feature

Јокиќ го потпиша најголемиот договор во историјата на НБА

Рекордите на кошаркарот Никола Јокиќ досега се споменуваа само на теренот и според играчката статистика, но сега српскиот центар ги помести границите и кога се работи за паричната заработувачка.

Двократниот МВП на НБА лигата потпиша супервисок договор за продолжување на соработката со Денвер Нагетс. Тој во следните пет години ќе добие 264 милиони долари, што е најголем договор во историјата на НБА лигата.


Ренато Санчез се договори, доаѓа во ПСЖ за плата од шест милиони евра годишно

Играчот од средниот ред на Лил и Португалија, Ренато Санчес е блиску до договор за личните услови со Пари Сен Жермен.

Според изворот, францускиот клуб му понудил на 24-годишниот играч тригодишен договор со плата од 6 милиони евра по сезона. Претходно беше објавено дека Милан е главен кандидат за Санчес, но подоцна се дозна за намерата на ПСЖ да го купи португалскиот играч за врска.

Да потсетиме, Санчес се пресели во Лил од Баерн Минхен во 2019 година. Португалскиот фудбалер минатата сезона имаше 25 настапи во Лига 1, постигнувајќи два гола и пет асистенции. Санчес е дел од португалската репрезентација од 2016 година.


Американска компанија купува 10% од акциите на Барселона

Инвестициска компанија – „Sixth Street“ ќе купи 10% од телевизиските права на Барселона. Договорот ќе донесе 205 милиони евра во касата на каталонскиот гигант.

Неодамна раководството на Барселона одлучи да понуди на продажба 49,9 отсто од делот од клубот, кој работи со лиценцирање и продажба, како и 25 отсто од телевизиските права за наредните 25 години.

Се проценува дека на тој начин „Камп Ноу“ ќе се обезбедат меѓу 500 и 700 милиони евра за стабилизирање на финансиската состојба.


Кјелини: Неста и Пирло ме советуваа да дојдам во МЛС

Италијанскиот дефанзивец Џорџо Кјелини после 17 години поминати во Јувентус, реши да се пресели во Соединетите Американски Држави и да заигра за тимот на Лос Анџелес.

Кјелини пред новинарите откри дека за таков чекор го советувале легендарните Пирло и Неста.

„Потполно сум убеден дека во овој момент го избрав совршениот клуб за мене. Пред одлуката за преселба во редовите на Лос Анџелес, разговарав со Андреа Пирло и Алесандро Неста, кои уште во минатото ми велеа дека треба да заиграм во МЛС лигата“, изјави Кјелини.


Јувентус потврди дека клубот го напуштаат Дибала, Бернардески и Мората

Италијанскиот калчолигаш Јувентус потврди дека клубот го напуштија Пауло Дибала, Федерико Бернардески и Алваро Мората.

Јувентус преку клупскиот сајт соопшти дека на тројцата играчи им истекоа договорите. Мората кој играше како позајмен играч, се враќа во Атлетико Мадрид. Тој за Јувентус одигра 92 натпревари и постигна 32 гола.

 Дибала е слободен играч и се шпекулира дека може да замине во Интер. Аргентинецот беше во Јуве седум години и освои 12 трофеи.Бернардески го напушти клубот после пет години и би можел да прејде во Наполи.


На реновираниот стадион на Реал Мадрид ќе се игра и кошарка и тенис

Шпанскиот весник Марка пренесува дека реновираниот стадион на Реал Мадрид „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде прилагоден и на други спортови, па така на него во иднина ќе може да се играат кошаркарски натпревари, тенис, па дури и американски фудбал.

Весникот наведува дека целосната реализација на прилагодувањето на стадионот се очекува за најмалку една година.

Најголемо внимание на подновениот „Сантијаго Бернабеу“ привлекува концептоп на подвижна тревна подлога која ќе може да се отстранува од стадионот и на тоа место да се поставува паркет за кошарка или терен за тенис.


Севиља ќе биде новиот клуб на Иско

Шпанскиот играч за врска Иско, кој е слободен играч по истекот на договорот со Реал Мадрид, кариерата ќе ја продолжи во друг клуб од Примера.

30-годишниот играч од средниот ред е подготвен да потпише со Севиља. Андалузијците на играчот му понудија двегодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона.

Иско во Реал премина од Малага во 2013 година. Со „белите“ е петкратен освојувач на Лигата на шампионите, трикратен шампион на Шпанија и Суперкупот на УЕФА.

Минатата сезона, играчот од средниот ред имаше 2 гола на 17 натпревари за Реал на сите турнири.


Лукаку го одбра дресот со број 90 во Интер

Ромелу Лукаку се врати во Интер. Целата работа беше комплетирана во текот на денот и познато е дека Белгиецот ќе им се приклучи на „Нероазурите“ на едногодишна позајмица.

Познато е и дека Интер нема да има право или обврска да го купи Лукаку по крајот на сезоната што е пред нас. Познато е и кој број ќе го носи Белгиецот на дресот, а тоа не е број 9, кој во моментов му припаѓа на напаѓачот од БиХ, Един Џеко. Интер објави фотографија од која е очигледно дека Лукаку ќе го носи бројот 90.

Медиумите во Италија веќе шпекулираат дека, откако Лукаку го зеде бројот 90, дека Един Џеко би можел да остане уште една сезона во Интер, за да се избори со Белгиецот за место во стартниот состав.


Роналдо: Еден ден ќе се вратам во Спортинг, без тој клуб ќе работев во Мекдоналдс

Ѕвездата на светскиот фудбал, Кристијано Роналдо даде ветување до својот поранешен клуб каде ја започна професионалната кариера дека еден ден ќе се врати во Спортинг.

Професионалната фудбалска кариера Роналдо ја започна во Спортинг од Лисабон сезоната 2002/03, и неговата кариера веќе влегува во 22. сезона.

Во родната Португалија настапуваше само за Спортинг, а подоцна заигра за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и сега повторно е во Јунајтед.

„Кариерата ќе ја завршам во Спортинг.Морам да му се оддолжам на клубот играјќи барем една сезона. Тој клуб ме создаде како играч и да не беше најверојатно ќе работев во Мекдоналдс“, изјави 37-годишниот Роналдо.


Гави добива нов договор, клаузулата ќе изнесува милијарда евра

Барселона оваа недела би можела официјално да објави продолжување на договорот за шпанскиот играч од средниот ред Гави, објави „Марка“. Шпанскиот играч за врска и клубот се многу блиску до компромис за нов договор. Нема да има одложување со официјалното соопштение.

Претходно беше објавено дека износот на обештетувањето за 17-годишниот Гави ќе биде 1 милијарда евра (претходно беше 50 милиони евра), а играчот од средниот ред ќе потпише договор на пет години.

Гави минатата сезона одигра 47 натпревари за сениорскиот тим на Барселона, постигнувајќи два гола и шест асистенции. Актуелниот договор на Гави со Барселона е до јуни 2023 година. На крајот од минатата сезона од шампионатот на Шпанија, Барселона го зазеде второто место, зад Реал Мадрид.