feature

Конте: Пласман во Топ 4 е скоро невозможен

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте призна дека на неговиот тим ќе му биде многу тешко да се избори за место во Лигата на шампионите.

„Спурсите“ повторно разочараа доживувајќи нов пораз, овојпат на домашен терен од екипата на  Вулверхемптон со 0:2.

Со ова лондонскиот тим сериозно заостана во борбата за пласман во Топ 4. Тотенхем е на осмото место со 36 бодови, а на четвртата позиција е Вест Хем кој има 41 бод.

„Невозможно е да се пласирате во Лигата на шампионите кога губите толку натпревари дома.Знаеме дека треба да се бориме за да направиме нешто многу важно во конкретната ситуација, но исто така е многу важно да се знае точно каква е ситуацијата. Можеби нашите навивачи не треба да бидат разочарани од поразот. Наместо тоа, тие треба да се обидат да останат зад нас. Навивачите мора да ја создаваат вистинската атмосфера на стадионот и да не размислуваат за целта која во моментов е недостижна. Ова го кажувам од почетокот, кога пристигнав тука“, изјави Конте.


Анчелоти го враќа Регулон од следната сезона

Реал Мадрид бара замена за бразилскиот дефанзивец Марсело, кој најверојатно ќе стане слободен играч во летото 2022 година.

Се најавува дека шпанскиот клуб размислува за враќање на шпанскиот фудбалер Серхио Регилон, ова го пренесува „Мундо Депортиво“. 25-годишниот Регилон е „дете“ на мадридскиот клуб. Реал Мадрид го продаде играчот на Тотенхем во септември 2020 година за 30 милиони евра. Според изворот, шпанскиот тим има опција да го купи Регилон за 40 милиони евра, но таа завршува ова лето.

Сезонава Регилон на 24 натпревари во сите натпреварувања постигна еден гол и имаше три асистенции во дресот на Тотенхем.


Повредата на Пандев не е сериозна, но пропушта неколку натпревари

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, кој сега настапува во Серија Б, за екипата на Парма, поради повреда ќе ги пропушти средбите против Кремонезе и Тернана.

Пандев беше заменет од игра во второто полувреме од дуелот со Порденоне на кој беше стрелец на првиот гол во новиот тим. По завршувањето на натпреварот, од клубот информираа дека Пандев имал мал мускулен проблем но дека повредата не е сериозна.

Парма се наоѓа на 11.метсто од табелата, со освоени 28 бода.


Лоран Блан не е повеќе тренер на Ал Рајан

Поранешниот светски и европски шампион со Франција, Лоран Блан, повеќе не е тренер на катарскиот клуб Ал Рајан. 

Причината за разделбата на Ал Рајан со 56-годишниот Французин се лошите резултати на екипата. Во моментов, тимот е само деветти од вкупно 12 екипи во катарскиот шампионат, иако Ал Рајан располага со одлични фудбалри како Колумбиецот Хамес Родригез и Французинот Стивен Нзонзи.


Холанѓанецот Де Врај го напушта Интер ова лето

Стефан де Вриј на крајот на сезоната би можел да го напушти миланскиот гигант, пренесуваат италијанските медиуми.

Договорот на Де Вриј со Интер истекува во јуни 2023 година, нема најава за негово продолжување, па Холанѓанецот на лето ќе влезе во последната година од договорот.

Интер е спремен да го продаде, а најсилен интерес за неговиот потпис покажува Тотенхем.

Конте сака да ја засили одбраната, а одлично го познава Де Вриј и смета дека би бил идеално засилување за неговиот тим. Холанѓанецот исто така е спремен да се пресели во Премиер лигата.

„Спарси“ се спремни за неговиот потпис да понудат 30 милиони евра, а Интер како негова замена сака да го донесе Бремер од Торино.


Карим Бензема се враќа во тимот за дуелот со ПСЖ во Лигата на шампионите

Карим Бензема се најде на списокот со играчи на Реал Мадрид за гостувањето кај Париз Сен Жермен во првата пресметка од осминафиналето на Лигата на шампионите. 

Искусниот напаѓач три недели е надвор од терените откако се здоби со повреда. Неговото враќање во тимот беше одложено, бидејќи тренерот Карло Анчелоти беше категоричен дека нема да ризикува со неговото опоравување. Според денешните информации, Бензема одржа целосен тренинг со екипата и е спремен за настап во Париз.


Иднината на Ди Марија е во Серија А

Анхел ди Марија има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, но најверојатно нема да ја продолжи соработката со „светците“.

„Л Екип“ пренесува дека ПСЖ нема намера да му понуди нов договор на 33-годишниот Аргентинец и му порачал дека може да си бара нов клуб.

Неговиот агент Жорж Мендеш го понудил Аргентинецот на италијанските гиганти Милан и Наполи, пренесуваат медиумите на Апенините. „Росонерите“ бараат засилување за десната крилна позиција, но се уште не дале конечен одговор за негов ангажман.

Од друга страна Наполи е силно заинтересиран и во Ди Марија гледа замена за Инсиње, но проблем може да биде високата плата на Аргентинецот.


Ѓоковиќ го губи првото место на АТП листата?

Новак Ѓоковиќ како што стојат работите во следниот период би можел да го изгуби првото место на АТП листата и главна причина затоа ќе биде што одбива да се вакцинира.

Ѓоковиќ првиот настап во 2022 година ќе го има на турнирот во Дубаи. Но, потоа во еден месец Новак ќе ги пропушти двата мастерс турнири во САД, Индијан Велс и Мајами. Правилата таму се исти како во Австралија и тоа значи дека невакцинирани нема да можат да настапат.

Иста е ситуацијата и со првиот мастерс во Европа кој ќе се игра во април во Монте Карло.

Според сегашните мреки и правила тоа што не е вакциниран е голем проблем за Ѓоковиќ. Најблиску до Ѓоковиќ е Данил Медведев и во зависност од неговите резултати на овие турнири може да го симне Ѓоковиќ од тронот.


Џо Гомез најнова желба на Анчелоти во Реал

Реал Мадрид покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез, пренесуваат медиумите на Островот.

Анчелоти сака да ја засили одбраната, па прва мета на „кралевите“ е токму Гомез од Ливерпул.

24-годишниот Англичанец има проблем со повредите оваа сезона, па запиша само четири настапи за Ливерпул, но веќе се етаблираше во еден од најдобрите млади стопери во Европа.

Гомез е прва желба, но не е единствена опца за Реал, кој внимателно ја следи ситуацијата и со Рудигер од Челзи, Кунде од Севиља и Пау Торес од Виљареал.


Инсиње го надмина Марадона по бројот на голови за Наполи

Напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње ја надмина легендата Диего Марадона по бројот на постигнати голови за клубот. 

30-годишниот Италијанец постигна гол од пенал на натпреварот од 25. коло на италијанското првенство против Интер кој заврши со резултат 1:1.Ова беше негов 116-ти гол за Наполи, со кој се најде на третата позиција на листата најдобри стрелци во историјата на клуб. Лидер е Дрис Мертенс со 144 гола, а зад него е Марек Хамшик со 121.

Диего Марадона играше за Наполи од 1984 до 1991 година и има 115 гола за тимот.