Талентот на Шкендија, Дашмир Елези заминува во Фенербахче
Турските медиуми ја објавија веста дека гигантот Фенербахче го договорил трансферот за 17-годишниот екстра талент на Шкендија, Дашмир Елези.
Според информациите, Фенербахче веќе подолг период покажува интерес за Елези, и сега конечно е донесена одлуката за негово доведување во великанот од Истанбул.
Пред конечна реализација на трансферот се чека само на формата и опциите за потписот кои се дозволени од ФИФА со оглед на возраста на фудбалерот, односно фактот што тој сеуште не е полнолетен.
Објавени годишните заработувачки на најдобрите светски ракометари
После завршувањето на Европското ракометно првенство на кое со шампионската титула се закити репрезентацијата на Шведска, а позади неа останаа великаните Шпанија, Данска и Франција, порталот „Тоталспорт“ објави листа со вкупна годишна заработка на најдобрите светски ракометари.
На врвот е најдобриот дански ракометар Микел Хансен со годишна заработка од 1,5 милиони евра, втор е Французинот Никола Карабатиќ со еден милион евра, додека на третата позиција се најде ветеранот Ханс Линдберг кој заработува 850 илјади евра.
Барнли го купи најдобриот напаѓач на Волфсбург
Барнли денес го објави потпишувањето на договорот со холандскиот репрезентативец Вут Вегхорст од германски Волфсбург. Центарфорот потпишал договор на три и пол години, а сумата на трансферот е 12 милиони фунти.
Вегхорст има 12 настапи за својата репрезентација, а постигна 59 гола во 118 натпревари во Бундеслигата во дресот на Волфсбург во изминатите три и пол сезони.
Постигнат договор – Мбапе од наредната сезона во Реал Мадрид
Германскиот весник „Билд“, излезе со вест дека Реал Мадрид и Килијан Мбапе постигнале договор со кој Французинот од наредната сезона ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Мбапе во редовите на „кралскиот клуб“ ќе замине како слободен играч, а според информациите неговата бруто плата ќе изнесува 50 милиони евра.
Целокупниот трансфер ќе биде реализиран на крајот од тековната сезона, а официјалната објава за договорот ќе биде соопштен после натпреварот од осмина-финалето во Лигата на шампиони, каде ќе се сретнат ПСЖ и Реал Мадрид.
Макс Крузе по шест години се врати во Волфзбург
Волфсбург и официјално го врати напаѓачот Макс Крузе. 33-годишниот поранешен германски репрезентативец потпиша со „волците“ на 1,5 година.
Крузе доаѓа од Унион Берлин за 5 милиони евра. Тој ќе треба да го замени Вут Вегхорст, кој денеска ќе го финализира трансферот во Барнли.
Напаѓачот веќе настапуваше за Волфсбург во сезоната 2015/2016, по што беше продаден на Вердер Бремен.
Хулијан Алварез и официјално е нов играч на Манчестер Сити
Манчестер Сити и официјално ја потврди веста дека Хулијан Алварез е нов играч на екипата.
За ангажманот на младиот напаѓач од Ривер Плата, англискиот шампион исплати 17 милиони евра плус 1,5 милиони во бонуси.
Алварез ќе остане да настапува за Ривер Плата до јуни кога ќе се приклучи на тимот предводен од Пеп Гвардиола. Неговиот договор е со важност до 2027 година.
We are delighted to confirm that we have completed the signing of Julian Alvarez from River Plate ✍️
МЗТ Скопје сака да го организира турнирот за промоција во АБА лигата
МЗТ Скопје Аеродром поднел официјална пријава за организација на завршниот турнир од АБА2.
„Станува збор за добивање можност да се биде домаќин на најдобрите осум екипи од ова натпреварување, што и тоа како би било добро за нашите кошаркари, кои на патот кон АБА-елитата би ја имале поддршката од трибините. Според нашите информации, предводниците на регионалното натпреварување се уште ги прибираат понудите за овој настан, за кој, неофицијално, интерес досега пројавиле и два босански града, Сараево и Бања Лука“, соопштија од клубот.
Фајналејт-турнирот од АБА2 начелно е планиран за месец април, кога екипите, засега според неофицијални информации, би играле според класичен куп-систем односно само по еден натпревар, наместо по два како што беше лани, по кои решаваше вкупниот кош-количник.
34 ковид позитивни олимпијци пред Игрите во Пекинг
Уште 34 учесници на Зимските олимписки игри во Пекинг биле позитивни на коронавирус, соопштија организаторите во неделата.
Организацискиот одбор објави дека 23 лица имале позитивен резултат од тестот при пристигнувањето во Кина во саботата, а од тој број, 13 биле спортисти или членови на тимот. Останатите 11 позитивни членови на делегациите на националните олимписки комитети се запишани во затворениот олимписки систем.
Ден претходно беше официјално објавено дека се позитивни 36 лица, со што бројот на заразени со коронавирус од 23 јануари се искачи на 139.
Зимските олимписки игри ќе се одржат под строги мерки, каде што секоја вклучена група ќе биде одделно одвоена една од друга и од општата кинеска популација.
Полицијата го уапси Мејсон Гринвуд, му следи притвор и сослушување
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Мејсон Гринвуд е уапсен, што го потврди и полицијата на Манчестер.
Локалната полиција соопшти дека Гринвуд останува во притвор поради дополнително испитување.
Истрагата против него е во тек, откако е обвинет дека ја силувал и брутално ја претепал својата девојка.
Гринвуд оваа сезона одигра 23 натпревари за „црвените ѓаволи“ на кои постигна шест гола.
Федерер одушевен од Надал: Горд сум на твојата борбеност
Роџер Федерер е воодушевен од успехот на Рафа Надал, кој со денешното освојување на Австралија опен сега има грен слем титула повеќе од него и Новак Ѓоковиќ.
„Каков меч. Од се срце му честитам на мојот пријател и голем ривал Рафаел Надал што стана првиот човек кој освоил 21 Грен слем. Пред неколку месеци се пошегувавме дека и двајцата сме на патерици. Прекрасно. Никогаш не потценувајте голем шампион. Твојата неверојатна работна етика, посветеност и борбеност се инспирација за мене и за безброј други ширум светот“, напиша на социјалните мрежи легендарниот Швајцарец, кој пред Шпанецот и Србинот освои 20 турнири од „Големата четворка“.
Поголемиот дел од тенискиот свет се сомнева дали Федерер некогаш ќе му се врати на професионалниот тенис, иако тој официјално не најави повлекување, а и самиот му е драго што е дел од најневеројатната голема тројка на „белот спорт“.
„Горд сум што ја делам оваа ера со тебе и чест ми е што ја имав улогата да те поттикнам да победуваш што е можно повеќе. Исто како што ти направи за мене во овие 18 години. Сигурен сум дека има уште достигнувања пред тебе, но сега уживај во ова“, напиша Федерер на Инстаграм.Роџер Федерер е воодушевен од успехот на Рафа Надал, кој со денешното освојување на Австралија опен сега има грен слем титула повеќе од него и Новак Ѓоковиќ.
„Каков меч. Од се срце му честитам на мојот пријател и голем ривал Рафаел Надал што стана првиот човек кој освоил 21 Грен слем. Пред неколку месеци се пошегувавме дека и двајцата сме на патерици. Прекрасно. Никогаш не потценувајте голем шампион. Твојата неверојатна работна етика, посветеност и борбеност се инспирација за мене и за безброј други ширум светот“, напиша на социјалните мрежи легендарниот Швајцарец, кој пред Шпанецот и Србинот освои 20 турнири од „Големата четворка“.
Поголемиот дел од тенискиот свет се сомнева дали Федерер некогаш ќе му се врати на професионалниот тенис, иако тој официјално не најави повлекување, а и самиот му е драго што е дел од најневеројатната голема тројка на „белот спорт“.