feature

Федералниот суд ќе решава за иднината на Ѓоковиќ

Австралискиот судија Ентони Кели изјави дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да биде депортиран од Мелбурн додека не се заврши жалбата за укинување на визата и оти случајот сега е префрлен на Сојузниот суд на Австралија.

Како што прецизираше судијата на рочиштето, Ѓоковиќ вечерва во 22 часот по средноевропско време (сабота наутро по локално време) во Мелбурн ќе разговара со имиграциските власти, а дотогаш нема да биде во миграциски притвор.

По сослушувањето Ѓоковиќ ќе биде одведен во миграциски притвор, до новото сослушување кое е закажано за недела.

Неговиот адвокат Ник Вуд изјави дека е загрижен за безбедноста на светскиот тенисер број еден доколку биде објавено местото каде што ќе биде во притвор, како и медиумскиот циркус што може да се случи.

Конечната одлука ќе биде позната во недела, 24 часа пред почетокот на Гренд слем турнирот во Мелбурн.


Нов „удар“ за Пиоли: Томори се повреди и мора на операција

Милан оваа сезона навистина нема среќа со повредите, а синоќа се повреди и еден од најдобрите фудбалери на „росонерите“ оваа сезона Факијо Томори.

Томори предвреме го заврши мечот со Џенова, а денес лекарските прегледи покажаа дека има оштетување на менискусот на коленото.

Дефанзивецот уште денес ќе биде опериран, а се очекува потоа Милан да соопшти колку време ќе паузира. Ова е лоша вест за Милан, кој има голем проблем со повредени фудбалери, особено во одбраната.

Сезоната за Симон Кјаер е завршена, а Ромањоли е позитивен на Ковид, па се очекува Милан сигурно да интервенира на трансфер пазарот.


Карвахал позитивен на ковид-19, ќе го скокне финалето на Суперкупот

Реал Мадрид е во Саудиска Арабија и го очекува финалето од шпанскиот Суперкуп откако во полуфиналето ја победи Барселона.

После победата против Барселона во финалето „кралевите“ ќе играат против Атлетик Билбао. Во битката за трофејот Анчелоти нема да смета на Карвахал.

„Кралевите“ потврдија дека десниот бек е позитивен на ковид-19.

Карвахал нема да може веднаш да се врати во Шпанија и ќе треба да помине период на изолација во Саудиска Арабија, па потоа да се врати во Мадрид.


Манчестер Сити спремен за преговори со Барселона за Френки де Јонг

Фудбалскиот клуб Барселона е подготвен да ја разгледа можноста за продажба на Френки Де Јонг, а англискиот шампион Манчестер Сити е фаворит за неговиот потпис. Се верува дека тренерот Гвардиола е голем фан на холандскиот играч за врска и неодамна изрази желба тој да биде доведен во Манчестер, но тогаш претседателот на „каталонците“ Жоан Лапорта ја одбил таквата можност.

Холандскиот интернационалец де Јонг ја игра својата трета сезона на „Камп Ноу“ но сега тој се соочува со поголема конкуренција во тимот и со неизвесна иднина.

Еден од главните проблеми за кој му се замерува е дека не покажува јаки игри на големи натпревари како што беше случајот и против Реал Мадрид во Суперкупот на Шпанија кога по првото полувреме беше заменет од Педри. 

24-годишниот Холанѓанец се сметаше за незаменлив играч во тимот на Барса но по доаѓањето на тренерот Чави неговата судбина во клубот станува неизвесна.


Велшанецот е „Златна канта“ за 2021 година во Серија А

Арон Рамзи е добитник на наградата „Златна канта“ во Серија А.

Оваа награда во Италија се доделува секоја година на фудбалерите кои најмногу разочарале во најсилната италијанска конкуренција. Рамзи победи со 2686 гласа, а зад него се најде фудбалерот на Лацио Ведад Муричи.

Сезонава Рамзи за Јувентус одигра само 112 минути и може да се каже дека ја заслжи. Во Јувентус Рамзи е од 2019 година кога пристигна од Арсенал и од тогаш одигра 70 натпревари, постигна шест гола и подели шест асистенции.


Фелаини пред враќање во Премиер лигата

Маруан Фелаини е многу блиску до враќање во Премиер лигата, бидејќи интерес за него покажува Њукасл. 34-годишниот Фелаини моментално настапува во кинеското првенство во дресот на Шандонг Луненг, но е спремен да се врати во Европа.

Њукасл, кој е во потрага по засилувања во борбата за опстанок, сака да го врати Фелаини во Премиер лигата.

Фелаини има договор со кинескиот клуб до 2025 година, но Њукасл нема да жали пари и ќе му ги понуди истите финансиски услови.

Англиските медиуми пренесуваат дека Фелаини веќе ја прифатил понудата на Њукасл, па останува уште двата клуба да се договорат.


Иско ќе го предаде Реал и ќе премине во конкурентната Барселона

Плејмејкерот на Реал Мадрид, Иско има договор со Барселона, пренесува новинарот на „Ел Чирингито“, Едуардо Инда.

29-годишниот Иско има договор со Реал Мадрид до крајот на сезоната, но е на маргините и сигурно ќе си замине на лето како слободен агент.

Едуардо Инда, тврди дека Иско ги договорил финансиските детали со Барселона и на лето како слободен агент ќе се пресели на „Камп Ноу“.

Барселона го сакаше Иско и во 2013 година, но тогаш Шпанецот реши да се пресели во Реал, каде освои 4 титули во Лигата на шампиони и две во Примера.


Париз Сен Жермен ја следи ситуацијата со Рашфорд

Од францускиот вицешампион Пари Сен Жермен будно ја следат ситуацијата со напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд. 

Лондонскиот весник Тајмс пренесува дека тренерот на ПСЖ Маурисио Почетино веќе подолго време е љубител на стилот на игра кој го има англискиот репрезентативец, па дури и имал разговори со спортскиот директор Леонардо околу можноста за негов трансфер во тимот од Париз.

Според весникот, Рашфорд на „Паркот на принцовите“ би пристигнал како замена за Килијан Мбапе, кој се очекува ова лето да се пресели во Реал Мадрид како слободен играч.


Адис Јаховиќ заминува од Гезтепе

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Адис Јаховиќ, се очекува овој месец да го напушти неговиот сегашен клуб Гезтепе, откако двете страни се договориле за спогодбен раскин на договорот.

За Јаховиќ интерес изразиле неколку прволигашки екипи од Турција, а како фаворити за негов ангажман се истакнува Бурсаспор.


Арсенал го посакува Тилеманс од Лестер

Медиумите во Англија пренесуваат дека Арсенал е заинтересиран за играчот на Лестер Сити, Јури Тилеманс.

Доколку изборат пласман во Лигата на шампионите, тимот од Лондон се надева дека ќе може да го привлече во своите редови репрезентативецот на Белгија кој веќе најави дека нема намера да го продолжува договорот со Лестер и е можно да си замине ова лето.

Тилеманс е еден од најдобрите играчи од средината на теренот кои настапуваат во Премиер лигата, и оваа сезона во дресот на „лисиците“ постигна 5 гола на14 натпревари.