feature

Јамајка пријави три боб-екипажи на Игрите во Пекинг

Познати се скоро сите учесниците на Зимските Олимписки Игри во Пекинг. Јамајка за првпат во својата историја ќе биде претставена со дури три екипажи во боб, потврди Олимпискиот комитет на Јамајка.

Потврден е настапот на трите екипажи во машка и женска конкуренција. Јамајка за првпат настапи во боб санкање на олимпискиот турнир во 1998 година во Калгари, а нивниот подвиг подоцна беше инспирација за филмот „Rasta Rockett-Cool Running“, кој доживеа голем успех. 

Еден од членовите на тој легендарен екипаж, Крис Стоукс, е актуелен претседател на федерацијата во боб-санкање на Јамајка.


Харден најави заминување од Бруклин

Ѕвездата на Бруклин Нетс, Џејмс Харден има опција да ја промени средината на крајот од оваа сезона.

Американецот има опција во договорот да стане слободен играч или да земе 47 милиони долари на основа на продолжување следната година.

Останува прашањето што ќе избере поранешниот МВП на НБА, а сега се шпекулира дека се уште не одлучил.

Можно е Харден да ја смени франшизата, која би била негова четврта, откако пред Бруклин играше за Хјустон Рокетс и Оклахома Сити Тандер.


Олимпик Марсеј го доведе Сеад Колашинац од Арсенал

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Сеад Колашинац е нов член на Олимпик Марсеј.

Колашинац во Марсеј пристигна како слободен играч од лондонски Арсенал и потпиша договор со важност до јуни 2023 година.

Веста за доаѓањето на новиот играч, клубот од Франција ја објави на социјалните мрежи каде истакнува декаКолашинац со својата енергија, сила и професионализам ќе му помогне на тимот во реализацијата на своите идни цели.

https://twitter.com/OM_Officiel/status/1483499284221898754?s=20

Aсенсио го повреди мускулот, го чека тринеделна пауза

Лоши вести пристигнуваат за тимот на Реал Мадрид.

Имено, Марко Асенсио поради повреда на мускулот на левата нога ќе биде надвор од терените во наредните три недели. Асенсио сигурно ќе ги пропушти наредните два натпревари.

За Асенсио следува еден мини рехабилитационен период после кој ќе се знае колку е спосбен за настап.

Ќе потсетиме, Реал Мадрид изминатиот викенд го освои Суперкупот на Шпанија.


Јувентус го гледа Николо Заниоло од Рома како потенцијална замена за Дибала

Екипата на Јувентус ќе се обиде да го доведе Николо Заниоло од Рома, доколку аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала навистина го напушти Торино како слободен играч по крајот на сезоната, пренесуваат италијанските медиуми.

„Бјанконерите“ веќе подолго време покажуваат интерес за 22-годишниот напаѓач Заниоло кој има актуелен договор со Рома до јуни 2024 година, но тоа не би претставувала пречка за евентуален трансфер доколку Јувентус навистина се одлучи за негов ангажман.

Заниоло оваа сезона настапи на 24 натпревари за Рома во сите натпреварувања, и успеа да постигне 3 гола и запише 3 асистенции.


Извонредни неколку денови за играчите на ВЛТ апаратите во Евротип спортските обложувалници

Во период од само 3 дена, обложувалниците Евротип им донесоа радост на двајца играчи кои својата среќа ја побараа играјќи на ВЛТ апаратите поставени во нашите објекти.

Имено, играчите ја имаа таа среќа и умешност да станат добитници на милионерски џекпот добивки на ВЛТ апаратите поставени во Евротип спортските обложувалници.

Првата џекпот добивка е остварена во Евротип објект лоциран во Скопје, каде среќниот добитник стана побогат за 1 422 577.00 денари, додека вториот износ со 1 336 670.00 денари е остварен во Прилеп.

Ова е само доказ дека најголемите шанси за добивки на високи износи од игрите на ВЛТ апаратите можете да ги остварите само во објектите на Евротип спортските обложувалници.

Уште еднаш честитики на среќните добитници и поголем успех на останатите наши верни играчи.


Манчестер Јунајтед на лето го купува Џон Мекгин од Астон Вила

Екипата на Манчестер Јунајтед посакува да го доведе играчот од средината на теренот на Астон Вила, Џон Мекгин.

Како што пренесуваат англиските медиуми, од Јунајтед се подготвени да издвојат 40 милиони фунти во текот на летото за трансфер на 27-годишниот Шкотланѓанец.

Џон Мекгин настапува за Астон Вила од 2018 година и во вкупно 129 натпревари има постигнато 16 голови.


Еден Азар блиску до потпис со Јувентус

Голем број на медиуми ја потврдуваат информацијата дека Еден Азар ќе се раздели со екипата на Реал Мадрид овој месец.

Според пишувањата, Азар одбил негово враќање во англиската Премиер лига и понудата од Њукасл Јунајтед. Како најпосакувана дестинација на белгискиот репрезентативец сега се споменува италијанската Серија А и гигантот Јувентус. 

Доколку „Старата дама“ испрати официјална понуда до Реал овие неколку дена, најверојатно трансферот ќе се комплетира до завршувањето на зимскиот преоден рок.

Да се потсетиме дека Еден Азар во Реал Мадрид пристигна во 2019 како големо засилување од Челзи за огромни 115 милиони евра.


Бенфика демантира дека е заинтересирана за Шевченко

Екипата на Бенфика ги демантираше шпекулациите дека испратила понуда до Андреј Шевченко кој деновиве ја напушти клупата на италијанската Џенова.

„Нашиот клуб ќе го води Нелсон Верисима до крајот на сезоната. Не сме контактирале со ниту еден тренер“, велат од Бенфика.

Шевченко беше поврзуван и со клупата на репрезентацијата на Полска, но, тамошната федерација ја отфрли можноста Украинецот да ги води низ баражот за пласман на СП во Катар.


Коларов ја завршува својата играчка кариера но останува во Интер како асистент на Инзаги

Српскиот ветеран во дресот на Интер, Александар Коларов, има план да стави крај на својата играчка кариера.

Тој скоро и да не добива шанса за настап во екипата и досега има одиграно замо 44 минути во сите натпреварувања за Интер оваа сезона.

Поради малата минутажа и честите повреди скоро сигурно е дека во наредниве месеци Коларов ќе заврши со активното играње фудбал.

Според извори блиски до Интер, српскиот дефанзивец и понатаму ќе остане во Интер, во улога на асистент на тренерот Симоне Инзаги.