Интересот на Реал Мадрид за францускиот дефанзивец Ибрахима Конате, чиј договор со Ливерпул истекува следното лето, е намален.
Неконзистентната форма на Конате покрена сомнежи за него во мадридскиот клуб, кој сериозно ќе размисли дали да тргне во обид да го добие за следната сезона како слободен играч.
Конате има рок до декември да го потпише новиот договор со Ливерпул. Ако тоа не се случи, од 1 јануари тој ќе може да се договара со клубови кои се заинтересирани да го донесат во јуни.
Доколку Ливерпул не успее да го убеди, има две опции за негова замена. Првата останува англискиот дефанзивец Марк Геи (25) од Кристал Палас, а како втора опција е француски соиграч на Гие во Кристал Палас, Максенс Лакроа.
Родриго се кае што остана во Мадрид
Приказната за можното заминување на Родриго од Реал Мадрид продолжува и по летниот трансфер прозорец, што последниве месеци доминираше по спортските насловни страници. Бразилецот не добива задоволителна минутажа под водство на Чаби Алонсо и изгледа дека ситуацијата е при крајот на трпението.
Шпанскиот портал “Фичахес” наведува дека Родриго имал разговор со тренерот и директно соопштил дека сака да си замине. Од почетокот на сезоната поголемиот дел од времето го минува на клупата. Два пати започнуваше на стартот, но и тогаш беше заменет околу шеесеттата минута при обидите на Алонсо да внесе промени. Неговиот учинок е скромен досега, без постигнат гол и само една асистенција, што дојде во финишот на убедливата победа против Кајрат со 5:0, кога победникот веќе беше решен.
Премиер лигата е најмногу изгледен избор. Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити имаат интерес за напаѓачот на Реал, а во моментов клубот од Манчестер води во трката. Во текот на летото Родриго беше блиску до трансферот кај Пеп Гвардиола, со ветување за достоен статус во тимот.
Меѓутоа, трансферот не се реализираше поради технички причини. Сити ја чекаше продажбата на Савињо во Тотенхем, која не се оствари, па Родриго реши да остане во Мадрид. По Светското клупско првенство, со Алонсо се договараа дека ќе се обиде да се избори за поважна улога, но шансата сѐ уште не се појави.
Половина Европа го бара мексиканскиот тинејџер Џилберто Мора
Жилберто Рафаел Мора Замбрано, или само Мора, младиот мексикански фудбалер, веќе го привлече вниманието на многу европски клубови, и тоа на оние најголемите.
Арсенал, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Барселона се меѓу клубовите кои го посакуваат овој играч кој настапува за Тихуана, а има, верувале или не, само 16 години.
Во средината на октомври ќе наполни 17 години, а е интересно што дебитираше со само 15 години и 10 месеци, кога стана најмладиот фудбалер во неговиот клуб.
Стана најмладиот стрелец во мексиканското првенство, а сезонава веќе има три гола и една асистенција на осум натпревари.
Го одликуваат интелигенцијата и дриблингот, го нарекуваат нов магионичар и веруваме дека наскоро некој ќе ја отвори касата за овој фудбалер…
Она што е проблем за неговиот клуб е откупната клаузула која сигурно ќе биде активирана за 6.2 милиони евра…
Европските гиганти го сакаат Заир-Емери од ПСЖ
Арсенал, Реал Мадрид и Манчестер сити имаат голема шанса да го ангажираат играчот кој би можел многу да им значи во иднина.
Во прашање е Варен Заир-Емери, следното лето сите три тима ќе имаат шанса да го донесат по цена од 90 милиони евра, како што пренесува шпанскиот Дефенса Централ.
Овој фудбалер е најмладиот некогаш што зачекорил на теренот како играч на Пари Сен Жермен, но медиумите шпекулираат околу неговата иднина во овој клуб.
Арсенал со оглед на тоа дека Норгард е само привремено решение и ќе се бара нов веќе на лето, Заир-Емери би можел да биде одличен избор. Додајте го и тоа дека овој фудбалер е способен да игра на разни позиции, па оваа сезона играше дури и десен бек. Да потсетиме, Арсенал има Зубименди и Рајс како централни играчи и тешко е да се замисли трет меѓу нив во моментот.
Ливерпул влезе во криза, Слот првпат загуби три меча по ред
Поразот од 2-1 од Челзи во седмото коло од англиската Премиер лига беше трет последователен пораз за менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. Според Би-Би-Си, ова е најлошата серија во неговата тренерска кариера.
Пред овов пораз, Ливерпул загуби од Кристал Палас во англиското првенство (1-2) и од Галатасарај (0-1) во Лигата на шампионите.
Покрај Ливерпул, Арне Слут ги водеше и холандските АЗ и Феенорд. Ливерпул моментално е втор на табелата во англиската Премиер лига со 15 бода.
„Црвените“ ќе се соочат со Манчестер Јунајтед на домашен терен во нивниот следен натпревар, кој ќе се одржи на 19 октомври и ќе имаат шанса да ја прекинат оваа серија.
Секој меч, нов рекорд – Хари Кекн „растура“ во Бунделсигата
Централниот напаѓач на Баерн Минхен, Хари Кејн, постигна уште еден гол во победата од 6-то коло од Бундеслигата над Ајнтрахт Франкфурт (3-0).
32-годишниот напаѓач го отвори резултатот за својот тим во 27-мата минута, завршувајќи го додавањето на Луис Дијаз. Овој гол е 11-ти на Англичанецот во тековното првенство на Бундеслигата.
Според статичарите, Кејн стана првиот играч во историјата на Бундеслигата кој постигнал 11 гола во првите шест натпревари од една сезона – уникатно достигнување во германското првенство. Вкупно, ова е 18-ти гол на Хари Кејн на клупско ниво во сезоната 2025/2026 – и тоа во 10 одиграни натпревари.
Еурофарм Пелистер 2 осакатен од повреди, Тиквеш ги однесе бодовите од Битола
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го претрпеа четвртиот пораз во Суерлигата, откако пред своите гледачи загубија од Тиквеш со 17-23 (12-15(. Неиграњто на повредените Баптист Одифрен, Христијан Митревски и веднаш по почетокот на натпреварот и Стефан Дрогришки драстично им ја олеснија работата на кавадарчани.
Домаќините тргнаа добро во натпреварот и поведоа со 4-2, но во продолжение гостите од Кавадрци беа подобар противник и брзо го свртија резултатот во своја корист. Веќе до паузата ја најавија победата со водството од 8-13. На стартот од вториот дел Тиквеш за првпат се искачи на шест гола разлика, но пелистерци конечно врзаа неколку гола во серија и се вратија на подносливи три негатива (12-15). Сепак, неискуството на младите момци на Александар Зарков беше пресудно во клучните моменти, кога се кршеше резултатот. Гостите во финишот го подигнаа нивото на игра и заслужено ја впишаа само втората овосезонска победа и тоа одново на гостински терен.
Најдобри со по четири гола беа Димитар Коцев од Тиквеш и Ненад Белистојановски од редовите на Пелистер.
Во следното сдмо коло Еурофарм Пелистер 2 гостува кај пролет.
Винициус човек на одлука, Реал се намачи да го добие Виљареал
Реал Мадрид ја забележа седмата победа во сезоната во Примера. Во осмото коло, Реа со 3-1 го победи Виљареал.
Коненчниот резултат на „Сантијаго Бернабеу“ не го прикажува она што се случуваше на теренот. Виљареал „скапо ја продаде кожата“. Виљареал имаше свои шанси, чисти зицери.
При 0-0 во 40-та минута, Олувасеџи го претрча Хаусен, излезе сам пред Куртоа, малку се двоумеше, а Куртоа покажа класа и излезе како победник од тој дуел еден на еден.
На полувреме беше 0-0, а казната за промашениот зицер Виљареал го стигна во 47-та минута, Винисиус шутираше од левата страна, топката го закачи Санти Конесања, го смени правецот и го остави голманот на Тенас без шанси да го одбрани тој шут.
Виљареал потоа имаше одлична шанса. Пепе добро продре по десната страна, нафрли во шеснаесетникот, Микаутадзе беше во чиста позиција, но топката беше малку посилна, па не можеше да ја фати.
Резултатот остана 1-0, а потоа во 69-та минута, Марин наивно направи пенал. Винисиус ја презеде одговорноста. Шутот не беше добар, Тенас практично ја имаше топката во свои раце. Но, на крајот таа сепак заврши во голот.
Само четири минути подоцна, „Жолтата Подморница“ заслужено постигна гол. Микаутадзе го совлада Куртоа со убав шут во 73-та минута и внесе драма во натпреварот.
Винисиус повоторно беше во главна улога, изнуди втор жолт картон од Мурињо и Виљареал остана со играч помалку.
„Кралскиот клуб“ ја искористи надмоќта на теренот и во 81-та минута кога Килијан Мбапе постигна нов гол, веќе деветти во лигата, и ги постави конечните 3-1.
На овој начин, Мбапе ја продолжи својата одлична серија, постигна барем еден гол во девет последователни натпревари во сите натпреварувања, и за клубот и за репрезентацијата, а не беше стрелец само во еден натпревар оваа сезона.
Одбојкарите добија силна група, на Европското првенство ќе играме во Варна
Македонската машката одбојкарска репрезентација ќе игра на Европскиот шампионат, 34-ти во историјата.
Ќе се одржи следната 2026 година во четири земји, Италија, Бугарија, Финска и Романија.
Македонија ќе биде дел од Б групата чиј домаќин ќе биде бугарскиот град Варна. Таму покрај ко-домаќинот, противници на Македонија ќе биде и селекцијата на Полска, Украина, Португалија и Израел.
Првенството ќе се одржува во периодот од 9 до 26 септември 2026 година.
Дешамп не исклучува враќање на Погба за Мундијалот
Селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешамп не ја исклучи можноста фудбалерот од средниот ред на Монако, Пол Погба, во догледно време да се врати во националниот тим.
„Тој е сè поблиску до тоа повторно да стане фудбалер. Што се однесува до репрезентацијата, не се сомневам дека сака да се врати – тоа е неговата цел. Но, прво мора да помине низ неколку фази. Првата е да игра за Монако. Се надевам дека ќе успее. Тоа ќе биде важен чекор за него. А потоа ќе видиме. Ако кажам „да“ сега, сите ќе мислат дека тој веќе се вратил. Ако кажам „не“, ќе мислат дека сум будала. Затоа, најдобрата опција е да му посакаме успех во првата фаза“, изјави Дешамп.
Францускиот прволигаш Монако ова лето објави дека потпишал двегодишен договор со 32-годишниот Погба, кој отслужи повеќемесечна суспензија поради допинг.