feature

Матијас де Лихт заминува од Јувентус

Матијас де Лихт би можел да го напушти Јувентус следното лето. 

Менаџерот на играчот, Мино Рајола, во изјава за медиумите во Италија кажа дека холандскиот дефанзивец е „подготвен за нов чекор“ во кариерата, после трите години поминати во редовите на „старата дама“.

Како најзинтересиран клуб за услугите на 21-годишниот фудбалер, се споменува лондонски Челзи, кој на крајот од сезонава може да остане без услугите на Рудигер и Кристенсен кои најавуваат дека немаат намера да ги продолжат договорите и да останат во Челзи.


Директорот на Борусија Дортмунд потврдува дека Реал Мадрид е најблиску до Халанд

Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке, официјално ја потврди веста дека Реал Мадрид е најзаинтересираниот клуб за купување на напаѓачот, Ерлинг Халанд.

„Каде и да погледнете денес, има голем број на информации поврзани за евентуален трансфер на Халанд. Единствено што знам со сигурност е дека Реал Мадрид има голем интерес за него. Пред неколку дена имав добар разговор со менаџерот на Ерлинг,Мино Рајола. Тоа беше пријателски разговор и без сомнение ќе разговараме повторно во наредните недели. Ако има и најмали шанси ние како клуб ќе направиме се за тој да остане во Дортмунд. Лично мислам дека би било добро да остане во Бундеслигата некое време, но Рајола е паметен човек и знае што е најдобро за неговиот клиент“, изјави претседателот Вацке.


Англиската Премиер лига ќе паузира за божиќниот период?

Клубовите кои се натпреваруваат во англиската Премиер лига, денес ќе одржат вонреден состанок на кој ќе се разговара за евентуален прекин на натпреварите за време на божиќниот период поради зголемениот број на позитивни случаи од Ковид-19 во екипите.

 Во последното првенствено коло од вкупно десет предвидени натпревари, шест беа одложени поради зголемената бројка на новозаразени од коронавирусот.

Според информациите од Англија, клубовите ќе побараат да се одложат натпреварите закажани за 28, 29 и 30 декември.


Зверев: Очекувам гренд слем титула и прво место на АТП

Германскиот тенисер Александар Зверев во медиумите ги кажа своите цели и очекувања за 2022 година.

Тој се надева дека во годината што следи ќе ја освои првата грен слем титула во кариерата и дека ќе стане најдобар тенисер на АТП листата.

Зверев во моментов е трет тенисер на светот. Пред него се Русинот Медведев и Новак Џоковиќ. Германецот во сезоната што измина освои 6 титули меѓу кои е и златото на Олимписките игри во Токио.

„Не сум истиот играч од пред неколку години. Созреав и научив да се носам со тешкотиите со што станав и подобар тенисер. Имам две цели кои ги немам остварено, освојување на грен слем и прво место на АТП листата. Се надевам дека тоа ќе го остварам веќе во Австралија. Ако сам не веруваш во себе, тогаш кој друг ќе верува“, изјави Зверев.


Наби Кеита го менува Ливерпул за Милан

Милан е силно заинтересиран за играчот за врска на Ливерпул, Наби Кеита, пренесува „Калчомеркато“.

Кеита на крајот на сезоната влегува во последната година од договорот, но нема намера да преговара со Ливерпул за продолжување на неговиот престој на „Енфилд“.

Кеита не е задоволен од својот статус во тимот и минутажата која ја добива, па е спремен да ја промени средината на крајот на сезоната.


Кирил Лазаров го освои својот 56.трофеј во кариерата

Најдобриот македонски ракометар и сегашен селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил лазаров, додаде уште еден трофеј во својата неверојатна збирка. 

Имено Лазаров со својот Нант, е победник на Лига Купот на Франција, со кого претходно го освои и Суперкупот.

41-годишниот Лазаров сеуште игра во извонредна форма и даде огромен придонес во победата, постигнувајќи го одлучувачкиот гол во самиот финиш на средбата.

Овај трофеј е вкупно 56-ти во богатата кариера на легендарниот Лазаров.


Два шпански прволигаши го сакаат Диего Коста

Диего Коста би можеле повторно да го гледаме во Европа после сезоната во која му помогна на Атлетико Минеиро да стигне до шампионската титула во Бразил.

Коста долго време беше без клуб откако го раскина договорот со Атлетико Мадрид. Шанса доби во Бразил во редовите на Атлетико Минеиро и солидно. На 19 натпревари Коста беше стрелец на пет гола.

Според информациите од Шпанија Кадиз и Елче ја следат ситуацијата со Коста и постои можност да го вратат на Пиринеите во зимскиот преоден рок.

Коста во Шпанија во два периода како играч на Атлетико Мадрид постигна 83 гола на 216 натпревари.


Коман ќе го замени Азар во Реал од следното лето

Се поизвесно е дека Еден Азар ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната, а Анчелоти веќе ја избрал неговата замена.

Германски „Билд“ тврди дека Квинсли Коман нема намера да го продолжи договорот со Баерн Минхен и на крајот на сезоната најверојатно ќе биде продаден. Договорот на Коман истекува 2023 година, па се поизвесно е дека на лето ќе биде продаден, бидејќи влегува во последната година од договорот.

Французинот преку својот агент Пини Захави му се понидил на Реал Мадрид, а Анчелоти сака да го доведе независно од доаѓањето на Килијан Мбапе.

Се очекува на крајот на сезоната Азар и Бејл да го напуштат „кралскиот“ клуб, па Реал сака покрај Мбапе да донесе уште еден врвен фудбалер.


Влаховиќ го израмни рекордот на Роналдо во Серија А

Напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ постигна гол во 18. коло од Серија А против Сасуоло (2-2). За 21-годишниот фудбалер на Фиорентина ова беше гол број 33 во италијанската елита во 2021 година.

Напаѓачот го повтори резултатот на поранешниот напаѓач на Јувентус, Кристијано Роналдо по бројот на голови во Калчото за една календарска година, што Португалецот го забележа во 2020 година. Поранешниот напаѓач на Торино Омар Сивори беше првиот кој постигна 33 гола во 1961 година. Само двајца играчи имаат повеќе голови во една календарска година во Серија А.

Тоа се најдобриот стрелец на Милан Гунар Нордал со 36 гола во 1950 година и напаѓачот на Торино Феличе Борел со 41 гол во 1933 година.


Барса не може да пронајде купувач за Умтити

Барселона очигледно нема да може да го продаде дефанзивецот Самуел Умтити, бидејќи нема интерес од други клубови. Освојувачот на Светското првенство со Франција има 133 настапи за Каталонците во текот на пет и пол години на „Камп Ноу“.

Сепак, Французинот го одигра својот прв натпревар во 2021 година на 12 декември, бидејќи беше повреден или не беше дел од плановите на тренерите, Роналд Куман и сега Чави.

И покрај тоа што централниот дефанзивец си ја намали платата, „Спорт“ пренесува дека клупските челници не успеваат да најдат клуб кој сака да го купи.