Мамиќ во затвор, Адеми и Ристовски имаат нов тренер
Динамо Загреб реагираше брзо по поднесената оставка на Здравко Мамиќ од функцијата прв тренер на клубот. Дамир Крзнар ќе биде нов предводник на екипата, но и нов спортски директор, откако денеска по одлуката на Врховниот суд на Хрватска, браќата Мамиќ и долгогодишниот директор Врбановиќ добија затворски казни поради финансиски криминал направен со сметката на клубот. Динамо Загреб го раскина договорот со тренерот и новото решение во пресрет на реваншот со Тотенхем го најде во Крзнар. Зоран Мамиќ изјави дека не се чувствува виновен, но дека поднесува оставка и му посака многу среќа на Динамо Загреб во иднина.
Ангеловски: Никому не е одземено правото за настап во националниот тим
Македонија следниот четврток во Букурешт против Романија ќе го започне новиот циклус квалификации за пасман на Светското првенство во Катар 2022. Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски реши да не направи драстични промени во однос на повиканите играчи, па на списокот се најдоа 26 фудбалери. „Списокот е составен од играчи кои беа дел од репрезентацијата веќе подолг период. Може да се забележи дека 99% од повиканите играчи се оние истите кои претходно го понесоа товарот, играа во Лигата на нации и квалификациите за ЕП и успеаја да ѝ го донесат историскиот успех на Македонија со пласманот на Европското првенство за прв пат во својата историја во сениорска конкуренција, нешто на кое чекавме од нашата независност. Како човек и како селектор, никогаш не би му го одземал правото на некој да биде дел од националниот тим, а тоа да го заслужува и со односот кон репрезентативниот дрес и со постигнатите резултати преку повеќегодишна макотрпна работа.“ – изјави Ангеловски. Македонија на 25. март ќе игра со Романија во Букурешт, на 28. март во Скопје ја дочекува селекцијата на Лихтејнштајн, а на 31. март ќе гостува во Дуизбург во Германија.
Паредес: ПСЖ ме замоли да не зборувам за Меси
Играчот за врска на ПСЖ, Леандро Паредес изјави дека управата на францускиот клуб му забранила да зборува за можен трансфер на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси. Претходно, Паредес истакна дека би сакал да го види напаѓачот во парискиот тим. „Управата на ПСЖ ме замоли да не зборувам повеќе за Меси. На некои луѓе не им се допаѓаше мојот став по ова прашање, тие сметаа дека е непочитување. Не мислам така. Самиот Меси на крајот на сезоната мора мирно да одлучи што ќе стори со својата иднина“, изјавил Паредес.
Квота 2,65 само за еден погодок на Манчестер Сити – Менхенгладбах?!
Денешната понуда од фудбалската Лига на шампиони ни носи натпревари на офанзивни екипи, а спортските обложувалници Евротип ви нудат можност за одлична заработка, а да не морате да го следите ниту првото полувреме до самиот крај! Манчестер Сити на Пеп Гвардиола ја дочекува екипата на Борусија Менхенгладбах. Двете екипи се исклучително офанзивни, а Евротип во својата понуда „БРЗИ ПАРИ“ нуди квота од 2,65 да биде постигнат погодок во првите 15 минути од натпреварот! Можеби кога се обложувате на натпревари од нокаут фазата не сакате толку да ризикувате и барате „зицер“? Тогаш играта да има барем еден погодок на натпреварот пред истекот на 30. минута е вистинска за Вас. Токму за таа игра, за овој натпревар Евротип ви нуди квота од 1,55! Од друга страна, Реал Мадрид ќе ја дочека Аталанта која во Шпанија ќе брка негатива од еден гол. Евротип ви нуди можност да се обложувате на квота од 2,85 за да видиме барем еден погодок во Мадрид во првите 15 минути, додека квотата 1,65 за еден погодок пред 30. минута е исто така примамлива! Не пропуштајте, исплатете го Вашиот тикет по само 15 минути игра, само со „БРЗИ ПАРИ“ на спортските обложувалници Евротип! Целосната понуда можете да ја најдете на www.evrotip.mk или на шалтер во најблиската Евротип обложувалница до Вас.
Луис Енрике го наполни тимот со дебитанти за стартот на мундијалските квалификации
Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Луис Енрике, ќе се обиде да направи подмладување во тимот за претстојните квалификации за Светското првенство. Тој за прв пат повика неколку анонимни млади играчи кои ќе треба да се наметнат за националниот дрес. Станува збор за 18-годишниот Педри од Барселона, 21-годишниот Педро Поро од Спортинг Лисабон (ангажиран од Манчестер Сити), 20-годишниот Брајан Хил од Елче (трансфер од Севиља) и 23- годишниот голман на Брајтон, Роберт Санчез. Сите тие се ставени на поширокиот список од 24 играчи со кои „Фуријата“ ќе настапи против Грција (25 март), Грузија (28 март) и Косово (31 март).
Мутилва од Осасуна на радарот на Реал Мадрид
Реал Мадрид го следи 17-годишниот талент на Осасуна, Кристиан Мутилва, пренесуваат шпанските медиуми. Мутилва е роден во 2003 година и важи за еден од најголемите таленти во Шпанија, игра како дефанзивец, а „кралевите“ останале воодушевени од неговите квалитети. Тинејџерот игра во младиот тим на Осасуна и скаутите на Реал го следат веќе подолго време, па ќе се обидат да го купат на лето. Мутилва се уште нема запишано меч за сениорскиот тим на Осасуна, а неговиот договор истекува во јуни.
Ангеловски избра проверени сили за стартот на квалификации за СП
Селекторот Игор Ангеловски ги октри адутите на Македонија за воведните три натпревари од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Ангеловски и македонската селекција на Романија, Лихтенштајн и Германија ќе им се спротистават со проверени сили. „Црвено жолтите“ првиот меч против Романија го играат на гостински терен во Букурешт, вториот со Лихтенштајн во Скопје, а во третиот ќе се судрат со Германија во Дуисбург. Подготовките на македонската селекција стартуваат на 22 март. Списокот: Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Мартин Богатинов (Етникос Ахна, Кипар), Ристе Јанков (Работнички); Одбрана: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Висар Муслиу (Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Езѓан Алиоски (Лидс Јунајтед, Англија), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија); Среден ред: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (Лече, Италија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Тихомир Костадинов (Ружомберок, Словачка), Даниел Аврамовски (Кајзериспор, Турција), Марјан Радески (Академија Пандев), Ферхан Хасани (Партизани, Албанија); Напад: Горан Пандев (Џенова, Италија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Крсте Велкоски (Сарајево, БиХ), Влатко Стојановски (Шамбли, Франција).
Баварците спремни да го купат Саул Нигез
Баерн Минхен има желба да го купи играчот за врска на Атлетико Мадрид, Саул Нигез. 26-годишниот фудбалер долго време се поврзуваше со трансфер во различни тимови, а досега најчесто се споменуваа имињата на Барселона и Реал Мадрид. Сепак, според последните информации, Баварците во моментов се на чекор од негов потпис, бидејќи веќе контактирале со претставници на играчот за да започнат првични разговори за можен трансфер. Оваа сезона Саул се почесто е на клупата за сметка на Маркос Љоренте и Коке. Саул има договор со „јорганџиите“ до 2026 година.
Тенисер на сред натпревар се закануваше со убиство!
Тенисерот од Босна и Херцеговина, Дамир Џумхур беше дисквалификуван од турнирот во Акапулко по скандалозното однесување на натпреварот против Холанѓанецот Ботик ван Сандсхулп. Се се случи во момент кога Ван Сандсхулп зеде брејк, што го револтираше Џумхур кој започна да удира со топчиња кон противникот, да го навредува судијата и да се заканува со убиство. Повод за ваквото однесување беше дискутабилната одлука која претходеше на брејкот, бидејќи линискиот судија сигнализираше поен, нешто со што Џумхур не се согласи. Интересно е дека 125. тенисер на светот сам го напушти теренот по овој инцидент, а кратко потоа се огласија и организаторите на турнирот во Акапулко потврдувајќи ја дисквалификацијата на Џумхур поради лошото однесување. За потсетување, овој тенисер своевремено беше на 23. место на АТП листата.
Конечно разрешница, ѕвездата на Ливерпул се сели во Барселона!
Џорџињо Вајналдум во наредниот трансфер период ќе го напушти Ливерпул како слободен играч и ќе потпише за Барселона. Играчот за врска на актуелниот англиски шампион и холандската репрезентација, на крајот од сезоната ќе стане слободен играч и според информациите на англиските и шпанските медиуми, тој нема намера да го продолжи. Наместо тоа, тој ќе се пресели во Барселона. Во наредниот трансфер период не се очекуваат големи трансфери од каталонскиот клуб, реално е доведување на играчи кои би можеле да пристигнат без отштета. Мадридска Марка веќе претходно наведе дека тоа би можеле да бидат Серхио Агуеро, Ерик Гарсија, Мемфис Депај и токму Вајналдум, за кого сега се тврди дека тој трансфер е веќе „скоро завршен“. Вајналдум претходно можноста да настапува за Барселона ја опиша како исполнување на сонот, па затоа нема намера да остане во Ливерпул.