feature

Харден го чека едномесечна пауза

Кошаркарот на НБА тимот Филаделфија, Џејмс Харден, ќе биде надвор од терените околу еден месец поради повреда на тетивата на десното стапало, објавија денеска американските медиуми. Харден се повреди во средата во поразот од Вашингтон со 111-121, кога го исчаши десното стапало.

По лекарските прегледи, утврдено е дека тој ќе отсуствува еден месец.

Во првите девет натпревари од сезоната, Харден имаше просек од 22 поени и имаше 10 асистенции. Филаделфија победи на четири натпревари и претрпе пет порази досега оваа сезона.


Србинот Малешевиќ потпиша за Работнички

Во KK Работнички минатата седмица беа комплетирани трансферите на Американците Камерон Форте и Пол Џексон, а во следните денови се очекува да биде ангажирано уште едно големо засилување – српскиот интернационалец Никола Малешевиќ.

Станува збор за играч кој е добро познат во нашата јавност бидејќи во претходните две сезони важеше за еден од лидерите на тимот на Пелистер. Тој минатото лето ги напушти битолчани и се пресели во Цибона, но не се снајде најдобро во таборот на хрватскиот клуб и неодамна си замина од Загреб.

Разговорите меѓу Малешевиќ и управата на „центарци“ се во завршна фаза и се очекува наскоро да биде официјално потпишан договорот, по што Србинот ќе му се стави на располагање на тренерот Димитар Мираковски.


Жил Симон ја заврши професионалната кариера

Францускиот тенисер Жил Симон на Мастерсот во Париз го одигра својот последен официјален натпревар во кариерата.

Симон, кој следниот месец ќе наполни 38 години, се прости од тенисот со пораз од Феликс Оже Алијасим. Канаѓанецот беше убедлив со 6-1, 6-3.

За Симон ова беше 898-ми меч во кариерата. Освои 14 турнири, најдобар пласман на АТП-листата му беше шестото место. Тој беше еден од четворицата француски тениски мускетари од кои се повлекоа тој и Цонга, а активни се уште Гаске и Монфис.


Елмас: Среќен сум за голот, минав низ тежок период

Наполи беше подобар од Аталанта во вечерашното дерби во Серија А, победа во која важна улога одигра нашиот ас Елиф Елмас.

Елмас беше стартер и за довербата на тренерот Лучијано Спалети возврати со погодок во првото полувреме, погодок со кој неговата екипа комплетно го смени резултатот (2-1) што на крајот се покажа како пресудно за освојување на трите бода.

„По тежок период среќен сум што имав самодоверба и што ги освоивме трите бода. Се надевам ќе продолжиме вака до крајот. Тренерот ни го кажа составот два часа пред натпреварот. Бев малку под стрес бидејќи немав играно долго време, но секогаш сум спремен. Овие три бода се важни. Патот е правилен, но има уште долг пат и мора вака да продолжиме“, порача Елмас.

Ова за Елиф беше втор сезонски гол во Серија А.


Сон е успешно опериран, но рано е за одлука дали ќе патува во Катар

Фудбалерот на Тотенхем, Хеунг Мин Сон, е успешно опериран поради добиената скршеница во пределот на окото, но уште е рано да се донесе конечна одлука дали тој ќе може да настапи за репрезентацијата на Јужна Кореја на СП во Катар. Напаѓачот на англискиот премиерлигаш, со повреда се здоби на дуелот од ЛШ со Марсеј.

Во извештаите кои ги пренесуваат медиумите стои дека лекарскиот тим на Сон смета дека процедурата помина добро и дека шансите за настап се позитивни.

Сон во дресот на Јужна Кореја има 104 настапи и постигнати 35 гола.


Мбапе на чекор до рекордот на Пеле

Репрезентативецот на Франција, Килијан Мбапе, постигна два гола за победа над Данска со 2:1, и му донесе на својата селекција пласман во следната фаза од Мундијалот.

Мбапе со овие голови се доближи до рекордот на легендарниот Пеле, кој е единствениот играч кој постигнал седум гола на Светските првенства пред да наполни 24 години.

Мбапе во моментот стигна до бројката на шест постигнати погодоци на СП, а со оглед на тоа што Французинот во декември ќе наполни 24.години, тогаш е многу веројатно дека ќе го достигне резултатот на славниот Пеле.


Гвардиола потврди колку е голема конкуренцијата за англиската титула

Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола ги именуваше клубовите за кои мисли дека ќе конкурираат за титулата оваа сезона во Премиер лигата.     

„Би рекол Арсенал, Манчестер сити, Челзи, Њукасл, Тотенхем, Манчестер јунајтед и Ливерпул. Мислам дека овие екипи можат да конкурираат за титулата. Ова се моите чувства. Прв кандидат во моментов е Арсенал. Зошто? Затоа што тие се на врвот во лигата, а останатите се блиску до него. Па, да видиме како ќе ги завршиме следните два натпревари, но мислам дека многу од овие тимови заслужуваат да бидат таму“, изјави Гвардиола за „Њукаслворлд“.


Мукоко најмлад со десет гола во Бундеслигата

Јусуфа Мукоко постави рекорд во Бундеслигата. 17-годишниот напаѓач на Борусија Дортмунд постигна гол во осмата минута на натпреварот против Бохум.     

Овој гол беше вкупно десетти за напаѓачот во германскиот шампионат. Мукоко дебитираше во лигата во сезоната 2020/21. Со 10 првенствени голови, Мукоко стана најмладиот играч во историјата на Бундеслигата кој ја достигнал таа граница (17 години и 350 дена). До крајот на првото полувреме Мукоко уште еднаш се запиша во листата на стрелците и сега има 11 голови.


Елмас запиша гол против Аталанта

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас постигна гол за својот Наполи во дуелот од Серија А против Аталанта во Бергамо.

Тренерот на Наполи, Спалети, после подолг период му даде шанса на Елмас да го започне натпреварот во стартната постава, што македонскиот интернационалец успешно го оправда. Наполи натпреварот го доби со резултат 1:2 а стрелец на голот за победа го постигна токму Елмас во 35.минута од средбата.

Со оваа победа Наполи останува на врвот од Серија А со 35 освоени бода.


Бејл му донесе МЛС титула на Лос Анџелес ФЦ

Велшкиот фудбалски репрезентативец Герет Бејл повторно покажа дека е човек за големи мечеви, помагајќи неговиот нов клуб, Лос Анџелес ФЦ да стигне до својата прва титула од МЛС купот со израмнувачки гол во 128 минута.

Во драматичен меч, ЛАФЦ губеа со 2-3 од Филаделфија јунион, пред Бејл да израмни, по што неговиот тим славеше во пенал серијата за прва титула во историјата на клубот од Калифорнија.

„Секако дека е убаво. Секогаш е убаво да дадеш гол во финалињата. Очигледно добро ми оди во такви мечеви. Ова беше важно за клубот и за навивачите. Останавме со 10 играчи и не изгледаше дека ни оди како што треба“, вели Бејл.