансиска природа бидејќи Дембеле и неговиот менаџмент побараа повеќе пари.

Во последниот ден од преодниот рок му покажавме и две добри понуди да игра за други клубови во следните шест месеци. Една од понудите беше од англиски клуб, но тој не ги прифати и избра да остане тука. Сите сме изненадени“, прокоментира Лапорта.

Усман Дембеле ќе остане на „Камп Ноу“ до крајот на сезоната, но најверојатно нема да добива шанса од тренерот Чави за да игра на натпреварите на Барселона. 


Модриќ и Реал се договорија, Хрватот уште една година во Мадрид

Лука Модриќ ќе се согласи да го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште една сезона, објавија медиумите во Шпанија.

Познато е дека „кралевите“ не практикуваат долгогодишни договори со фудбалерите на негова возраст и затоа ќе ја искористат единствената опција. Според Марка, 36-годишниот хрватскиот играч за врска ја прифаќа политиката на клубот и ќе потпише до летото 2023 година.

Модриќ во сезонава одигра 24 натпревари и постигна 2 гола.


Обамејанг: Тажно е што го напуштив Арсенал на овој начин

Поранешниот напаѓач на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, преку специјална објава на социјалните мрежи се прости од навивачите на „топчиите“. Фудбалерот се раздели од клубот и потпиша договор со екипата на Барселона.

„Ви благодарам што го направивте Лондон мој дом и дом на моето семејство во изминативе четири години. Заедно поминавме низ подеми и падови, но вашата поддршка беше огромна. Отсекогаш сум бил 100 % фокусиран и посветен да дадам се за клубот, и боли да си одам без збогум, но фудбалот е таков. Тажен сум што во последните неколку недели немав можност да им помогнам на моите соиграчи, но имам огромна почит кон клубот и навистина им посакувам многу успех на моите пријатели и навивачи во наредните години“, изјави Обамејанг.


Објавени се учесниците на натпреварот во забивање на НБА Ол-стар викендот

Некои од добро информираните новинари околу збиднувањата во кошаркарската НБА лига, веќе ги објавија имињата на учесниците на натпреварот во забивање за време на Ол-стар викендот.

Како сигурни учесници се наведуваат Оби Топин од Њујорк , Кол Ентони од Орландо , Џејлен Грин од Хјустон и Хуан Тоскано Андесон од Голден Стејт.

Од овие четворица играчи само Оби Топин беше учесник и на минатогодишното натпреварување. Натпреварот во забивање ќе се одржи на 19. февруари, а Ол-стар натпреварот е закажан еден ден подоцна во Кливленд.


Бартомеу обвинет за криминал при трансферите на Гризман и Малком

Барселона го извести обвинителството бидејќи пронајде „криминал“ при работењето на претходното раководството. Спорни се два трансфери, тие на Антоан Гризман и Малком, пренесуваат каталонските медиуми.

Според собраните информции и документација, сегашното раководство има основано сомнение за криминал и корупција при овие два трансфери.

Гризман беше купен во 2019 година од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра, а потоа Каталонците им платија уште 15 милиони евра на „јорганџиите“.Атлетико Мадрид ја обвини Барселона за нерегуларности, дури достави и жалба до федерацијата, па за случајот да не заврши на суд, двата клуба  се договорија да бидат платени додатни 15 милиони евра.

Исто така спорни се и четири провизии кои Барса ги платија при реализација на трансферот на Гризнан и тоа на неговата сестра, тратко, агент и на семејниот адвокат на Французинот.


Душан Влаховиќ ќе се всели во куќата на Кристијано Роналдо

Новиот голгетер  на Јувентус, Душан Влаховиќ ќе живее во куќата во која престојуваа Кристијано Роналдо и неговата вереница Џорџина Родригез, додека Португалецот го носеше црно-белиот дрес на „старата дама“.

Српскиот напаѓач го избрал суперлуксузниот имот поради безбедносни причини. До куќата, која се наоѓа на периферијата на Торино, се стигнува по приватен пат, кој деноноќно се обезбедува.

Во периодот пред трансферот од Фиорентина во Јувентус, Влаховиќ доби голем број закани, поради што ангажираше обезбедување додека се уште настапуваше во Фиренца.