feature

УЕФА нема да го промени местото на финалето на Лигата на шампионите

УЕФА соопшти дека не планира да го премести финалето на Лигата на шампионите во 2022/2023 година од Истанбул.

„Финалето на Лигата на шампионите во 2023 година ќе се одржи во Истанбул во исто време како што беше планирано на 10 јуни. УЕФА не води никакви преговори со никакви политички институции, влади или национални фудбалски асоцијации во врска со можното преместување на местото“, напиша новинарот на УЕФА, Роб Харис.

Потсетуваме, претходно во медиумите се појавија информации дека УЕФА може да го премести местото на финалето на Лигата на шампионите во Лисабон поради претседателските избори кои ќе се одржат во мај во Турција. Според гласините, европската организација се плашела од немири во Истанбул и затоа почнала да комуницира со португалската страна.


Уругвај донесе големо име за селектор, Биелса се враќа во Јужна Америка

Аргентинецот, Марсело Биелса, ќе го преземе кормилото на фудбалската репрезентација на Уругвај. Тој ќе ја има функцијата најмалку до Мундијалот во 2026 година.

„Постигнавме договор, разликите во барањата се преклопија, останува само потпишувањето на договорот“, потврди членот на Извршниот одбор на Уругвајската федерација, Хорхе Касалес.

Биелса на кормилото на поранешните светски шампиони треба да дебитира во јуни на пријателските натпревари против Никарагва и Куба.


Чави го сака Бруно Гимареш од Њукасл за следната сезона

Барселона се приклучи во трката за потписот на ѕвездата на Њукасл, Бруно Гимараеш, пренесуваат каталонските медиуми.

Каталонците се во потрага по квалитетен играч за врска кој може да биде наследник на Бускетс, а Чави смета дека Бразилецот би бил идеално засилување.

25-годишниот Бразилец се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Сепак, овој трансфер е скоро невозможен за Барселона, бидејќи Њукасл за неговата слобода бара 100 милиони евра, а Каталонците не можат да си дозволат таков трансфер во моментов.


Тодибо се сели во Премиер лигата, три понуди на маса за Французинот

Манчестер Јунајтед, Њукасл и Ливерпул покажуваат силен интерес за дефанзивецот на Ница, Жан Клер Тобидо, пренесува Фабрицио Романо.

Скаути на трите клубови ќе го следат настапот на Тобидо против Рен, а веќе спремаат понуда за трансфер од 45 милиони евра.

23-годишниот Тобидо во 2019 година се пресели во Барселона како слободен играч, но никогаш не доби шанса на „Камп Ноу“ и беше испраќан на позајмици.

Во 2021 година Ница го откупи неговиот договор, а тој игра одлично во Франција и го привлече вниманието на многу европски клубови.

Се очекува на лето готово сигурно да направи трансфер во Премиер лигата, а останува да видиме во кој клуб.


Кастањ од Лестер се сели во Арсенал

Тимоти Кастањ ќе добие понуда во текот на летото да се пресели во Лондон во редовите на Арсенал.

27-годишниот фудбалер по дефиниција е десен бек но, може успешно да игра и во средината на одбраната па дури и на десната странична позиција. Тој за Белгија има реализирано 31 меч и постигнато два гола.

„Лисиците“ се во тешка ситуација на табелата и доколку испадната од Премиер-лигата, се претпоставува дека повеќето играчи ќе бидат ставени на трансфер пазарот.


Во Интер се предомислија, Инзаги добива нов договор

Симоне Инзаги веројатно ќе остане на клупата на Интер, најави за италијанските медиуми првиот оперативец во клубот, Бепе Марота. 

„Верувам дека останува. Не бевме толку добри во Серија „А“ но , Наполи одигра одлична сезона. Се друго е позитивно“, вели Марота.

„Нероаѕурите“ го освоија Супер Купот на Италија, имаат шанса да се борат за пехарот во Купот а обезбедија и одличен резултат со Милан во првата средба од полуфиналето во Лигата на шампионите.


Заврши сезоната за Зинченко и Салиба

Стандардните дефанзивци на фудбалскиот состав Арсенал, Вилијам Салиба и Олександер Зинченко, ќе го пропуштат финишот на сезоната во Премиер-лигата.

Тоа ќе биде голем удар за тренерот, Микел Артета кој нема соодветни замени и ќе мора да прави различни комбинации во дефанзивната линија.

„Топчиите“ во трката заостануваат еден бод за лидерот Манчестер Сити кој има и натпревар помалку.


Рафаел Леао добива нов договор на „Сан Сиро“

оа што се очекуваше се случи. Рафаел Леао го продолжи договорот со Милан со далеку подобри услови.

Фудбалерот ќе остане на „Сан Сиро“ до јуни во 2028 година и ќе добива плата од пет милиони евра. Секако ќе има и одредени бонуси. Во невиот договор е вметната и клаузула за предвремено заминување во висина од 175 милиони евра.

23-годишниот напаѓач беше купен од францускиот Лил во 2019 година за сума од 35 милиони евра.


Клуб од Саудиска Арабија му нуди висока плата на Лорис

Голманот на Тотенхем, Уго Лорис, добил понуда да замине во Саудиска Арабија. Французинот, кој игра 11 години кај Спарси, веројатно ќе го напушти клубот во текот на летото.

Според „Тајмс“, екипа од Саудиска Арабија му понудила три пати повеќе од неговата сегашна 100.000 фунти неделно.

Лорис кој се рехабилитира од повреда нема да игра до крајот на сезоната. Тотенхем интензивно се обидува да му пронајде замена.


Чурлинов: По повредата не сум истиот фудбалер

Дарко Чурлинов сезонава не се наигра во Барнли, а најголема причина за тоа е повредата поради која беше подолго време надвор од терените.

Во изјава за германските медиуми, Чурлинов истакна дека за него ова било тешка сезона.

„Не беше лесно, ја скинав тетивата на тренинг, а потоа ништо не одеше според планираното. Ми треба време да бидам на потребното ниво. Летната сезона ќе ја искористам да се вратам во на нивото на кое бев пред повредата“.

Низ медиумите се шпекулира негово можно враќање во Шалке.

„Во Шалке поминав фантастичен период и за мене најважно е да уживам во фудбалот. Ако сакаат да се вратам ќе донесам одлука. Претходно секако ќе се консултирам со менаџерската агенција и семејството“, изјави Чурлинов.