feature

Не сум донел одлука каде ќе ја продолжам кариерата

Во фудбалската јавност преовладува мислењето дека Килијан Мбапе кариерата по завршувањето на сезоната ќе ја продолжи во Париз.

Во таква насока одеа и изјавите на Мбапе и челниците на ПСЖ. Договорот на Мбапе завршува на крајот од сезоната. Сега Французинот тврди дека сепак, се уште ништо не решил за својата иднина и не донел никаква иднина.

„Немам донесено никаква одлука. Пред нас имаме мисија да го победиме Реал во ЛШ. Дури и да сум слободен да правам што сакам, сигурно нема да преговарам со противникот или нешто слично. Фокусот во овој момент е само на победата против Реал, потоа ќе видиме што ќе се случи“, изјави Мбапе.


„Најк“ му откажа љубов на Гринвуд по скандалот

Брендот за спортска опрема – „Најк“ се откажа од спонзорство на фудбалерот на Манчестер Јунаутед, Мејсон Гринвуд.

Напаѓачот на англискиот состав е уапсен под сомнение за сексуален напад и смртни закани. Гринвуд (20) беше ослободен со кауција минатата недела и засега е под истрага.

Раководството на „црвените ѓаволи“ веднаш го суспендираше играчот додека трае целиот процес. Гринвуд имаше договор со американскиот производител на опрема до летото во 2025 година.


Алегри: Јуве оваа сезона не е кандидат за титула

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, не го смета својот тим во листата на кандидати за титулата во Серија А, и покрај победата над Верона (2-0) и првиот пласман сезонава во Топ 4.

„Скудетото ќе се решава меѓу Интер, Милан и Наполи, засега ние сме надвор од борбата. Што се однесува до влезот во Лигата на шампионите, тука сè уште се е можно. Мора да одиме чекор по чекор. Аталанта има натпревар помалку и ќе се соочиме со нив в недела. Овие три екипи се во конкуренција за Скудетото. За жал ни недостасуваат четири бода кои би ни овозможиле да се бориме за титулата“, рече Алегри.


Клеј и Кари ги носеа Вориорс до 9-та последователна победа

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс ноќта зад нас го совладаа Оклахома Сити Тандер со 110:98.

Што се однесува до играта, видовме дека Стеф Кари и Клеј Томпс (популарните Сплеш Брадерс) одиграа како порано и ги носеа Голден Стејт Вориорс до нивната деветта последователна победа.

Оклахома Сити Тандер загуби со 110:98 во својот „Пејком центар“, а Клеј беше најефикасен со 21 поен.

Го следеше Стеф Кари со дабл-дабл учинок од 18 поени, 10 асистенции и 9 скока, 16 поени постигна Џонатан Каминг, 15 Ендрју Вигинс, а 11 Џордан Пул со 8 скока и асистенции.

Во редовите на Тандер се истакна Лугенц Дорт со 26 поени, Бејсли имаше 20, а дабл-дабл учинок од 16 поени и 11 скока забележа Џош Гиди, додека двоен беше Вилијамс со 12 и Мен со 11 поени.


Хандановиќ ќе добие нов договор во Интер

Интер и голманот Самир Хандановиќ преговараат за продолжување на договорот кој истекува ова лето, а според последните информации двете страни се многу блиску до договор. Новата соработка ќе биде за само една година до јуни 2023 година, а словенечкиот голман е подготвен да прифати и намалување на платата за да остане во италијанскиот клуб.

37-годишниот Хандановиќ е капитен на тимот. Тој игра за Интер од летото 2012 година, кога се пресели од Удинезе за 15 милиони евра. Оваа сезона тој учествуваше на 23 натпревари во италијанската Серија А, на кои прими 19 гола и заврши 10 меча со празна мрежа.


Зидан ги спојува Меси и Роналдо?

Дали е ова најава за најдобриот напаѓачки  дуо во историјата?

Маурисио Покетино е веќе на прагот на францускиот прволигаш со оглед на тоа дека нема  добар однос со челниците на ПСЖ .

Се шпекулира дека е во преговори со Манчестер Јунајтед  како што изјави и самиот дека  има голема желба да го  води кормилото  на англискиот тим.

Додека пак челниците на ПСЖ  имаат голема желба на тренерската клупа да го донесат Зидан а тој пак како услов напомена дека го сака Кристијано во својот тим. Кристијано Роналдо не делува баш среќно  во  Манчестер и тоа е уште една причина да бидеме сведоци на најдоброто напаѓачко дуо во историјата, доколку се испони желбата на Зидан сигурно ќе уживаме во спектакл.


Џовинко повторно се враќа во серија А

Поранешниот италијански репрезентативец Себастијан Џовинко е пред враќање во Серија А. 

Новинарот Фабрицио Романо ја објави веста дека очекува Џовинко во најбрз можен рок да потпише договор со калчолигашот Сампдорија.

Последен клуб за кој настапуваше Себастиан Џовинко беше Ал Хилал од Саудиска Арабија од каде си замина ова лето и остана без ангажман.

35-годишниот фудбалер во минатото има играно и за Јувентус, Парма и Емполи, но и во МЛС лигата за екипата на Торонто.


Челзи без два клучни фудбалери на Мундијалот за клубови

Тренерот на Челзи, Арно Михелс, кој го водеше тимот на куп-мечот против Плимут, по дуелот потврди дека двајца играчи кои беа заменети имаат повреди.

„Во продолжението, Мејсон Маунт почувствува болка кога шутираше кон голот. Додека играше, тоа не беше голем проблем и тој забележа дека нешто не е во ред прилично брзо, па решивме да го симнеме. Ќе направиме дополнително испитување и се надеваме дека нема да има сериозни проблеми, но во моментов немам точни информации за тоа. Хаким Зијех исто така имаше проблеми и Аспиликуета се пожали на тетивата. Тоа е повеќе мускулен проблем отколку повреда. Исто така, се надевам дека ќе бидат незначителни и дека утре или во понеделник овие играчи ќе се вратат на тренинзите“, изјави Михелс.


Мане: Ова е најзначајниот трофеј во мојата кариера

Напаѓачот на Ливерпул и капитен на репрезентацијата на Сенегал, Садио Мане вели дека освојувањето на Африканскиот куп на нации претставува најзначаен трофеј во неговата кариера.

Сенегал во финалето славеше над Египет по изведување на пенали за прва историска титула во ова натпреварување.

„Дефинитивно мислам дека ова е најголемиот трофеј во мојата кариера. Навистина не можам да искажам како се чувствувам затоа што сум многу, многу среќен. Среќен сум за себе, за моите сонародници и за моето семејство. Пеналот што го промашив во првото полувреме беше голем удар за мене, но сите мои соиграчи дојдоа и ми рекоа: „Садио, заедно губиме и заедно победуваме! Продолжи да одиш!” Ова ме погоди, особено пред изведувањето на клучниот пенал.Тоа многу ме мотивира“, изјави Мане.


Никлас Зуле ќе биде нов играч на Борусија Дортмунд

Германскиот репрезентативец, дефанзивецот Никлас Зуле, објави дека на крајот од сезоната од Баерн Минхен ќе замине во Борусија Дортмунд.

26-годишниот играч се одлучи да не го продолжи договорот со баварците кој истекува ова лето и да заигра за големиот конкурент во Бундеслигата, екипата на Борусија Дортмунд.

Голем интерес за Зуле имаше и од Њукасл Јунајтед кој важеше за најголем фаворит за негов потпис.