feature

Скалони: Многу пропативме но покажавме дека можеме се да постигнеме

Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, после победата во финалето на Мундијалот изјави дека ова беше совршен натпревар, според него селекцијата пропатила многу за да стигне до целта, но на крајот покажаа дека оваа екипа може се да направи.

„Горд сум на сите, на секој играч, и на сите наши навивачи. Примивме доста удари на патот до финалето, но останавме на нозе, а тоа оваа победа ја прави поемотивна. Сакам да им порачам на нашите навивачи да слават и да уживаат. Ова е историски момент за Аргентина“, изјави Скалони.


Меси: Знаев дека Бог ќе ми донесе трофеј, останувам во репрезентацијата

Репрезентацијата на Аргентина стана нов светски фудбалски првак, после спектакуларната победа во финалето над Франција. Аргентинските фудбалери беа подобри во изведувањето на пеналите и славеа со 4:2. Во регуларниот дел натпреварот заврши 2:2, а после продолженијата мечот беше 3:3.

Најдобриот фудбалер на Аргентина, Лионел Меси, на својот петти Мундијал го освои единствениот трофеј кој му недостигаше во кариерата.

„Немам прави зборови за да го опишам ова чувство, се беше неверојатно. Знаев дека Бог ќе ми го даде пехарот, ова е голема радост за нас. Одсекогаш сум го имал овој сон, својата репрезентативна кариера да ја завршам на Светското првенство. Меѓутоа, сепак нема да се пензионирам од националниот тим, и сакам да продолжам да играм како шампион“, изјави Меси.


Мбапе е најдобар стрелец на Мундијалот

Францускиот репрезентативец, Килијан Мбапе, е најдобар стрелец на Светското првенство во Катар со постигнати осум голови, вклучувајќи го и постигнатиот хет-трик во финалето со Аргентина, кој сепак не беше доволен за одбрана на титулата.

Младиот напаѓач, пред својот 24-ти роденден стигна до вкупно 12 гола на Светските првенства и само прашање на време е кога ќе го надмине рекордот од 16 голови на Мирослав Клосе.

Лионел Меси постигна седум гола на Мундијалот, додека Хулијан Алварез и Оливие Жиру постигнаа по четири погодоци.


Сити спремен да плати 130 милиони евра за Гвардиол

Јошко Гвардиол важи за еден од најперспективните дефанзивци во
Европа, и со своите добри настапи на мундијалот во Катар, само им
потврди на гигантите дека вреди да инвестираат во него.

Но како што пренесува новинарот Алфредо Педула, она што
Манчестер Сити е подготвен да го направи, се граничи со лудост.
Наводно „граѓаните“ се подготвени на РБ Лајпциг да му платат 130
милиони евра (сосе бонуси), а на Јошко Гвардиол му даваат плата од
11-12 милиони евра по сезона.
Манчестер Сити сака со вакви бројки да го победи Реал Мадрид во
битката за потписот на Хрватот.
Се верува дека „кралевите“ се подготвени да платат 90 милиони евра
како обесштетување, и на Јошко Гвардиол да му понудат плата од 6
милиони евра по сезона, примања кои се довјно помалку од она што
Манчестер Сити го става на маса.


Мик Шумахер потпиша за Мерцедес

Синот на легендарниот Михаел Шумахер не се прослави во болидот
на Хас и го загуби местото во Формула 1, но сепак ќе остане во
Формула 1 како резервен возач во Мерцедес. Мик Шумахер потпиша
договор со Мерцедес и ќе биде резервен возач на Луис Хамилтон и
Џорџ Расел.
Мерцедес претходно беше заинтересиран за Даниел Рикардо, но кога
тој потпиша за Ред Бул, Шумахер доби своја шанса
„Мик е интелигентен и млад човек. Во минатото имаше многу успеси, веруваме дека можеме да му помогнеме да напредува. Мислам дека заслужува место во Ф1, ќе видиме што ќе се случува“, изјави првиот човек на Мерцедес, Тото Волф.


Оршиќ: Ова е најзначајниот гол во мојата кариера

Мислав Оршиќ постигна феноменален гол за 2-1 против Мароко, кој
на крајот се покажа како решавачки за бронзата на Светското
првенство.
„Мислам дека се уште не сум свесен што направивме. Можеби ќе
разберам по неколку дена или кога ќе се вратам во Хрватска. Мислам
дека одигравме добар натпревар, беше возбудливо. Се боревме и
заслужено победивме“, изјави пресреќниот Мислав Оршиќ по
победата над Мароко.
„Ова е највредниот гол во мојата кариера. Им го посветувам на
семејството, родителите, сопртугата, децата и сите кои беа покрај
мене. Сега ќе славиме заедно“, заврши тој.


Тен Хаг не знае кога Санчо ќе се врати во Манчестер Јунајтед

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, не тренира со првиот тим и во моментот работи со помошните тренери на овај англиски клуб, информира тренерот Ерик тен Хаг.
Англискиот напаѓач се повреди во октомври и поради тоа не беше избран во списокот на англиската репрезентација за настап на Мундијалот во Катар, а не заигра и во пријателските
натпревари на Манчестер Јунајтед во Шпанија.
„Се обидуваме да го вратиме. Станува збор за комбинација од физичка и ментална состојба. Имав неколку разговори со Џејдон и мислам дека не е подготвен за брзо враќање во тимот.
Прикажуваше добри игри на стартот од првентсвото, но потоа неговата форма почна да опаѓа што покажуваат и статистичките податоци. Во моментот ги истражуваме можните причини за неговата слаба форма, и не сум сигурен кога тој ќе се врати во тренажен процес“, изјавува Тен Хаг.


Кристофер Нкунку постигна договор со Челзи

Досегашниот фудбалер на Лајпциг и репрезентативец на Франција, Кристофер Нкунку, својата фудбалска кариера ќе ја продолжи во Челзи, бидејќи постигна договор со лондонскиот клуб.
Познатиот италијански новинар, Фабрицио Романо, објави на Твитер дека Нкунку ќе премине во редовите на Челзи на крајот од сезоната.
25-годишниот француски напаѓач имаше договор со Лајпциг до јуни 2026 година, а се очекува трансферот во Челзи да изнесува 70 милиони евра.


Мурињо одбил да ја води репрезентацијата на Португалија

Италијанскиот весник Газета дело Спорт ја пренесува веста дека тренерот на Рома, Жозе Мурињо, одбил да биде селектор на репрезентацијата на Португалија.
Според информациите од весникот, Мурињо мисли дека уште е рано за таа позиција и е целосно посветен на водењето на Рома.
Италијанските медиуми наведуваат дека Мурињо бил прва желба на Фудбалскиот сојуз на Португалија за водење на репрезентацијата после отказот на Фернандо Сантош.
59-годишниот Мурињо во својата кариера бил тренер на Леирија, Порто, Реал, Челзи, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.


Модриќ: Ќе играм за Хрватска и во завршницата од Лигата на нации

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Лука Модриќ, вели дека сите играчи на селекцијата треба да бидат горди на освојувањето на бронзата на Светското првенство, и дека тој
планира да настапи за Хрватска и на завршницата во Лигата на нациите наредната година.
Фудбалерите на Хрватска се закитија со бронзен медал на СП во Катар, откако го совладаа Мароко со 2:1. За Хрватска тоа е трет медал на светските првенства после среброто пред четири години во
Русија, и бронзата од Франција во 1998 година.
37-годишниот Модриќ демантира дека натпреварот пртоив Мароко бил негов последен во дресот на националниот тим, бидејќи планира да игра за Хрватска во завршницата на Лигата на нации, а
можеби и на квалификациите за ЕУРО.