feature

Два италијански гиганти го сакаат потписот на Ван ден Бек

Дони ван де Бек не е задоволен од својот статус во Манчестер Јунајтед и би можел наскоро да го напушти „Олд Трафорд“.
Англиските медиуми тврдат дека ситуацијата внимателно ја следат Јувентус и Милан, кои сакаат да го донесат во своите редови на лето.
23-годишниот Холанѓанец оваа сезона има многу мала минутажа во Премиер лигата, а на „Олд Трафорд“ пристигна за 40 милиони евра.
Италијанските клубови сакаат да го искористат незадоволството на Ван де Бек и да го донесе во Серија А за поволна цена.
Поради слабата сезона цената на Холанѓанецот падна, па споменатите клубови се спремни да понудат 25 милиони евра.


Харгривс: Само еден тим може да застане на патот на Сити сезонава во ЛШ

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити и на Баерн Минхен, Овен Харгривс, вели дека само Баварците можат да му застанат на патот на англискиот состав кон титулата во Лигата на шампионите.
Избраниците на Пеп Гвардиола се неприкосновени лидери во Премиер-лигата додека со вчерашната елиминација на Борусија Менхенгладбах лесно си обезбедија место меѓу најдобрите 8 екипи во елитната конкуренција на Европа.
„Со оглед на формата во која игра Сити се гледа дека имаат квалитет да освојат четири пехари во една сезона. Гледам дека само еден тим може да го сопре походот на Сити кон титулата во Лигата на шампионите. Тоа е Баерн Минхен“, рече Харгривс.


Конечно – се врати Маркес по осум месеци пауза!

Шпанскиот мотоциклист и шесткратен светски првак Марк Маркес конечно се врати на стазата по осуммесечната пауза поради повреда.
Шпанецот одвози неколку кругови на стазата во Каталонија, а тимот на Хонда, за кој Маркес настапува, соопшти дека добил дозвола од лекарите за враќање на стазата.
По кршењето на десната рака на 19. јули минатата година во Херез, во текот на првата трка на Мото ГП сезоната, Маркес беше опериран три пати, последен пат во декември.
Моментално се наоѓа на списокот на возачи за првата трка во новата сезона, која се вози во Катар на 28. март.
„Ако тоа не биде возможно, ќе се обидам да бидам подготвен за втората трка во Катар на 4. април. А, ако ниту тоа не е можно, ќе се обидам да бидам во Португалија на 18. април.“ – изјави Маркес минатиот месец.


Надал се откажа од уште еден важен турнир

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал потврди дека се откажа од настап на Мастерс турнирот во Мајами, кој ќе се игра на крајот од овој месец, како би се подготвил што подобро за претстојниот дел од сезоната на земја, која стартува за помалку од месец дена.
Оваа информација со жалење ја потврди третиот тенисер на светот.
„Со тага објавувам дека сезонава нема да учествувам на турнирот во Мајами, град кој го сакам. Морам целосно да се опоравам за сезоната на земја во Европа. Посебна порака им испраќам на моите фанови во САД, посебно на оние во шпанското говорно подрачје на Флорида кои ми даваат голема поддршка.“ – напиша Надал.
За потсетување, Надал неделава го препушти второто место на АТП листата на една деценија помладиот Даниил Медведев, а првиот турнир на земја ќе го има на 11. април кога стартува Монте Карло.
Надал никогаш не славел на турнирот во Мајами, а последното финале го одигра во 2017. година, кога беше поразен од Федерер.


Пред формирање „Бенелига“ – шампионат на Белгија и Холандија

Белгиските клубови, вкупно 25 изгласаа и поддржаа спојување на својот државен шампионат со првенството на Холандија, односно формирање на ново натпреварување.
Оваа информација е објавена на официјалниот сајт на белгиската професионална лига.
„Ваквата желба се темели на почитувањето на спортските амбиции на најголемите клубови и потребата да се обезбеди финансиска стабилност за сите екипи“, се додава во соопштението. Комбинираното првенство ќе го носи името „Бенелига“, а деталите се уште не се објавени.
Лидер во Белгија е Клуб Бриж со 70 бодови, пред Антверпен и Генк (49). Во Холандија Ајакс со 63 бода после 25 кола е прв во шампионатот на Холандија. ПСВ има 55, а АЗ Алкмар 52.


Два лондонски клуба „гризат“ за Пауло Дибала

Јувентус и Пауло Дибала најверојатно ќе се разделат на крајот на сезоната, тврдат италијанските медиуми. Двете страни иако веќе со месеци преговораат, се уште не постигнале договор за продолжувње на соработката. Дибала оваа сезона е во втор план кај Пирло, па „бјанконерите“ се спремни да го продадат за да финансираат трансфер на нова ѕвезда во нападот. Најсилен интерес за Аргентинецот покажуваат Челзи и Тотенхем, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.


Јапонецот Хонда потпиша за Нефчи од Баку

Кеискуе Хонда набрзина промени неколку клубови, Хонда по заминувањето од Ботофаго потпиша договор со Портимоненсе, но тој договор беше брзо раскинат, сега пронајде нов ангажман. Хонда беше слободен играч и преговараше со повеќе клуба, а на крајот се договори со азербејџанскиот шампион Нефчи од Баку. Иако е на залезот од кариерата и има 34 години, Хонда не се реши да се врати во татковината и продолжи да игра во странство. За репрезентацијата на Јапонија Хонда одигра 98 натпревари и постигна 37 голови.


ЕВРОТИП СПЕЦИЈАЛ: Пенал во Лондон? Одлична квота за тоа!

Челзи вечерва во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите ќе го дочека Атлетико Мадрид, откако на првиот натпревар со голот на Оливие Жиру славеше со 0:1. Томас Тухел е непоразен откако седна на клупата на Челзи и го замени Лампард, а Германецот е непоразен и во натпреварите во кои својата екипа ја водел против шпански противник (две победи и три нерешени натпревари). Јасно е како ден дека Суарез и другарите ќе мораат да нападнат на „Стемфорд Бриџ“, а спортските обложувалници Евротип како по обичај за дерби натпреварите и натпреварите од големите фудбалски натпреварувања подготвија специјални квоти за Вас и за овој натпревар. Очекувајќи дека Атлетико ќе нападне со сите сили кон голот на Менди, Евротип нуди квота од 2,20 за Атлетико да има барем пет удари во рамки на голот на Челзи. Притоа, очекувајќи тежок натпревар со голем број на прекршоци, не е занемарлива ниту квотата од 2,90 за да биде досуден пенал на натпреварот. Не заборавајте!

Вечерва и Баерн Минхен ќе го дочека Лацио во Лигата на шампионите, а специјални игри се подготвени и за тој натпревар!

Овие квоти, специјални игри како почетен удар, прва замена, жолти картони, корнери и многу други најдете ги на www.evrotip.mk и во најблиската Евротип обложувалница до Вас!


Сити ги руши плановите на Јуве за ангажман на Локатели

Манчестер Сити се вклучил во трката по плејмејкерот на Сасуоло, Мануел Локатели. Локатели кариерата ја започна во Милан, важеше се голем талент, но „росонерите“ не му веруваа и го продадоа на Сасуоло за 12 милиони евра. Плејмејкерот го покажа својот потенцијал во Сасуоло и сега е стандарден член на италијанската репрезентација. Неколку европски гиганти го следат Италијанецот, но медиумите на Апенините тврдат дека Јувентус е фаворит за неговиот потпис.


Тухел го нуди Вернер во трансферот на Халанд

Челзи планира да го вклучи напаѓачот Тимо Вернер во својата понуда за голгетерот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. „Сините“ од Лондон се вклучија во редот на кандидати за норвешки талент и веруваат дека со ваков предлог можат да ја добијат битката за Халанд. Вчера имаше информација дека Борусија Дортмунд ќе сака најмалку 150 милиони евра за нивната голема sвезда ова лето. Во следната, Халанд би чинел само 70 милиони, затоа што тогаш се активира клаузулата во неговиот договор. Челзи минатото лето успеа да го земе Вернер за само 45 милиони, што беше исто така можно поради посебната клаузула во договорот на напаѓачот со РБ Лајпциг. Сепак, германскиот репрезентативец сè уште има потешкотии да се прилагоди на Англија и од ноември досега постигна само еден гол во Премиер лигата.