feature

Тотенхем ќе биде новиот клуб на Франк Кеси

Франк Кеси ова лето пристигна во Барселона како големо засилување, но само после една сезона ќе го напушти „Камп Ноу“.

Кеси не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви. Поради тоа репрезентативецот на Брегот на слоновата коста сака да ја промени средината, а иако се шпекулираше дека може да се врати во Серија А, сепак е најблиску до Премиер лигата.

Имено, силен интерес за него покажува Антонио Конте, а Тотенхем веќе стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да понуди 25 милиони евра.

Италијанските клубови го сакаат Кеси само на позајмица, а Барселона е спремна да ја прифати понудата на Тотенхем.


Кин Мин од Наполи интересен за одбраната на Тен Хаг во Јунајтед

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Наполи, Кин Мин, пренесуваат италијанските медиуми.

Ким Мин пристигна минатото лето во Наполи и се покажа како одличен трансфер на италијанскиот клуб. Наполи за неговиот потпис му плати на Фенербахче 18 милиони, а Ким Мин одлично го замени Кулибали и се покажа во одлично светло.

Кореецот го привлече вниманието на Манчестер Јунајтед кој сака да го доведе на „Олд Трафорд“ на лето. „Црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат откупната клаузула во неговиот договор која изнедува 50 милиони евра.

Наполи не сака да се раздели со дефанзивецот и веќе му понуди нов договор со повисока плата и повисока откупна клаузула.


Ашраф Хакими обвинет за силување на непозната девојка

Мароканскиот репрезентативец и член на ПСЖ, Ашраф Хакими, вчера беше избран за дел од најдобриот тим на годината според ФИФА, но на церемонијата на доделување на наградите пристигна под сериозни обвинувања за силување.

Минатиот викенд во полициска станица пристигнала непозната девојка која го пријавила Хакими за силување. Тој ја повикал девојката во станот бидејќи неговата сопруга и децата биле на одмор во Дубаи, а работите наводно брзо излегле од контрола.

Хакими почнал да ја бакнува и соблекува девојката, а потоа ја силувал, тврди таа. Откако некако успеала да се извлече, со нозете го оттурнала фудбалерот и побегнала. Таа повикала пријател, кој дошол да ја земе и ја однел во полициска станица, пишува „Ле Паризиен“.


Леброн Џејмс поради повреда ќе паузира неколку недели

Најдобриот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, поради повреда на десното стапало неколку недели ќе биде надвор од теренот.

Џејмс повредата ја заработи на натпреварот со Далас кој Лејкерси го добија после резултатски пресврт. Првично се очекуваше Леброн да отсуствува само на наредниот меч за својот тим, но според информациите од медиумите во САД неговата повреда е посериозна и ќе мора да паузира неколку недели. Неговата повреда доаѓа во многу битен момент за екипата, која се бори за влез во плеј-офот.

38-годишниот Џејмс е најдобар стрелец на екипата од Лос Анџелес, со просек од 29,5 поени по натпревар.


Познати сите учесници на СП во кошарка во септември

По завршените квалификации, синоќа и официјално се потврдени сите учесници на следното Светско кошаркарско првенство кое ќе се одржи оваа година во периодот од 25 август до 10 септември во Јапонија, Индонезија и Филипините. На завршниот турнир ќе учествуваат 32 селекции од кои: 12 од Европа, 8 од Азија, 7 од Северна и Јужна Америка и 5 од Африка.

Европа: Грција, Латвија, Финска, Германија, Словенија, Литванија, Франција, Шпанија, Италија, Грузија, Црна Гора, Србија.

Азија: Австралија, Кина, Јапонија, Иран, Либан, Нов Зеланд, Филипини, Јордан.

Америка: Канада, САД, Доминиканска Република, Порторико, Бразил, Венецуела, Мексико.

Африка: Брегот на Слоновата Коска, Ангола, Јужен Судан, Египет, Зеленортските Острови.


Салах нема намера да го напушти Ливерпул

Менаџерот на Мохамед Салах, Абас Иса, во изјава за англиските медиуми вели дека египетскиот репрезентативец нема намера да го напушти Ливерпул.

Одговорот од менаџерот на Салах доаѓа после многубројните шпекулации, посебно од медиумите во Шпанија кои тврдеа дека тој сигурно ќе го напушти клубот од „Енфилд“, доколку тимот не обезбеди учество во Лигата на шампионите наредната сезона.

30-годишниот Салах е член на Ливерпул од 2017.година, и со клубот има договор до 30.јуни 2025.година.


Крај на сезоната за Набил Фекир

Фудбалскиот клуб Бетис од Севиља соопшти дека Набил Фекир поради повреда на коленото ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Во соопштението од Бетис се наведува дека Фекир на еден од претходните натпревари го повредил предниот вкрстен лигамент на коленото, и се очекува 29-годишниот фудбалер во наредните денови на замине на операција.

Тимот на Бетис се наоѓа на 9. место во шпанската Ла Лига, а во осминафиналето од Лига Европа ќе игра против Манчестер Јунајтед.


Скалони останува селектор на Аргентина до 2026.година

Фудбалскиот сојуз на Аргентина соопшти дека селекторот на репрезентацијата Лионел Скалони го продолжи договорот до 2026.година.

44-годишниот аргентински тренер, на селекторското место е назначен во 2018.година, а со Аргентина го има освоено Копа Америка 2021.година и Светското првенство во Катар минатата година.

Скалони е прогласен за најдобар тренер за 2022.година според ФИФА.


Лесјак: Сами одлучуваме за нашата судбина

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер го очекува решавачки натпревар за пласман во осминафиналето од Лига Европа против екипата на Мотор Запорожје на домашен терен.

Еден од поискусните поединци во тимот од Битола, голманот Урбан Лесјак, има желба неговите соиграчи да одиграат како на првиот натпревар со истиот противник, кога Еурофарм Пелистер се радуваше на победата.

„Многу е важно што сами одлучуваме за нашата судбина. Имаме шанса да стигнеме и до третото место во групата, што е и наша цел. Екипата на Мотор е искусна, со микс на зрели и млади ракометари. На гостувањето кај нив одигравме еден од подобрите натпревари и сакаме тоа да го повториме пред нашата публика. До следната сабота не очекуваа четири натпревари и мораме да имаме голем ростер, а играчите кои почнуваат од клупа да внесат свежина“, истакнува Лесјак.

Натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер и Мотор Запорожје се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.


Премиерлигашите нудат богатство за Еквадорецот Каиседо

Челзи, Арсенал и Ливерпул го сакаат репрезентативецот на Еквадор, Мојсес Каиседо и на лето ќе водат голема битка за неговиот потпис.

Брајтон веќе одби во јануари понуда за која се тврди дека била тешка 70 милиони фунти. Клубот не сака да се раздели со 21-годишниот фудбалер за сума помала од 100 милиони евра.

Англиските медиуми пренесуваат дека споменатите клубови се спремни да понудат 90 милиони евра за неговиот потпис.