feature

Од Дортмунд оставаат простор Белингам да остане и следната сезона

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел се уште се надева дека Џуд Белингам може да остане во клубот.

За Англичанецот постои огромен интерес од многу европски гиганти и според медиумите сигурно ќе си замине ова лето.

„Ќе направиме се што е можно за да го задржиме Белингам, бидејќи сме амбициозни и сакаме да ги задржиме најдобрите фудбалери. Се уште нема никаква одлука, бидејќи нема ништо конкретно. Нема понуди“, изјави Кел.

„Треба да бидеме подготвени за различни сценарија, но немаме поставено краен рок. Верувам дека битката за него ќе се забрза по завршувањето на сезоната, но сметам дека имаме шанси да го задржиме“, додаде спортскиот директор.


Урувај во футбалска еуфорија – Биелса е нов селектор

Аргентинецот Марсело Биелса е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Уругвај.

Во соопштението издадено од уругвајскиот фудбалски сојуз, се наведува дека со Биелса е потпишан договор со кој тој ќе биде селектор до крајот на Светското првенство 2026.година.

Дебито на новиот тренер на селекторската клупа на Уругвај се очекува да биде во јуни, на пријателските натпревари со Никарагва и Куба.

Јужноамериканските квалификации за пласман на СП 2026 година, започнуваат во септември.


Тотенхем спремен да го откупи договорот со Дејан Кулушевски

Шведскиот репрезентативец, Дејан Кулушевски, кој има потекло од Македонија, ќе остане во редовите на Тотенхем откако челниците одлучиле да му го откупат договорот, најави весникот „Сан“.

Тој беше ангажиран на позајмица од Јувентус за период од 18 месеци а договорот меѓу двата клуба вклучува опција за негово откупување за 35 милиони евра.

Кулушевски има одиграно 54 натпревари за „спарси“ во сите конкуренции со ефект од седум голови и 15 асистенции.


Корејскиот дефанзивец Ким преговара со Манчестер Јунајтед

Фудбалерот , Ким Мин-Јае, кој успеа со Наполи да го освои Скудетото во Италија, од наредната сезона ќе настапува во Премиер-лигата на Англија во Манчестер Јунајтед.

Централниот дефанзивец  се согласи во текот на летото да му се приклучи на 20-кратниот шампион на Англија. Екипата од „Олд Трафорд“ ќе  плати 48 милиони евра за да го добие неговиот потпис. 

Репрезентативецот на Јужна Кореја и претходно нагласи дека има голема желба да настапува во англиски состав.


Заврши сезоната за Погба, Французинот се враќа наесен

Малерозниот фудбалер, Пол Погба, повторно заработи потешка повреда и ќе мора да паузира најмалку три недели, објави клубот од Торино.

Тоа значи дека за него е завршена сезоната. Францускиот репрезентативец откако имаше подолг период на рехабилитација успеа да се врати во форма но, на мечот со Кремонезе беше принуден да излезе од игра кон средината на првиот дел.

Погба најверојатно нема да добие повик да настапи за „триколорите“ во јунските мечеви од квалификациите за Европското првенство.


Почетино и Челзи недела потпишуваат договор

Маурицио Почетино во текот на оваа недела ќе го потпише договорот со Челзи и официјално ќе почне да го подготвува тимот за следната сезона. Според информација на „TalkSport“, договорот за кој веќе двете страни си подале рака е во времетраење од три години.

Иако официјално нема да ја преземе менаџерската функција до крајот на сезоната, Почетино веднаш ќе почне да работи на неговата реконструкција.


Одегард: Готово е, сега ги загубивме надежите за титула

Еден од најдобрите фудбалер на Арсенал оваа сезона, Мартин Одегард призна дека неговиот тим сега веќе „нема надеж“ да ја освои титулата во Премиер лигата.

„Топчиите“ загубија со 0-3 од Брајтон и го ставија Манчестер Сити на прагот на титулата, на кој му е потребна само една победа во последните три натпревари за да ја одбрани шампионската титула и оваа сезона.

„Сега ќе биде многу тешко, мора да бидеме искрени. Не е добро чувството во моментов. Начинот на кој игравме, особено во второто полувреме, не знам што се случи да бидам искрен. Сега се чувствувам како да нема надеж“, рече капитенот на Арсенал.


Едвардс потврди дека ќе игра за САД на Мундобаскетот

Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс може да биде именуван во тимот на САД за претстојното Светско првенство во 2023 година, кое започнува кон крајот на август.

„Тој би можел да игра на Светското првенство во 2023 година за тимот на САД пред Олимпијадата во 2024 година“, објавија извори од клубот.

САД на Мундобаскетот се дел од групата Ц. Тие ќе се соочат со Грција, Јордан и Нов Зеланд.


Младиот Уругваец Мурињо пред потпис со Атлетико Мадрид

Сантијаго Мурињо како што стојат работите ќе биде најновото засилување во одбраната на Атлетико Мадрид.

Станува збор за млад Уругваец роден 2002 година кој настапува за Расинг од Монтевидео, а според информациите преговорите помеѓу двете страни се во завршна фаза. Атлетико нема скапо да плати затоа што неговата вредност според „Трансфермаркт“ изнесува пола милион евра.

Интересот на Атлетико за младиот Мурињо го потврди претседателот на клубот, Вашингтон Лизандро.

„Атлетико е најмногу заинтересиран. Беа во игра повеќе заинтересирани клубови, но Атлетико е најблиску“, изјави претседателот на клубот.


Османи ја заврши својата четврта епизода во Шкендија

Шкендија и досегашниот тренер на тимот Ќатип Османи, по вчерашниот последен меч ПМФЛ ја завршуваат соработката. По мечот со Работнички, Османи во изјава за клупскиот сајт истакна дека овој меч за него беше последен како тренер на Шкендија.

“Ова беше мој последен меч како тренер на Шкендија. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на сите во клубот, за сета поддршка што ја имав од играчите, фановите, рајоводството и спонзорот. Им благодарам“ изјави Османи.

Од клубот го потврдија неговото заминување. Инаку, Османи ја презеде Шкендија во август минатата година.