feature

Лидс го носи Мароканецот Унахи во Премиер лигата

Maроканецот Азедин Унахи кој играше одлично на Светското
првенство во Катар до крајот на сезоната би можел да се пресели
во Англија во редовите на Лидс.
Италијанскиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо објави
дека Лидс започнал преговори со Анже за ангажман на Унахи.
Според најавите Лидс во овој момент е фаворит за неговиот
потпис најмногу поради финансиската моќ кој ја имаат англиските
клубови. Унахи претходно се поврзуваше со Наполи, но понудата
на Италијанците од 15 милиони евра не беше доволно.
Исто така се шпекулираше и за ПСЖ, меѓутоа набрзо пристигна
потврда од Париз дека не се заинтересирани во овој момент да го
доведат.


Немања Видиќ ќе биде новиот претседател на Српската фудбалска федеерација

epa05862605 Former Manchester United soccer player Nemanja Vidic speaks during the press conference at the International Champions Cup (ICC) presentation in New York, New York, USA, 21 March 2017. Barcelona soccer team (FC Barcelona) will play against the Real Madrid, Juventus and Manchester United during a friendship tournament that will take place in the USA during July 2017. EPA/ALBA VIGARAY

Немања Видиќ ќе влезе во трката за претседател на Фудбалскиот
сојуз на Србија.
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед изразил желба да
го преземе раководењето со срспкиот фудбал.
Еден од клучните моменти во одлуката на Видиќ била
вчерашната посета на претседателот на Александар Чеферин во
Белград.
Наводно, Чеферин имал позитивен став за најавеното
кандидирање на Видиќ за претседател на ФСС. Функцијата
претседател на српскиот фудбал во овој момент ја изавршува
Ненад Бејковиќ како привремено решение. Претходно како прв
кандидат медиумите во Србија го споменуваа Бранислав
Недимовиќ, меѓутоа сега веројатно Видиќ доаѓа во прв план.


Гатусо го сака Адеми во Валенсија

Шпанска „Марка“ пренесува дека македонскиот репрезентативец,
Аријан Адеми е на мета на Валенсија во потрагата на Гатузо по
квалитетен играч од средниот ред. Наводно, Гатузо разговарал со
сопственикот на Валенсија, Питер Лим и го известил дека во
јануари сака да доведе искуен играч за врска.
Адеми ги исполнувал сите критериуми кои ги поставил Гатузо, па
така се истакнал меѓу фаворитите за оваа позиција. Се додава
дека поради годините Адеми не би имал висока цена и платата не
би била проблем за шпанскиот гигант.


Алегри: Заслуживме ваков пораз, Наполи целосно го надигра мојот тим

FILE PHOTO: Soccer Football – Friendly – Arsenal v Juventus – Emirates Stadium, London, Britain – December 17, 2022 Juventus coach Massimiliano Allegri reacts Action Images via Reuters/John Sibley

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, не можеше да не ја
признае супериорноста на Наполи на синоќешното дерби од
Серија А. Неговите фудбалери загубија со 5-1 на стадионот
„Диего Армандо Марадона“ и веќе заостануваат 10 бода зад
лидерот и фаворит за титулата.
„Нашиот противник одигра одличен натпревар. Немавме енергија
да возвратиме. Во нашиот најдобар период од натпреварот
губевме со 2:0. Ова е фудбал. Вакви натпревари се случуваат
еднаш годишно. Треба што побрзо да се опоравиме бидејќи има
уште многу натпревари. Изгледаше дека можеме да постигнеме
гол во секој момент. Поразот е заслужен. Кога грешиш на вакви
дерби средби, тешко е да останеш неказнет“, призна Алегри.


Јуве тргнува во Матео Ковачиќ

Од таборот на Јувентус биле сериозно заинтересирани во
јануарскиот преоден рок да донесат фудбалер на Челзи.
Станува збор за фудбалерот од средниот ред на „сините“, Матео
Ковачиќ кој има искуство со играње во Серија А затоа што
претходно го носеше и дресот на Интер.
Тренерот на Челзи, Грем Потер сакал да го задржи Денис
Закарија во своите редови, по неколкуте одлични изданија на
играчот кој е под договор со Јувентус, а настапува во Лондон како
позајмен фудбалер.
Според медиумот, Челзи бил подготвен да го отстапи Ковачиќ на
Јувентус, доколку италијанскиот клуб во зделката го вклучи и
Денис Закарија, а притоа доплати уште 20 милиони евра, со што
би се достигнала откупната цена на хрватскиот репрезентативец.


Руи Коста донесе двајца млади скандинавски фудбалери во Бенфика

Португалска Бенфика е еден од европските клубови кои прави
голем профит со својата трансфер стратегија, користејќи го својот
тим скаути за подоцна да ги продава идните ѕвезди во
мултимилионски трансфери.
Лисабонскиот состав секоја сезона заработува сериозни пари од
продажбата на дел од своите најдобри играчи, а во иднина такво
нешто ќе очекува и од двајца талентирани скандинавски
фудбалери.

Бенфика реши да инвестира во данскиот фудбалер Каспер
Тенгштед, односно во талентираниот Норвежанец Андреас
Шелдеруп.
Тенгштед ќе му донесе 9,5 милиони евра на актуелниот клуб
Розенборг, додека за Шелдеруп ќе бидат платени 14 милиони
евра на дански Нордсјеланд.
Скандинавските таленти (18 и 22 години) потпишале договори до
2028 година.


Ван де Бек пак се повреди, нема да игра до крајот на сезоната

Манчестер Јунајтед веќе потврди преку менаџерот Ерик тен Хаг
дека Дони ван ден Бек нема да настапува до крајот на сезоната, а
причина е посериозна повреда на коленото која барала
оперативен зафат.
Холандскиот фудбалер нема да се врати на терените пред
почетокот на следната сезона, а дотогаш му следува долг процес
на рехабилитација.
Вечерва и самиот Ван де Бек преку социјалните мрежи испрати
порака до фановите.
„Навистина сум разочаран што сезоната е завршена за мене. По
успешната операција, време е да ја почнам рехабилитацијата и ќе
направам се за да се вратам посилен за овој клуб“, напиша
Холанѓанецот, кој не заборави да се заблагодари за многуте
пораки со поддршка.


Ренар демантира дека ќе ја преземе селекцијата на Белгија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија, Ерве Ренар, ги демантира шпекулациите дека ќе биде нов селектор на Белгија.

Репрезентацијата на Белгија остана без селектор откако Роберто Мартинез поднесе оставка после елиминацијата во групната фаза на Мундијалот во Катар. Тој во меѓувреме стана селектор на Португалија.

Фудбалскиот сојуз на Белгија неодамна објави оглас за избор на нов селектор, но се уште не е познато кој ќе го преземе водењето со селекцијата. 

Како еден од кандидатите кои се споменуваше за нов селектор е и Ренар кој ја демантираше веста дека е во игра за оваа функција. 54- годишниот Ренар во кариерата ги има водено Замбија, Ангола, Брегот на Слоновата коска и Мароко.


Голманот на Порто е прв пик за замена за Нојер

Голманот на Порто, Диого Коста би можел да се пресели во Бундеслигата.

Според новинарот Бруно Андраде, за играчот е заинтересиран Баерн, кој сака да се засили на голманската позиција во јануари, но е подготвен да почека и до лето доколку има потреба.

Договорот на португалскиот репрезентативец со неговиот клуб е со важност до 2027 година, а сумата за раскинување на соработката е 75 милиони евра. На СП 2022 во Катар, Диого беше прв голман на Португалија и играше на сите 5 натпревари.


Рома по секоја цена сака да го задржи Смолинг

Спортскиот директор на Рома, Тијаго Пинто изрази уверување дека
клубот ќе го продолжи договорот со дефанзивецот Крис Смолинг.
„Работиме на услови кои ќе одговараат на сите. Крис е важен за
клубот. Тој сака да продолжи да игра за нас, а ние сакаме тој да
остане“, изјави Пинто за „Фудбал Италија“.
Смолинг е во Рома од октомври 2020 година. Во сезоната 2022/23 тој
постигна три гола на 23 натпревари за тимот.
Договорот на 33-годишниот Англичанец со Римјаните е со важност до
крајот на јуни 2023 година.