feature

Лицитација во Премиер лигата за Келвин Филипс

Најголемите англиски клубови и Њукасл веќе ја започнаа трката за потписот на ѕвездата на Лидс, Калвин Филипс.

Келвин Филипс игра одлична сезона и беше важен дел од репрезентацијата на Европското првенство.

Интерес за англискиот репрезентативец покажуваат Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Челзи, Арсенал и Њукасл.

Манчестер Јунајтед сака да го засили средниот ред бидејќи Погба најверојатно ќе си оди на крајот на сезоната. Од друга страна и Јирген Клоп сака да го засили средниот ред и верува дека Филипс идеално ќе се вклопи во неговиот стил.

Споменатите клубови внимателно ја следат ситуацијата и се спремни да испратат понуда, па на лето не очекува жестока борба за неговиот потпис.


Артета одбил Арсенал да го доведе Мауро Икарди

По заминувањето на Обамејанг во Барселона, агентите на Мауро Икарди го понудиле својот клиент на Арсенал, но клубот рекол не.

Микел Артета бил тој кој одлучил дека не го сака Аргентинецот во својот тим, одлучил сезоната да ја заврши со Лаказет и Нкетија, а во наредниот период и Мартинели ќе биде подготвуван за позицијата „деветка“.

Арсенал сакаше да го ангажира Влаховиќ, а се поврзуваше и со Исак и Калверт Луин.

Топчиите на лето се очекува да ангажираат нов напаѓач, но тоа нема да биде Мауро Икарди.


Луис Хамилтон останува предводник на Мерцедес и во наредната сезона

Од тимот на Мерцедес го потврдија останувањето на Хамилтон во Формула 1, со што ставија крај на шпекулациите за неговото можно повлекување од „најбрзиот циркус“ на светот.

Мерцедес соТвитер објава на која стои текст „16-та година“ и фотографија од Хамилтон, најави дека поранешниот шампион во Формула 1, ќе вози за тимот и во наредната сезона .

После контроверзниот крај на минатата сезона и загубата на титулата, Хамилтон се повлече од јавноста, после што следуваа шпекулации за негово заминување од Формула 1.


Обамејанг е потполно спремен за дуелот со Наполи

Напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг е 100% подготвен за натпреварот на Барселона против Наполи во Лига Европа, објави тренерот на каталонците Чави Ернандез. 

„Тој е во добра состојба, тренира многу добро во последните денови. Тој е 100% подготвен. Среќен сум што покажа стабилна форма во последните години. Одлично се вклопува во нашата група, момците позитивно го прифаќаат. Можам да додадам и дека е голем професионалец“, истакна Чави.

Репрезентативецот на Габон минатиот месец се пресели во Барселона како слободен играч, откако го раскина договорот со Арсенал.


Нејмар: Верати е подобар од Чави и Иниеста

Maрко Верати беше еден од најдобрите на теренот во вчерашната победа на ПСЖ против Реал во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите.

ПСЖ победи благодарение на голот Мбапе во самиот финиш од натпреварот.

Бразилецот Нејмар испрати големи пофалби до италијанскиот играч за врска кој на натпреварот имаше дури 92% успешни пасови,

„Знаев дека тој е фантастичен играч, но очигледно не бев свесен колку е спектакуларен. Тој е гениј, еден од најдобрите играчи за врска со кои сум играл заедно со Чави и Иниеста“, изјави Нејмар.

Верати во ПСЖ е од 2012 година кога пристигна од Пескара. Со францускиот клуб освои 27 трофеи.


Мурињо го сака Хојберг од Тотенхем

Жозе Мурињо минатото лето седна на клупата на Рома, но резултатите се под сите очекувања.

Сепак, раководството му верува  на „Специјалниот“ и на лето ќе му даде буџет од 100 милиони евра за реконструкција на тимот.

Една од најголемите желби на Мурињо е играчот за врска на Тотенхем и дански репрезентативец Пјер Емил Хојберг.

„Специјалниот“ имаше одлична соработка со искусниот играч за врска додека беше менаџер на Тотенхем и затоа сака да го донесе во Рома. Конте е спремен да го пушти играчот, а Тотенхем за неговата слобода бара 25 милиони евра, сума која „волчицата“ е спремна да ја плати.


Елведина Музаферија не ја заврши слаломската трка

По првото трчање во дисциплината алпска комбинација  Елведина Музаферија го освои 20-то место во конкуренција на 26 скијачки, од кои двајца беа дисквалификувани. Нејзиното време на скијање беше 1:35:89 што беше доволно само за 20-та позиција што ја делеше со Американката Патриша Манган по првото возење. Најдобрите скијачи во Пекинг во дисциплината алпска комбинација први тргнаа надолу. За жал, Елведина Музаферија не ја заврши трката во слалом, а по падот во горниот дел од патеката го заврши настапот на Олимписките игри во Пекинг.


Капитенот Ромањоли го напушта Милан

Италијанските медиуми ја пренесуваат веста дека Алесио Ромањоли по завршувањето на сезоната ќе го напушти Милан.

Капитенот на екипата наводно ја прифатил понудата од Лацио и како слободен играч ќе се пресели во Рим.

Како причина за заминувањето се наведува висината на понудената плата од Лацио која би изнесувала 3 милиони евра по сезона.

27-годишниот Ромањоли е член на Милан од 2015 година, а беше доведен од Рома за 25 милиони евра.


Наполи без Осимен на „Камп Ноу“

Барселона ќе биде ослабена против Наполи на денешниот дуел.

Тренерот Лучијано Спалети за овој дуел од Лигата на Европа нема да може да смета на Политано и Лозано за кои се знаеше од претходно дека нема да можат да настапат. Денес пристигнаа дополнителни лоши информации, тренингот го пропуштил првиот напаѓач, Виктор Осимен.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Осимен почувствувам непријатност во мускулот и го пропуштил тренингот. Тој сепак ќе патува со екипата во Каталонија, но неговиот настап е под знак прашалник.

Натпреварот помеѓу Барселона и Наполи е на програмата е од 18:45 часот.


Халанд нема да настапи на натпреварот против Глазгов Ренџерс

Напаѓачот Ерлинг Халанд не е во составот на Борусија Дортмунд за натпреварот на домашен терен против Глазгов Ренџерс, во првиот натпревар од нокаут фазата на Лига Европа.

Норвежанецот сеуште не е целосно опоравен од повредата која ја доби на гостувањето кај Хофенхајм пред повеќе од три недели.

Тренерот на Борусија, Марко Розе, изјави дека се надева оти Халанд ќе биде подготвен за игра до неделниот натпревар од Бундеслигата против Борусија Менхенгладбах.