feature

Реал со многу проблеми го елиминира нисколигашот Талавера

Фудбалерите на Атлетико и Реал Мадрид се провлекоа во осминафиналето на Купот на Кралот, додека од ова натпреварување испаднаа Виљареал и Селта.

Атлетико, победи со 3-2 кај членот на Четвртата лига, Атлетико Балеари, а Реал со ист резултат победи кај Талавера. Виљареал загуби во Снатандер, од Расин со 2-1, а Селта доживеа елиминација од Албасете, по изведувањето пенали.

Атлетико Мадрид во првите 20 минути постигна два гола, преку Гризман и Распадори и тука застана. Домаќинот намали во првиот дел, а потоа имаше и неколку добри шанси за 2-2. Кога Гризман постигна гол се чинеше дека е се решено, но екипата од Балерати доби пенал во 80-та минута, Мусо успеа да одбрани, потоа Аргентинецот имеше една брилијантна интервенција. Во 90-та минута, Балеарите добија уште еден пенал, а Kејта ги постави кончните 2:3.

Сличен меч одгра и Реал, Мбапе погоди за 0-1, а потоа Фарандо постигна автогол за 0-2. Аројо намали на 10 минути до крајот, Мбапе постигна гол во 88-та минута. Во следниот напад Талавера не доби пенал, а Ди Ренцо во 91-та минута намали на 2-3. Продолженија спречи голманот Луни со брилијанта интервенција во 93-та минута.

Расинг во целост го надигра Виљареал, тим кој се наоѓа на третото место во Примера. Арана влезе во натпреварот „наоштрен“ и практично му донесе победа на својот тим со два гола во шестата и 28-та минута.

Виљареал го постигна единствениот гол во 86-та минута кога Перез постигна гол.

Селта доживеа ѓок во Албасете во 93-та минута кога домашниот тим изедначи на 2-2. Во прдолженијата немаше голови, а во пенал серијата, Албасете постигна три, а Селта ниту еден гол. Пеналите не ги реализираа Мингеса, Алварез и Јаго Аспас.


Сити и Њукасл рутински во полуфиналето на Лига Купот

Фудбалерите на Манчестер Сити и Њукасл изборија пласман во полуфиналето на Лига куот.

Сити на домашен терен го победи Брентфорд со 3-0. Стрелци за тимот на Пеп Гвардиола беа Рајан Шерки во 32-та минута и Савињо во 67-та.

Францускиот фудбалер, овогодишно засилување од Лион, ја потврди својата класа. Посебно внимание заслужува голот што го постигна: откако ја прими топката веднаш надвор од шеснаесетникот, се ослободи противникот, а потоа испрати „ракета“ во голот на гостите.

Францускиот фудбалер на тој начин го најави пласманот на Сити во полуфиналето на натпреварувањето за прв пат од 2021 година, кога „граѓаните“ го кренаа пехарот.

Потврдата за триумфот и пласманот меѓу четирите најдобри екипи во Лига купот дојде во 67-та минута кога со малку среќа погоди Савињо.

Њукасл во драматичен меч го победи Фулам со 2-1. Јоан Виса постигна гол за „страчките“ во 10-та минута, но шест минути подцна изедначи Лукиќ.

„Мирисаше“ на пенали во дождливиот Њукасл, но Мајли со глава во втората минута од судиското продолжение му ја донесе победата на домашниот тим.

Покрај Сити и Њукасл, во фазата Топ 4 се пласираше и Челзи, додека наредниот вторник ќе играат Арсенал – Кристал Палас.

Полуфиналето на Лига Купот се игра во два натпревари.


Победа над Тиквеш и крај на успешната 2025 година за Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер издвојуваа победа над Тиквеш од 29-21 во последниот меч во оваа календарска година во Суперлигата. Клубот од Битола имаше јасно поставена цел за овој меч, па иако во првиот дел противникот даде силен отпор (12:10) по паузата „зелено-белите“ ја потврдија фаворитската улога, разликата во квалитет и дојдоа до резултатот што го посакуваа.

Ова за актуелниот првак беше четиринаесетти триумф во осумнаесеттиот сезонски натпревар. Најпрецизен играч кај шампионот беше Хакбарт со седум погодоци.

Еурофарм Пелистер ќе презими на второто место, а тролетниот дел ќе го започне во првиот викенд од февруари и градскиот дуел со Еурофарм Пелистер 2.


Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Аделаида

Дваесет и четирикратниот освојувач на Грен слем, Новак Ѓоковиќ, ќе ја започне својата сезона на АТП 250 турнирот во Аделаида. Турнирот ќе се одржи од 6 до 11 јануари.

Во натпреварувањето ќе учествуваат и Британецот Џек Дрејпер, Гркот Стефанос Циципас, Американецот Томи Пол и Бразилецот Жоао Фонсека.

Триесет и осумгодишниот Србин е победник на 101 АТП турнир во поединечна конкуренција и олимписки шампион во 2024 година.


Гилермо Алмада е именуван за нов тренер на Овиедо

Овиедо го назначи Гилермо Алмада за свој нов тренер, објави клубот на социјалните мрежи.

Алмада е третиот тренер на Овиедо од почетокот на сезоната, по Вељко Пауновиќ и Луис Карион.

Клубот се врати во Примера по 24 години, моментално е на 19-то место на табелата со само десет освоени бода. По отпуштањето на Пауновиќ, беше доведен Карион, кој не успеа да забележи ниту една победа.

Алмада до оваа недела тој го водеше Ваљадолид, а на име на надомест, неговиот поранешен тим ќе добие 400.000 евра од Овиедо.

Алмада е Уругваец, а претходно успешно работеше во Мексико каде што ги водеше Пачука и Сантос Лагуна.


Нигерија поднесе жалба по поразот од ДР Конго во африканските квалификации

Демократска Република Конго би можела да биде исфрлена од плејофот за пласман на Светското првенство. Нигерија поднесе жалба против ДР Конго. Нигеријците тврдат дека за ДР Конго насташиле фудбалери кои немале право да играат.

ДР Конго неодамна ја елиминираше Нигерија во квалификациите за пласман во интернационалниот. Конгоанците, до дуелот со победникот од Јамајка и Нова Каледонија, дојдоа по подоброто изведување пенали.

Нигеријците тврдат дека дури девет фудбалери на ДР Конго го промениле своето спортско државјанство пред натпреварот со Нигерија. Постапката тогаш не била завршена, па затоа бараат дисквалификација на ДР Конго.

Уставот на ДР Конго не дозволува двојно државјанство, а Нигеријците имаат информации дека некои формално не го отфрлиле претходнто. Доколку тоа се покаже како вистина, ФИФА би можела да ги поништи резултатите…

Аксел Туанзебе, Артур Масуаку, Арон Ван-Бисака итн. се во конкуренција.


Луис Суарез ќе добие нов договор со Интер Мајами

Интер Мајами ја освои титулата во МЛС, а потоа Серхио Бускетс и Жорди Алба официјално ги завршија своите кариери.

Во исто време, иднината на Луис Суарез не беше позната, бидејќи се шпекулираше дека поранешниот голгетер на Барселона би можел да го смени клубот. Сепак, како што пишува „Атлетик“, уругвајскиот напаѓач наскоро ќе го стави потписот на новиот договор со Интер од Мајами.

Ова значи дека, Суарез ќе остане со својот голем пријател Лионел Меси, со кого се речиси неразделни уште од времето кога беа заедно во Барселона.

Откако пристигна во Интер, искусниот напаѓач одигра 87 натпревари, постигна 42 гола и додаде 29 асистенции.


Роналдо го бојкотираше изборот на ФИФА

Напаѓачот на Ал-Наср и Португалија, Кристијано Роналдо, не учествуваше во гласањето за најдобар играч на сезоната на ФИФА.

Кај фудбалерите, капитените на нивните национални тимови гласаа за најдобрите играчи на сезоната.

Роналдо, капитен на португалската репрезентација, не учествуваше во гласањето. Неговото место го зазеде играчот од средниот ред на Манчестер сити, Бернардо Силва.

Силва го рангираше играчот од средниот ред на ПСЖ, Витињо, на второто место, одбранбениот играч на ПСЖ, Нуно Мендеш, а напаѓачот на ПСЖ, Усман Дембеле, кој победи на гласањето, на третото место.


Алаѓозовски: По лошиот старт, Брера имаше задоволителни настапи оваа есен

Брера го заокружи првиот дел од првенството на седмата позиција со освоени 19 поени. Ако се земе во предвид лошиот старт во првите неколку кола, потоа струмичани покажаа завиден квалитет и направија неколку пријатни изненадувања.

Тимот на Брера славеше против Струга Трим Лум на гости, а успеа да ремизира и против лидерот Вардар во Скопје. Сето ова, надоврзано и со неколку победи пред своите гледачи, го извлекоа тимот од долниот кон средишниот дел на табелата.

Мартин Алаѓозовски го наследи Панче Стојанов на почетокот на септември и седна на клупата на натпреварот против Шкупи. Успеа да го подигне тимот кој почна да бележи многу подобри резултати.

„По лошиот старт на сезоната, Брера успеа да се консолидира и на клупски план што се однесува до малите финансиски проблеми, но и да го реорганизираме тимот. Мора да истакнам дека шанса добија многу млади фудбалери и ја искористија во целост. Одигравме неколку навистина квалитетни натпревари и треба да се гордееме со триумфот над Струга Трим Лум на гости, како и со ремито против Вардар во Скопје. Тогаш фудбалерите сфатија дека можат да се надигруваат и со најдобрите, а токму тоа е и нашата филозофија, да се обидеме да играме фудбал против сите екипи во првенството. Бодовите секако се награда за добрите игри. На крајот, кога ќе анализираме, АП Брера може да биде задоволна од сегашната позиција на табелата, со оглед на лошиот старт, но и напролет треба да бидеме уште подобри, затоа што шампионатот е долг, а нашата цел е да оствариме опстанок“, изјави тренерот Мартин Алаѓозовски.

Се очекува и освежување на играчкиот кадар во текот на зимскиот преоден рок.

„Ќе нѐ напушти Фахд Нзенгуе, напаѓачот кој беше еден од носителите на играта во есенскиот дел од првенството. Неговиот договор истекува и тој одлучи да побара нов предизвик. Заминуваат уште неколку од странците, но верувам дека раководството ќе доведе соодветни замени и нови засилувања, со кои ќе бидеме конкурентни на сите позиции и во вториот дел од првенството“, истакна шефот на стручниот штаб на Брера.


Рекордни приходи: Реал Мадрид како финансиски гигант на светскиот фудбал

Flortentino Perez speaking infront of the Champions League titles of Real Madrid

Реал Мадрид се зацврсти како најбогат и најпрофитабилен фудбалски клуб во светот, поткрепен со рекордни приходи над една милијарда евра и стратешки инвестиции кои ја одржуваат неговата доминација на и надвор од теренот.

Во сезоната 2023/24, Реал Мадрид стана првиот фудбалски клуб во историјата што надмина €1 милијарда годишни приходи, достигнувајќи €1.045,5 милиони. Приходите доаѓаат од сите клучни извори: натпреварувачки денови, комерцијални активности и ТВ-права.

Оваа финансиска сила овозможи амбициозна и скапа реконструкција на Сантијаго Бернабеу, чија вредност од 2019 година наваму надминува €1,3 милијарди. Новиот стадион со подвижен покрив и можност за одржување различни настани го трансформира Бернабеу во мултифункционален објект.

Во сезоната 2024/25, приходите од стадионот достигнаа €326,1 милиони, речиси двојно повеќе во однос на периодот пред реконструкцијата и највисоко ниво на глобално ниво. Сепак, раководството смета дека ова е само почеток, со дополнителен потенцијал преку концерти, ВИП-хоспиталити и настани во текот на целата година.

И покрај заемите поврзани со реконструкцијата, кои моментално изнесуваат околу €1,1 милијарда, клубот останува финансиски стабилен. Отплатата е распоредена на долг рок, што му овозможува на Реал да инвестира во врвни засилувања без финансиски ризик. Новиот Бернабеу е клучен елемент во одржувањето на конкурентската предност на трансфер-пазарот.

По целосното завршување на стадионските работи до 2026 година, се очекува годишните приходи да надминат €400 милиони, што ќе постави нови стандарди во европскиот фудбал. Со модел на постојано реинвестирање и паметно управување, Реал Мадрид останува финансиски репер за целиот спорт.