feature

Пачо доби нов договор со ПСЖ

ПСЖ го продолжи договорот со дефанзивецот Вилијан Пачо за една година, објавиј афранцуските медиуми. Ова официјално ќе биде објавено за две недели.

Во исто време, парискиот клуб ја зголеми платата на 24-годишниот еквадорски репрезентативец.

Претходниот договор на Пачо со ПСЖ траеше до јуни 2029 година. Пачо се пресели во ПСЖ во летото 2024 година од Ајнтрахт Франкфурт за 40 милиони евра.


Замбо-Ангиса сериозно се повреди на мечот на камерунската репрезентација

Младиот играч на Наполи, Андре-Франк Замбо-Ангиса, доживеа сериозна повреда додека настапуваше за репрезентацијата на Камерун.

Фудбалерот од средниот ред има проблеми со бицепсот на левата бутина и според весникот – „Ла Газета дело Спорт“, ќе отсуствува од терените околу три до четири месеци.

29-ет годишниот фудбалер во сезонава успеа да постигне четири голови на 11 натпревари од Серија А.


Кенан Јилдиз бара поголема плата во Јувентус

Фудбалерот на Јувентус, Кенан Јилдиз, времено ги прекина преговорите за продолжување на соработката со „старата дама“, велат последните информации од Италија.

Тој сака околу 7 милиони евра годишна плата без бонуси а тимот од Торино му нуди нешто помалку.

Во меѓу време се појавија шпекулации дека за неговиот потпис се заинтересирани Челзи и Арсенал.


Адејеми на листата желби на Аморим

Манчестер Јунајтед започнал процес за ангажман на крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми.

Според него, „милионерите“ од Бундес-лигата сакаат да го задржат 23-годишникот но, преговорите се во лоша позиција.

Германскиот интернационалец во сезонава се појави на 14 натпревари на кои постигна три гола и направи три асистенции.


Мбапе ја одведе Франција на Мундијалот, Албанија обезбеди бараж

Paris, France Parc de Princes Jeudi 13 novembre 2025 Sport Football Équipe de France de football. Éliminatoires de la zone Europe pour la Coupe du monde de football France / Ukraine LP/Olivier Arandel

Франција го обезбеди првото место во Д групата и директен пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Вечерва, Албанија со минималната победа во Андора го обезбеди второто место во К групата, од која претходно Англија се пласира на Мундијалот. Англичаните славеа над србија со 2-0. Италија, во финишот на мечот во Кишињев, славеше победа над Молдавија 2-0.

Франција го скрши отпорот на Украинците дури во второто полувреме, а Килијан Мбапе го отвори натпреварот со гол од пенал во 55-та минута.Мајкл Олисе го дуплираше водството во 76-та, пред Мбапе да го постигне вториот гол во 83-та минута. Уго Екитике стави точка на натпреварот во 88-та минута, со својот прв гол во дресот на националниот тим. Ова ќе биде 17-то учество во планетариумот за Франција, која беше светски шампион во 1998 и 2018 година.

Последното коло ни носи средби меѓу Азербејџан и Франција, односно Украина и Исланд. Албанија во Андора мораше да победи и го направи тоа со голот на Аслани во 67-та минута. Албанците се втори во групата, се пласираа во баражот, а во последното коло ќе ја пречекаат Англија. Англичаните ја забележаа и седмата победа. На „Вембли“, со головите на Сака и Езе славеше 2-0. Италијанската репрезентација се мачеше против Молдавија во Кишињев победи со 2-0, но ќе мора да игра трет пат по ред во плејофот.

Италијанците имаат 18 бода во Група И, три помалку од Норвешка, која ја ќе ја пречекаат во во Милано во недела. Но, Норвежаните имаат гол-разлика од 33-4, Италијанците се на 20-8, и јасно е дека не можат да постигнат победа со толкава разлика за да ги прескокнат „Викинзите“.

Манчини постигна гол за 0-1 во 88-та минута, а конечниот резултат го постави Еспозито во 93-та минута.


Германија без Кимих на одлучувачкиот дуел со Луксембург

Капитенот на германската фудбалска репрезентација, Џошуа Кимих, ќе го пропушти утрешниот квалификациски натпревар за Светското првенство против Луксембург, објави Германскиот фудбалски сојуз.

„Нашиот капитен заработи лесна повреда на десниот зглоб за време на вчерашниот тренинг. Тој ќе патува со тимот во Луксембург, но нема да учествува во натпреварот“, напишаа од Германскиот фудбалски сојуз.

Кимих, кој има 105 натпревари и 10 гола со дресот на Бундестимот, ја носи капитенската лента од 2024 година.

Германија гостува во Луксембург во петок за претпоследниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 година. Тимот е прв во Групата А со 9 бода, додека нивниот противник е на последното место без бодови по четири одиграни натпревари.


Стојчевски: Жалиме што не победивме против Летонија

Последната контрола пред настапот на најважниот натпревар во оваа година заврши без голови. Избраниците на селекторот Благоја Милевски посакуваа триумф, но за жал не успеаа да ја затресат мрежата на Летонците.

“Секако, постои разочараност во нашиот табор затоа што не победивме вечерва, бидејќи на секој меч одиме на победа. Теренот е ист и за двете селекции така што не треба да служи како изговор…. Во дефанзивата добро функциониравме, сепак ни недостигаше тој гол, таа офанзива. Ништо, што е тука е, одиме во Велс да покажеме што знаеме, да покажеме дека ништо не е случајно, да победиме и да го обезбедиме тоа второ место во групата. Атмосферата во националниот тим е добра и како што реков – одиме на победа во Кардиф. Се надевам дека ќе се вратиме со три бода”, изјави Андреј Стојчевски.


Станиќ: Скапо платени грешки, се надевам дека тоа во блиска иднина ќе смени

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година доживеа нов пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Овој пат нашата селекција е совладана од Шведска со 4-1.

“Направивме добра анализа, знаевме кои им се силните страни. Имаме проблем со исклучително брзи играчи, но на почетокот изгледавме добро. Морам да кажам дека оваа генерација пати од наивност и од „детски болести“, затоа што направивме кардинални грешки кои доведоа до овој убедлив пораз .Грешевме во моментите кога требаше да ја смириме играта и да го контролираме текот. Откако примивме два брзи гола, веќе немавме што да загубиме и моравме да играме похрабро. Истото ни се случи и на мечот против Црна Гора, добро игравме и имавме шанси, но потоа го загубивме мечот.

Мораме да сфатиме дека вакви грешки не се дозволиви на ова ниво. Можеме да се носиме со сите екипи, тоа го видовме на последните мечеви, но мораме да се подобриме во некои сегменти. Работиме на тоа да бидеме поконцентрирани во клучните моменти, се надевам дека тоа ќе се смени во блиска иднина”.

Следниот натпревар македонските фудбалски надежи го играат во вторник исто така во Битола, а противник ни е репрезентацијата на Полска.


Празно реми на Македонија и Летонија во пријателски дуел во Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 0-0 на пријателскиот натпревар против Летонија во Скопје. Имавме шанси, меѓутоа затаи реализацијата.

Во 14. минута, Милан Ристовски одлично се ослободи од својот чувар, шутираше од 25 метри, но голманот на Летонија, Рихард Матревичс, успеа да одбрани.

Десет минути подоцна, возврати и Летонија со опасен напад. По нафрлувањето од левата страна, Владиславс Гутковскис шутираше со глава, но крај голот на Столе Димитриевски.

Македонија можеше до водство во 29. минута, кога Тихомир Костадинов упати удар со глава од десетина метри, но летонскиот голман повторно добро интервенираше.

Во 38. минута и Летонија имаше одлична шанса. Гутковскис зафати волеј во петерецот, но Столе Димитриевски покажа неверојатен рефлекс и одбрани со нога.

Само две минути подоцна, Барди шутираше од 18 метри, а топката од блокот за малку ќе го надмудреше Матревичс.

По еден час игра, селекторот Благоја Милевски го промени офанзивното трио и во игра ги уфрли Александар Трајковски, Бојан Миовски и Елиф Елмас.

Елиф Елмас првата закана ја имаше во 67. минута, со удар од 20 метри, но не беше тоа премногу опасно по голот на Летонија.

Три минути подоцна, Јанис Икануиекс шутираше од 20 метри и ја погоди гредата од голот на Столе Димитриевски.

До крајот, немаше сериозни можности и пријателскиот меч заврши без голови.


У21 селекцијата загуби во Битола од надмоќната Шведска

Македонската репрезентација до 21 година го запиша четвртиот пораз во квалификациите за Европското првенство, откако вечерва во Битола беше совладана од Шведска со 1-4 (1-2).

Младите фудбалери на Македонија одлично го отворија натпреварот на стадионот „Петар Милошевски“ и поведоа со голот на Елези по убавата акција со Хамза, но потоа Швеѓаните целосно го презедоа ритамот на игра. Со два брзи гола на Ричи Оморова во 32. и 33. минута гостите направија пресврт и на полувреме заминаа со предност од 1-2.

На стартот од вториот дел нашите настапија поофанзивно, но тоа не донесе резултат, напротив, Сонково во 60. минута зголеми на 1-3 и ги реши сите дилеми. До крајот, Шведска умешно го контролираше мечот и со голот на Амин Будри во 79. минута го постави конечниот резултат 1-4.

Избраниците на Горан Станиќ остануваат претпоследни во групата Е со три бода, а во следното коло ги очекува дуел со лидерот, селекцијата на Полска.