feature

Бернардо Силва размислува за нов предизвик по Манчестер Сити

Иднината на Бернардо Силва во Манчестер Сити е неизвесна, а Португалецот и минатото лето размислуваше да ја промени средината. Бернардо Силва оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, а сега откри дека минатото лето имал понуди и размислувал да ги прифати.

Бернардо Силва има договор со Сити до 2025 година, а „граѓаните“ сигурно нема лесно да се откажат од него и ќе направат се за да го задржат.

Меѓутоа, португалските медиуми пренесуваат дека на Силва му се допаѓа идејата да се пресели во Примера, бидејќи така ќе биде поблиску до семејството.

Негова најголема желба е да игра за Реал Мадрид, но е спремен да прифати понуди и од Барселона и Атлетико бидејќи сака да се пресели во Шпанија.


Македонија без селектор против Грузија, Бајиќ позитивен на ковид-19

Селекторот на нашите кошаркари, Драган Бајиќ, е позитивен на ковид-19 и нема да патува на мечот во Грузија од квалификациите за Светскиот Куп.

Тој добил позитивен тест и ќе остане во изолација во Скопје. Засега нема потврда дали ќе може да седи на клупата на вториот дуел со Грузијците кој е закажан за 27 февруари во СЦ Јане Сандански. Покрај селекторот, Македонија за гостувањето во Тбилиси остани без неколку стандардни првотимци.

Тоа се: Бобан Стајиќ, Стојан Ѓуроски, Ненад Димитријевиќ, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ и Дамјан Стојановски. Македонија досега има два пораза од Шпанија и Украина.


Вајт и Фјури ќе ги вркстат ракавиците на „Вембли“ на 23 април

Договорена е борбата помеѓу Тајсон Фјури и Вилијан Вајт.

Фјури појасот во ВБЦ категорија ќе го брани против сонародникот на 23 април на стадионот „Вембли“ во Лондон. За оваа борба Фјури има загарантирано 30 милиони долари, додека Вајт ќе добие 7.5 милиони долари.

Победникот ќе добие бонус од четири милиони долари, а се очекува на трибините на „Вембли“ да бидат околу 100.000 гледачи бидејќи во Велика Британија се укинати сите мерки за заштита од коронавирусот.

Фјури во октомври минатата година го победи Деонте Вајлдер, додека Вајт во борбата за ВБЦ пјасот беше подобар од Александар Поветкин. Според некои најави победникот од овој меч ќе оди на дуел со подобриот од борбата помеѓу Александар Усик и Ентони Џошуа која ќе се случи на пролет.


Дански Архус нов клуб на Англичанецот Џек Вилшир

Џек Вилшер после подолго време пронајде нов клуб. Станува збор за дански Архус.

Англискиот фудбалер целосната афирмација ја доживеа додека настапуваше за лондонскиот клуб, а потоа играше за Вест Хем и Борнемоут после што беше слободен бидејќи не можеше да пронајде нов клуб.

„И покрај приказните дека сум склон кон повреди тоа не е точно. Малку натпревари одиграв, ќе кажам искрено така беше затоа што тренерот така сакаше. Секогаш бев спремен и тогаш кога знаев дека нема да играм. Најтешко ми беше што другарите на моите деца во градинка им се потсмеваа и им зборуваа дека никој не ме сака. Во една ситуација мојот син ме праша: Зошто ниту еден клуб не те сака? Што можев да му одговарам на такво прашање?“, изјави Вилшер.


Адеми го пропушта реваншот на Динамо против Севиља

Македонскиот фудбалски репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми, поради повреда нема да настапи на реванш дуелот против Севиља во Лига Европа.

Адеми повредата ја заработи изминатиов викенд на првенствениот натпревар против тимот на Локомотива кој заврши со резултат 0:0.

Засега нема информации од Динамо кога се планира негово враќање на теренот.


Јирген Клоп се надева дека Жота и Фирмињо ќе бидат подготвени за финалето со Челзи

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп потврди дека неговиот тим ќе направи се што е потребно да ги подготви Диого Жота и Роберто Фирмино, за претстојното финале против Челзи во Лига купот кое се игра во недела.

Двата фудбалери заработија повреди на натпреварот од Лигата на шампиони против Интер во Милано.

„Рано е да се донесе конечна одлука околу нивниот настап. Разговарав со двајцата и тие изгледаат добро и позитивно. Мора да причекаме и да видиме како ќе оди нивното опоравување  во текот на наредниве денови, но секако ќе се обидеме да ги оспособиме за настап“, изјави тренерот Клоп за официјалната веб-страница на клубот.


Хамес Родригез: Сакав да останам во Евертон, но дојде менаџер кој не ме сака

Во 2020 година Евертон во своите редови го доведе Хамес Родригез како големо засилување.

Стартот на Колумбиецот беше одличен во редовите на „карамелите“, но потоа следуваше пад во формата. Откако Карло Анчелоти си замина од Евертон, Родригез и го изгуби местото во стартниот тим, Бенитез не сметаше на него.

Во таква ситуација Родригез беше принуден да побара нов клуб, па кариерата ја продолжи во редовите на Ал Рајан. Сега тој порача дека сакал да остане подолго во Евертон.

„Евертон е еден спектакуларен клуб, сакав да останам подолго, но дојде тренер кој не сметаше на мене. Тренерот не сакаше да бидам дел од тимот па немав друга опција освен да си заминам“, изјави Родригез.


Стефан Савиќ е подготвен за дуел со Роналдо

Дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Стефан Савиќ изјави дека не се плаши од дуел со ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо во првиот осминафинален натпревар меѓу двата тима кој се игра во среда.

„Детално се подготвуваме за натпреварот. Свесни сме за нивните добри страни, имаат многу брзи играчи и квалитетни напаѓачи. Знаеме како ќе играат и подготвени сме за тоа“, изјави Стефан Савиќ за шпанските медиуми.

31-годишниот Црногорец, вели дека не е загрижен од соочувањето со Роналдо кој во кариерата има постигнато 25 гола против Атлетико Мадрид.


Јован Стојовски го собори рекордот на Исмаил Мачев стар 35 години

Во својот настап на Меѓународниот митинг за сениори во сала кој се одржа изминатиот викенд во Будимпешта, Унгарија, членот на АК Охрид Јован Стојоски освојуваjки го првото место го собори националниот рекорд на Македонија на 400 метри во сала со време 47.18 секунди вреден 1.096 бодови.

Рекордот стар 35 години беше во сопственост на нашата атлетска ѕвезда Исмаил Мачев , кој претходно изнесуваше 47.49 секунди поставен исто така во Будимпешта.


Тухел застана во заштита на Тухел по лошиот настап против Кристал Палас

Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Томас Тухел, изјави дека ќе направи се што е можно за да го заштити напаѓачот, Ромелу Лукаку, кој има слаби партии во континуитет и добива критики од сите страни.

„Мора да се справиме со ситуацијата. Статистиката покажува одредени работи. Сега тој е во центарот на вниманието и ние ќе го заштитиме. Џејмс и Чилвел беа повредени кога беа во врвна форма. Нивната игра е многу значајна за Лукаку поради неговата брзина и прецизност“, вели тренерот на „сините“.